јас имав вакви (си ги скинав за жал) ама моите црни со светки беа..тетками ми ги донесе така да мора некаде да ги има во мк... еве јас незнам ама неможам да признаам хулахопки во боја шо има една професорка кај нас секој ден ги мења боите на хулахопките еднаш жолти еднаш црвени..зелени..сини ама баш секакви ..еве јас неможам и неможам..носам само месо боја или со црна линија отпозади...
јас каде и да одам без ХУЛАХОПКИ не одам ги сакам многу , ги носам во секое год. време .. најчесто од " Sanda" & "Penti" бр. 2 и без светки..и без сјај..онака баш како ногата.. може и дизајнирани со некое цветче
http://www.aliexpress.com/item/2014-New ... 37587.html US $4.72 + Shipping: US $1.64 to Macedonia via China Post Air Mail (290 денари сосе поштарина)
Ме интересира каде можам да најдам вакви како на Бијонсе мрежести ама ситна мрежа, ми се чини и дека ја затегнуваат ногата многу ми се допаѓаат како стојат
И мене ми се самостоечките чорапи само "за по дома" . летно време не ти требаат, зимно - со нив е ладно, практично си гола. Значи само наменски. Инаку хулахопки во боја, еднобојни итн многу поевтини од Сара и Санда, Пенти најдов случајно во една мала продавничка на ул. Даме Груев веднаш до Космо. Дуќанчето се вика For Lady. Македонски производ, и се од 60ден па, нагоре. Баш денес ја прашав девојкава каде имаат друга продавница, ми рече во Ченто и во Куманово.
Јас купувам хулахопки месо боја. Најчесто Penti или Annabella. Ги носам само за посебни пригоди. Ама имам една маана. Обавезно ги кинам после прво или второ носење. Едно време купував од оние што се 100-120 денари, без прсти. Бидејќи многу ми се кинеа, почнав да купувам од оние што се 35 денари. Таквите и да ми се скинат, ќе ги прежалам парите.
Zdravo devojki Vi preporachuvam da gi vidite hulahopkite na ovaa strana. Ima mnogu dobri modeli i dostava do doma. https://www.facebook.com/3s.fashionstore?ref=hl
Најчесто користам месо боја мат од пенти или некои црни подебели исто од таму. Не сакам многу шарени, сјајни, со светки и сешто. Исто и тие во боја што се, некако детски ми делуваат.
Уф, леле. Нема шанси нас да носам хулахопки. Можеби има повеќе од една година како не сум облекла хулахопка. Не ми даваат чувство на угодност. Уф, никако. Е, сега за полуматура ќе морам да носам, па и после, во средно.. Иуу.. Кои ви се нај, најзгодни за носење? И, помало бројче да земам, или поголемо? Јас сум измеѓу, па се мислам бааги за ова.
Интересно. На јахта со хулахопки. Ја ги обожавам и незнам колку пара имам, ама на јахта со купачи, не ми е многу логична рекламава
http://designyoutrust.com/wp-content/uploads/2012/05/tumblr_m3q958CIyQ1rse1ipo1_500.jpg http://24.media.tumblr.com/tumblr_mc7u5n8RBn1qa23bvo1_500.jpg http://cdn.buzznet.com/assets/users...-best-tights-fall--large-msg-134980535324.jpg Кај може да се најде нешто слично?
Тешко дека ќе најдеш вакви тука, освен ако не порачаш од интернет, таму сигурно има. А некоја од феминките ако видела вакви на друго место, се извинувам.