Кога е ладно носам Пенти црни без дизајн хулахопки. Како хеланки се многу топлат, а и по секое перење како нови се .
Јас сум си дудук за хулахопки. Од Penti понатака ништо не купувам, а и од таму само неколку модели и тие па тие. Најчесто најобични, клот, црни или неутрални (месо боја). Кога сакам малку поразлично носам ситно мрежести ама не класично мрежести туку затворена мрежа, еве вакви: http://www.penti.com/tul-kulotlu-corap.html Ама тоа во пролет и есен, летно време не носам хулахопки туку доколенки за со панталони и лесни, ниски чевли. Во зима мноооогу ретко, ептен некаде на прослава ако одам, од кола директно во затворена просторија, инаку за во град не. Некако ми се тенкички 15-20 дениери па не ми се облакаат ако знам дека ќе се движам до овде до онде по тоа ладното. Сакам да купам подебели за овој период, нешто од 40-50 дениери па нагоре, сакам ногата ептен малку да се гледа, скоро непроѕирни да бидат, без дезен и да се мат или со многу малку сјај. Читав по форумот, микрофибер дека бил добар материјал па се мислам дали на Penti "Mikro 80" се такви. А што е со памучните, имаат и памучни, не се нешто скапи? Поточно и не е важно дали се поскапи ретко ги купувам ќе си дозволам докај 500 - 600 денари, само сакам да купам нешто што вреди, кога веќе давам пари. Ако може да дадете некое искуство за зимките хулахопки ќе бидам благодарна. Нешто во смисол што се носи оваа сезона, од кој бренд, кој модел го имате, дали сте задоволни, колку чинат и сл.