15% ПОПУСТ на сите НАМАЛЕНИ производи, BASIC производи и хулахопки во Bonatti GODI retail park Од 26.09 - 29.09.2024..
Па во споредба со другите продавници се релативно евтини. Марта хулахопките ги имам користено и сум задоволна за таа цена. 1-2 недели ми издржуваат
Предлог хулахопки мат во боја на кожа или многу ситна мрежа? Од Сара фешн воопшто не сум задоволна, само што ќе ги допрам до нешто се расипуваат. Само да не бидат поскапи од 500-600 ден.
Девојки јас секогаш купувам од тие простите хулахопки во Кам или во Стокомак, ем се 45 денари а убави, мат, ми траат. Искрено не можам да разберам давање пари за хулахопки по 300 400 денари, кога можат да се скинат само што ќе го облечеш.
И јас не сум задоволна од хулахопките од сара фешн, почесто купувам сега во бонати, таму ги има фиоре и не се скапи 150 ден се. Од кои хулахопки во стокомак? Еднаш земав ама ми се исцепаа веднаш после првото носење
Јас имам земено хулахопки од Калцедонија ми траат веќе 3та година. Имам земено од Тезенис исто така траат. Се зависи до тоа како ги чуваш и облекуваш. Имам земено од Кипер ми се скинале додека да стигнам дома.. такада најверојатно има зошто едните се 400 другите се 45 денари
И јас сум иста. Секогаш кинам хулахопки. Еднаш дадов 300 денари. Се скинаа И пак продолжив да купувам од најевтините.
Апсолутно. Не памтам кога последно ми се скинале хулахопки. Не памтам ни што брендови биле, ама гледаш боја, соодветна денажа и големина, и тоа е тоа. Доколенки не можам да најдам квалитетни, тие се облечи 3 пати-искини, ама поскапите хулахопки си вредат за парите.
Нормално дека има разлика во квалитетот. Во Лиска се поскапи малку ама еве ги носам секој ден со месеци и не се кинат. Ама и цената не е секогаш пресудна за квалитетот. Имам нарачувано CdR онлајн и после 3то носење ми се искинаа а ги платив $15 еден пар хулахопки.
Последно купив хулахопки во Атлантик комерц, изненадена бев што воопшто има таму хулахопки, ама не се воопшто скапи по 150 ден се и тоа за два пара имаш еден пар гратис. За 300 ден 3 пара хулахопки. Дезенирани, убави и тоа мн поубави од Сара фешн
Како ги перете хулахопките? Јас не ги кинам од носење/облекување/соблекување, ама затоа после перење во канта одат обавезно.
Јас ретко носам, ептен кога се мора, нерва ме фаќа од нив, ама ги ставам за перење во оние мрежестите за градници перење, со цел да не ми се тегнат ко шпагети низ алишта после
Јас на рака ги перам. Ретко носам хулахопки. Само за прослави. Последен пат кога бев на прослава заборавив да облечам. Може и без нив
Периодов интернетов ми е бомбардиран од вакви обложени дебели хулахопки Дали некоја има купено да сподели искуство и препораки каде да набавам?
има во дм пластични како кеси/торби што се користат за перење чорапи(ги ставаш внатре да не ти се изгубат али функционира и за хулахопки).