ПОМОШ ЗА СРБИЈА Утре на плоштад Македонија во 12 часот, ќе има акција за собирање на млеко во прав, пелени, облека, вода, ќебиња .... се оноа што мислите дека на соседите од Србија ќе им е од помош. Бидете хумани, и воедно споделете го овој пост на вашиот ФБ профил, за што повеќе луѓе да бидат инфомирани за утрешната хуманитарна акција.
Донираме средства за оние на кои им се потребни Да ги оставиме на страна глупостите на феминката за пари за да се двои од свекрвата (уствари ако веќе играме така ај некој нека ми плати некоја рата од кредитов, и јас го земав за мирен живот башка од свекрвата) Шала на страна туку кажете ми доколку имате информација дали некаде се собираат средства и продукти за настраданите од поплавите во Србија и Босна. И како и кој организира. Каде можам да донирам.
Донираме средства за оние на кои им се потребни Ирена еве што најдов јас http://donate.org.mk/index.php/mk/donat ... 7-06-15-31 http://www.donacii.mk/humanitarni-nasta ... za-srbija/ Еве и ова Vo nedela vo 12 saat ke ima sobirna akcija na plostad vo skopje za pomos na naselenieto vo srbija pa koj e vo moznost moze da donira obleka postelnina hrana sto i da mozete и страна на фб https://www.facebook.com/pages/Хуманитарна-акција-за-помош-на-настраданите-од-поплавите-во-Србија/786790871332523
Донираме средства за оние на кои им се потребни Јас мислам дека ова заслужува посебна тема и повеќе внимание
Хуманитарна помош за Србија Со повик на број 143 400 од сите македонски моб. оператори, донирате 100 ден. за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.
Хуманитарна помош за Србија Освен тоа,утре во Скопје ќе бидат достапни неколку места за донации. Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква Плоштад Македонија – 12 часот Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката) Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови) Битола – 12 часот, плоштад Магнолија Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ Исто така,мислам дека има штандови и во Штип,ама не знам кога,кого го интересира,кажете,ќе побарам по детално Да помогнеме колку можеме,сите заедно сме посилни!
Хуманитарна помош за Србија За од ВИП, донирате преку 077 или 078? Затоа што на различни места, различен префикс најдов На сликата кај Савана е со 078, а на оваа со 077
Хуманитарна помош за Србија ^^ Не ти треба префикс, врти само 143 400 без разлика на кој оператор и да си.
Хуманитарна помош за Србија Страните на фб за хуманитарната акција https://www.facebook.com/groups/6986723 ... 4/?fref=nf https://www.facebook.com/pages/%D0%A5%D ... 0871332523
Хуманитарна помош за Србија Не знаев во која тема да го поставам и овој апел за помош,мислам дека тука му е вистинско место. Секој живот е важен,дали на човек или животно. Сите љубители на животни утре на плоштадот Македонија во 12 часот можат да донесат сува храна, конзерви, поводници и кебиња за да се спасат што повеќе животни од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Настанот го организира Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ).
Хуманитарна помош за Србија Знае ли некој што точно е приоритетно утре да се однесе? Различни работи секаде прочитав.
Хуманитарна помош за Србија Црвениот крст на Македонија информира дека парична помош може да се уплати на Жиро сметка – Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. Отворени се и посебни телефонски линии 075/070/077 143 400 на кои граѓаните со секој повик можат да донираат по 100 денари. Собирен пункт, пак, за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток, на адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на Црвениот крст надвор од Скопје. Црвениот крст ги повикува компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население. Хуманитарната акција започнува од денеска и ќе трае до 31 мај. За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
Хуманитарна помош за Србија http://fokus.mk/kade-mozhete-da-donirat ... poplavite/ еве ги пунктојте каде што ќе се донира...
Хуманитарна помош за Србија Во еден српски медиум пишуваше дека највеке им се потребни средства за хигиена, алати за помош... Но секако се е добредојдено. Барем секој по нешто нека донира, тоа што може и колку што може, важно е да помогнеме на некој начин !
Хуманитарна помош за Србија Јас имам некои работи што ми стојат дома така. Ќе ги спакувам се, и додатно ќе купам влажни марамици. Сакав да прашам во кутија да се спакуваат или?