Koj fan sum za halahopki,corapi,dolna obleka,pizami... cela plata luge davam...mi nema spas.. ama me pravat srekna..pa sto...
Не сум голем фан. Носам кога мора. А сега за зимно време имам едни црни дебели, ама стварно дебели хулахопки кои многу топлат. Одамна ги имам земено, ама не памтам од каде. И сеа сакам да си земам уште едни, ама не можам да ги најдам. Нешто слично на хеланка, мислам по дебелината Прашував во Санда, немаа од тоа што го сакам. Ми се иде некој ден со хупахопките во рака и од продавница во продавница Има некој претстава што барам? И каде ги има??
дали би носеле вакви хулахопки? планирам да си купам тие првите ми се допаднаа ама незнам да не изгледа глупаво? и со што би можела да ги комбинирам?
Јас имам исти вакви и црни и месо боја, ги купив од буњаковец трговскиот, од страната што гледа накај партизанска некаде во близина на стопанска банка, продавницат ми се чини се викаше сандра (од санда, или пак нешто сара беше, не сум сигурна) ќе видиш само хулахопки продаваат и имаат навистина преголем избор..околу 100 денари беа
Мразам свилени хулахопки. Не знам зошто воопшто ги продаваат, кога ниту ја прават ногата елегантна, ниту пак се убави на изглед. Премногу блескаат, на слики се ужасни, а за преку ден исто така. Од километар е познава дека носиш хулахопка. Јас имам слаби нозе, па кога моите во такви хулахопки изгледаат како спакувана салама во црево, тогаш што повеќе да зборувам за другите. Најгрди ми се, ги избегнувам. Инаку обожавам хулахопки - тенки најобични бисер, дезенирани, дебели плетени со или без дезен, секогаш носам хулахопки. Единствено во лето некогаш правам исклучок, меѓутоа освен сандали кои ги носам на боса нога, за сите други обувки си носам хулахопки. Грдо ми е да носам обувка на боса нога, а и си ги сакам хулахопките, не би се откажала од нив никогаш.
Абе луѓе си зедов хулахопки,црни баш какви што сакав. Ама има еден проблем.Хулахопкиве се еден број помали од бројот кој го носам. Има некакво решение што би направило да ми бидат точни или? :/
Не носам хулахопки. Само во ептен ретки и посебни прилики. Досега носев само на полуматура и на матура. И еднаш на свадба.
Ве молам за помош! Ми требаат хулахопки месо боја, да не се сјајни ама и да не се оние какви што носат постарите тетки (мислам дека се перлон). Ве молам ако знаете марка и цена. Единствено најдов на Помпеа, ама малку се скапички со оглед на тоа што тенките често се кинат.