Penti се најубави и најквалитетни дефинитивно! Од боите сите ми се убави и од шарите повеќето. Никогаш не би облекла искинати хулахопки! Овие многу ми се допаѓаат!
Нова сум на форумов, здраво на сите, па еве првиот мој пост си реков да биде токму на оваа тема бидејќи јас сум баш луда по хулахопки... Чудно ми е што на повеќе девојки овде на темава омилени им се Penti. Несакам никого да навредам или пак да омаловажувам некоја фирма... ама Penti, не само што не се најдобри, туку јас би рекла дека се меѓу најлошите. Работава е по се изгледа - тоа го има кај нас на пазар, па од тоа што има, ајде тие се најдобри. Ама има и Wolford во ГТЦ, па се чудам како не се тие спомнати, а тие се наоѓаат на самиот врв на квалитетни хулахопки. Во ред, изгор скапи се, ама која ги носела знае колку е голема разликата од вообичаен нискоквалитетен бренд како Penti или Polzela. Која не носела Wolford или бренд рамен на него, топло препорачувам да проба. Уште при моментот на навлекување уште на прстињата ќе сватите за што зборам. Материјалот, плетката, контактот со кожата на нозете, чувството додека одите, ќе ви бидат нешто сосема ново верувајте. Ако се одлучите да ги пробате Wolford Neon 40 (40 денажни) јас мислам дека се топ, а можеби и најтоп од нивната понуда. Алтернативи кои не се толку скапи (четири пати поефтини), а се приближуваат до Wolford се Kunert. Kunert порано ги имаше во Скопје, ама изгледа тие што ги увезуваа незнаеја доволно добро да ги пласираат и веќе ги нема (ги продаваа во една продавница во близина на Мавровка и на ниедно друго место). Јас Kunert нарачувам преку интернет. Уствари, сите хулахопки ги нарачувам преку интернет, испораката е брза и многу ефтина, освен ако не одберете испорака со DHL или Royal Mail. Ако ве интересира кои хулахопки се најдобри, тогаш без двоумење ќе ви кажам Fogal, ама тие се навистина прескапи. На пример меѓу најскапите им се Fogal Goldenline со кристали од Swarovski се околу 120 евра, Fogal Kaschmir со вистиниски кашмир и природна свила се околу 300 евра. Но тоа е надвор од сите нормални граници... И на крај би резимирала со Gerbe - кои се број 1 за мене, идеален баланс на цена и квалитет. Но за жал, исто само преку интернет... ама нема да зажалите. Многу дрдорам... па затоа ќе престанам иначе за хулахопки можам да зборам бесконечно Еве една слика - од Fogal Goldenline со кристали од Swarovski
Искрено побитен ми е дезенот, затоа што хулахопки ко хулахопки малце фали да се скинат, затоа не би џитнала незнам колку пари за едни хулахопки. Обичните во боја се одколу 150 денари што е прифатливо, овие дезенираните со чипка по 300 денари, тоа е например прифатливо со оглед на тоа што ќе ги облечам 5-6 пати во сезона без да ги скинам, а ова сваровски кристали и хулахопки по 150 евра молааам? Никад не би купила.
Се согласувам со мимс. Не би дала многу пари захулахопки затоа што се нешто што лесно се кине. Инаку кога сме кај квалитет, мене Санда ми се доста квалитетни. Оние најтенките хулахопки најиздржливи ми се на Санда
Леле луѓе денес ме фатија хулахопкоманија Отидов по купачи во Калзедонија ама при бидејќи немаше , решив хулахопки да си купам ама овие дека нели попуст имаат па све некои грдосии избациле И така отидов во Пенти и си купив 3 пара ама на уште еден им го фрлив меракот Иначе во Акцерорајз има интересни понекогаш да си знаете Е сега сакав да ве прашам дали сте виделе негде цели чипкани,ама апла цели? Ја имам видено еднаш одамна во Калзедонија ама ги немаше сега Вака нешто барам
Мисс, пошто си од Аеродром, мое чедо, оди кај Тобако 2. Таму има Пенти, и одма позади Пенти има Санда. Јас кога купував таму , баш видов цели чипкани!! А и продавачката е срце, ќе ти помогне!
Ова е јако ОРИГИНАЛ Пенти А постои неоригинал на 200 денари хулахопка? Пенти е турска фирма која Сара фешн ја увезува, а воедно ја има и на пазари и други продавници. Едно исто е. Ама јас си ги обожавам, прихладни за мојот џеб се, убави дезени, голем избор. Gerberce го спомна Волфдор. Аххх ја 2000-3000 за хулахопка не да не давам. Знам еднаш влегов од радозналост, кога видов цени пред онесвестување бев. Па и не дај боже да ги скинам, аааууу ќе плачам 1 месец Вака купи пенти и скини ги сеедно ќе си купиш нови може да си го дозволиш и да си дозволиш кинење на истите. Иначе Мис Независна преубави се чипканите хулахопки Ако најдеш извести ме од кај и цена. Многу се секси!
хулахопките гледам да бидат поедноставни дури и да се дизајнирани , за да можам да правам разни комбинации со облеката .. како белите имам исти (пенти) и си ги пазам : како овие на сликава видов со иста шарка само повеќе виолетово имаше во теранова ..но не сум нешто инспирирана последниве 2 најмногу ми се допаѓаат
Некогаш, во минатото, жените биле многу ограничени во однос на тоа што можат да го носат на себе. Но, денес времињата се сменија. Затоа, погледнете ја оваа серија на откачени дизајнирани хулахопки, кои верувам ќе го привлечат вниманието на секоја девојка. превземено од iLike.mk
Девојки, гледам темава е доста активна па да не отварам нова, иначе ја сум нова феминка па сакам сите тука да ве прашам дали некоја од вас знае каде има да се купат кај нас хулахопки со прсти и пета? Вакви на пример како на сликава ве молам кажете ми навистина ми требаат.
^ прв пат гледам и слушам за вакви хулахопки со пета. Незнам каде и дали има, но во случај да не најдеш ( а ако ептен ти требаат) има една продавница за хулахопки Фор лејди мислам дека се викаше, се наоѓа до Космо Тинекс (кај беко), и таму прават хулахопки по нарачка, па можеби ќе можат да ти помогнат