Што е со новава мода на носење мрежасти хулахопки на скинати фармерки и дигнати над пупак да се гледаат? Си има и некое име тоа или онака е само?
Си сакам и си носам хулахопки. Зимно време сакам да носам подебели еднобојни или пак може и дезенирани. За свечени пригоди и излегувања носам безбојни или пак црни хулахопки 15-17 ден. Има едни Марта, околу 100 денари се, има и со сјај и без. За парите се сосема во ред. Ја стегаат ногата одлично и не се кинат многу. Мене лично ми се подобри од тие на Пенти. Нормално дека има многу подобри брендови кои нудат хулахопки чиј квалитет е врвен но сепак се помалку достапни за многумина така да овие ги препорачувам како поефтина опција.
Каде има вака ефтини хулахопки? Јас сум малце несмасна и после второ облекување ги кинам, а не ми се даваат цело време за Пенти.
Јас ги купувам во трговскиот Буњаковец, мислам дека Сара фешн е продавницата, кон страната на партизанска е, некаде на средината на трговскиот. Ваква е паковката но мислам дека 17dtex се и на нога изгледаат баш како оваа на сликава.
Од каде купувате квалитетни мат хулахопки ? Последно од пенти си зедов и многу брзо ми се скинаја . До 100 денари препорачајте ми некои квалитетни .
Хулахопки обожавам, имам во сите бои и разноразни дезени. Елегантни, ненападни, секси но не вулгарни, црни или месо боја - тие се мој избор пред се. Штета што ретко носам сукњи па така и хулахопки. Зар има поубаво од нога во хулахопка
Кога ќе видам со дезени, па мрежести..ок, може вклопено со некоја комбинација се супер (ама вака неам сретнато некоја добро да ги комбинира). Мене лично не ми прават мерак, ако веќе треба да носам избирам строго мат, кожа боја.
Носам од што морам, ми се допаѓаат црни со дезени ама мрежести никако не сакам, ми се премногу вулгарни.
Препорачајте ми некои провидни хулахопки кои убаво ја стегаат ногата но да бидат без сјај. Ги кинам за едно-две облекување, па по можност поевтини нека бидат.