Не трпам на себе хулахопки. Никакви. Ептен ако е за некој посебна прилика па така да се излажам. Последен пут ги носев на матура.
И јас не ги трпам, ама ако носам фустанче морам да ги облечам. Нозете ми се светли и без хулахопки не бива. Не изгледам убаво.
Јас најчесто ги носам за да не ми се тријат нозете. Пример за матура имав фустан тесен до глуждови, а хулахопките не ми се ни приметуваа. Носам и кога ептен одговараат со фустанот или суќничката тој ден. Инаку и јас сум бела ко сиренце. Али не ми смета ич. Бел тен имам и си го сакам многу
Јас по навика носев и под пантолони. И некако незгодно ми беше салонките да ги носам без нив. Ама последниот пат не облеков и пак удобно ми беше. Имам и сокни и доколенки.
Мене хулахопки под панталони ми се траума од детство. Ко ќе ми текне уште се осеќам како беше кога ќе ми натнеа едни, да не настинам случајно
И јас имам трауми од тоа Кога и да беше ладно јас морав да ги носам. Имам и од оние дебелите хулахопки. Тие ги носам кога облекувам туника. Ама само на вакво време.
@SummerGirl @Puellapulchra Затоа јас ги носам и за вас Јас сум скоро секогаш во хулахопки, на работа, дома, излегување итн.. Најчесто ги носам со фустани и сукњи, ама и испод фармерки, панталони, тренерки.
Имаше период кога скоро секогаш ги носев, ама ми станаа неудобни. Имам еден пар со пуш ап ефект. Само тие не ги скинав Тие без стапало се добри. Како хеланки да носам.
Е за кинење, лесно се кинат.. јбг Јас не ги сакам тие без стапало, баш ми се допаѓа стапалото кај хулахопките, не мора секогаш да носам плус чорапи со патики
Од кога ќе залади па се до пролет не излегувам без нив,и дома ги носам,дали дебели или потенки битно ги имам на мене бидејќи на мене се ми е ладно .
Тие што ги имам се на Пенти (колку што памтам). А пуш ап има ефект. И ме стегаа на стомакот. Нешто како мидер хулахопки.
девојки голем број хулахопки каде да најдам? имам порачка за странство а незнам каде да најдам ми треба за некои 120 кила
Имаат во Сара Фешн голема серија до 6ка, мајка ми купува на 20, 40 и 200 денски само во кожа боја и црни