Предлог хеланки што е малце поиздржливи? Буквално по два пати ги носам и се кинат штом се допрат за маса или додека ги облекувам.
Хеланки или хулахопки? Ако се однесува на хулахопки, јас сум презадоволна од хулахопките што ги има во ДМ маркет - Stella Jones. Препрепредобри! Не се воопшто скапи, а ми се покажаа квалитетни.
Хулахопки мислев, не сум се отрезнила ги гледав тие, ама беа распродадени месо бојата. Ќе побарам пак, фала ти!
Ќе те тагнам во темава ако загледам залихи од месо боја хулахопките. Мене ми се откритие од лани. И црните ми се свиѓаат многу.