Јас зимно време ги носам, и ги обожавам дебелите, ем топлат,ем различни шари,бои.Обично од Сара Фешн и Пенти сум купувала.Да,ќе ги платиш 200,250 денари,ама траат, не од пазар ќе ги купиш 100, и за еден ден ќе ти се скинат,па и по 70. Имам вакви слични ко девојкава што ги носи:
Влегувам пред некој ден во една од продавниците каде се продаваат поскапи хулахопки и онака без абер да имам што нудат барам помош и обајснувам што сакам „да е шик, младешко, ама сепак елегантно, ми треба, помеѓу другото и за одење на работно место од редот на финансиска инсистуција, администрација или слично, нешто што ќе можам да го носам на сукња со бизнис изглед...“ и од нигде никаде ете ти ја продавачката ми вика „а ти да си земеш чорапи, самостоечки, силиконски. Па ти си млада, ќе ти личи вакво нешто, па ќе можеш и навечер да си излезеш...“ и почна да ми вади што се имаат. Се обидов тука малку одоколу „ ама сепак не, мене ми е за на работа, малку по дискретно..“ а таа упорна вади уште модели. Луѓе полно во дуќанот, се усрамив ептен , многу некако незгодно ми падна, се заблагодарив, реков ај прво сукњата да ја купам па ќе одбереме нешто заедно. Па нели фемки не би било прикладно така да одиме на работа. Што знам може некоја и нема да се сложи ама за мене ваквите чорапи, или подвезици како што ги викаат некои, не се замена за хулахопки, некако ми се само за во спалната соба, ајдееееее некако некоја прилика ептен посебна, на пример роденден на дечкото, па да го изненадиме, па така да се излезе надвор, ама со многу пазење да не се гледа чипката. Бај д уеј, сеуште собирам храброст за такво излегување во јавност. Се подзамислив, дали сум јас заостаната, дали треба да ги поместам границите? До сега сметав дека не би смеело да си дозволиме да се гледа чипката во јавност, а ако е така тогаш зошто да шетаме по град нешто што несакаме да се види? За во спалната соба да, признавам, женствено е до крајни граници, дава секси изглед, делува стимулативно, треба повремено да го зачинуваме половиот живот со вакви додатоци.
Да споделам со вас едно искуство кое се надевам ќе ви биде од некаква корист. Декемвриот си купив два пара хулахопки од Пенти, дебели, како плетени така. Откако ги купив, се шетав низ Бит Пазар, и ги гледам истиве хулахопки на една тезга. И нормално, јас нема да бидам јас ако не прашам за цена, ме копка ептен! Си останав ваква зашто ми кажа цена за 50 денари повисока од онаа што јас ја платив за хулахопките. Затоа внимавајте, проверувајте ги цените во продавница, не се залетувајте дека на пазар се поевтини. *********************************************************************************
Не можам да ги поднесам...ми пречат...Навистина глупаво се чувствувам кога (морам да) ги носам! Но, кога ( мора да) ги носам, најчесто носам обични еднобојни...
најубави се оние од пенти шо се месо моја премногу затегаат нависитина се прекрасни околу 300 и неколкуи денари се ама незаменливи многу ја стегаат кожата и прави да изгледате послаби
Девојки да ве прашам во Пенти има ваков вид на хулахопки, до пола прозирни а пола потемни.. не знам како да побарам како да им објаснам, да не знае некој каде поточно има вакви.. ваљда во пенти треба да има?
најчесто носам еднобојни... ги користам оние од Пенти во лименка..може да се случи да земам и од оние во ќеса... користам уште од 2 фирми.. - Клара и Бразил ретко Прима Вера и Л..
Девојки сакам да ве прашам дали има во пенти или негде на друго место хулахопки од оние што го затегаат стомакот и бутовите. Ми требаат за свадба невестулка ќе бида на почеток на октомври свадбата ни е, па сега барам хулахопки. Па ако знаете од прилика каде има такви и цената колку е ќе ви бидам благодарна. Поздрав !