Хуманитарна помош за Србија Одиме утре со моите да донираме,фала за извстувањето! Треба да се смени насловот,треба да е „Хуманитарна помош за Србија и БиХ“.Бидејќи од Босна 2/3 е поплавено! Заразлика од Србија,каде е помалку!
Хуманитарна помош за Србија На мене ми е криво, и ме боли. Во некои од поплавените градови сум била, сум седела по еден месец во лето. Во други живеат мои роднини и пријатели. Цел ден сум тмурна и повремено само солзи ми навираат. Мала помош околу донирањето
Ми се насолзија очите кога ја видов сликата. Браво за сите нас! http://www.cafe.ba/vijesti/145106_KRECE ... i-BiH.html
Смрдловци Ќе им дадат кредити после, зошто да им помогнат ко можат да ги вовлечат во долгови http://www.kalimero.mk/%D0%B5%D0%B2%D1% ... B5-%D0%BD/
Се гордеам со мојата држава Македонија,македонскиот народ покажа дека има ГОЛЕМО Срце,посебно сум горда со моите Прилепчани http://10bez10.com/vesti/opshtina/2532- ... bija-i-bih
Владата се откажува од ДДВ на донациите за помош на Србија и БиХ http://mrt.com.mk/node/9383 Првично не очекував дека ке се откажат знаејки ја нивната лакомост ама од друга страна не ме изненади потегов со оглед на тоа дека во спротивно ке беа премногу хејтани.Мораат да операт образ некако али во секој случај за арно нека е,не е во ред да собираат пари при ваква несрека. Се радувам за ова и се надевам тие пари ке си најдат надобра можна примена за помош на настраданите.
Донирав облека и постелнина денес во пунктот во мојот град. Една цела сала преполна беше со кутии, ќесиња, вреќи. Многу многу се израдував кога видов дека се уште има хуманост и луѓе што сакаат да помогнат.
На една страна го прочитав ова, велат дека облека не е толку потребна, најпотребно е: * ВОДА * ЌЕБИЊА * ДОЛНА ОБЛЕКА И ЧОРАПИ * ХРАНА ЗА БЕБИЊА * КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА * ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА * ПЕЛЕНИ * ЛЕКОВИ ( антибиотици, сирупи за деца исл.)
Во овие моменти кога му пружиме помош на нашите соседи е нешто што најмногу ме радува и ме прави горда што сум дел од МАКЕДОНИЈА! Ќе донираме колку што е потребно и фала богу,кој колку може.
И во мојот град „Црвен Крст“ организира помош за Србија, јас веќе се јавив на бројот 143 400 и донирав, школото мое организира, утре сите ќе донираме пари, и колку толку да и помогнеме на Србија
Се извинувам за што пишам пак мислење,ама ако не го објавев тука ова, ќе пукнам. Се расплакав кога го видов ова луѓе,алал да ни е!
Ајде се ќе биде добρо, господ е со сите нив а и ние κаκо добρи, бρатсκи соседи сме со нив во оваа тρагедија, ја поκажуваме нашата хуманост јас веќе дониρав, се надевам и вие. Да му помогнеме на оној κому му е потρебна помош бидејκи тоа е човечκи утρе недај боже можно е да дојде ден κога и на нас ќе ни биде неопходна помош... Маκедонија е со вас, имате голема подρшκа од вашите маκедонсκи бρаќа!
Во Битола има организирано на Магнолија,Кај Веро на Широк Сокак,пред Црвениот Крст кај Јавор...секаде Црвен крст постави места каде шо можи да се донира...Баш вчера кога си бегав од училиште имаше на Широк Сокак луѓе шо доаѓаа да донираат нешто за Србите и Босанците.И кај нас в гимназија се организира младинскиот актив преку црвениот крст во ходникот на првиот спрат од гимназијата кој сака да донира било шо,може и пари...Јас пари ќе донирам... А гледам на нет Македонија донирала многу повеќе од САД и Европа заедно. А и дека ако постоела Југославија Европа ќе бараше влез во неа. Се организира и хуманитарен концерт во Борис Трајковски,насекаде има карти низ Македонија.А и концертот на финалистите на Икс фактор мислам дека за тоа ќе биде,парите од картите да одат во донација за Србите и Босанците. И навивачката група Чкембари донира за нашите соседи... Само ќе поминат поплавите,нема сигурно вечно да траат,нема оваа катаклизма да речам шо ги зафати нашите соседи од бивша Југославија да трае со векови...Не треба да забораваме и после ова да им се помага на најсиромашните,на најбезпомошните...Хуманоста не треба да ни се појавува само за време на некои поплави,пожари,земјотреси и слично..треба континуираност...Се сетив на една песна на Тоше... За овој свет кој ни е единствен треба се да сториме само тој го имаме за овој свет... Со вас сме!Издржете!
Младинската Организација при СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, започнувајќи од утре(вторник) и наредните неколку дена ќе организира хуманитарна акција за настраданите луѓе во големите поплави кои ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина. Ги повикуваме сите ученици, професори и грагани да донираат: 1.Флаширана вода 2. Конзервирана храна 3.Облека (зачувана што може да се користи) 4.Хигиенски средства 5.Бебешка храна и облека. Производите ќе се собираат во училишната спортска сала на СОУ "Љупчо Сантов". Општина Кочани во соработка со Невладината Организација „Благородна мисија“ како и „Црвениот Крст“ на Република Македонија од денес отворија неколку пунктови за собирање на помош за настраданото население од поплавите во Република Србија и Република Босна и Херцеговина. Организаторите на пунктовите апелираат да не се носи се и сешто, туку она што на луѓето им е најпотребно: чебиња, кондури, облека, храна во конзерви, вода со подолг рок на траење, средства за одржување на хигиената, пелени, млеко во тетра пак, односно се она што нема да може да се расипе за краток период. На секој собирен пункт донаторите ги оставаат своите податоци и се потпишуваат во книга. Онака како што вчера најави менаџерскиот тим на кафулето „Либеро“ од Кочани, денес цел ден кафулето работеше за настраданите лица од поплавите во Република Србија и Република Босна и Херцеговина. Денес едно од најпосетените кафулиња во кое преку целиот ден немаше ниту едно слободно место беше „Либеро“, а за да посетеноста биде уште поголема во вечерните часови се погрижија музичките групи и музичарите од „градот на оризот“. Дознаваме дека се собрани поприличен број на парични средства кои деновиве ќе бидат испратени во соодветните установи во Република Србија и Република Босна и Херцеговина. Што да се каже после една ваква прекрасно организирана хуманитарна акција? Едноставно, браво и за менаџерскиот тим на „Либеро“ но и за сите музички групи и музичари од Кочани кои со својот настап допринесоа за огромната посетеност. Тоа го можат само луѓето со големи срца. Еве дел од акциите кои се преземаа/т во мојот град, и горда сум на моите сограѓани! Денес газдата на кафичот каде што се организираше хуманитарна акција цел ден вчера, соопшти дека се собрани 87 000 денари. Ептен сум потресена од ова што им се случува на луѓето во Србија и Босна. Дониравме и ние од дома по телефон, ама навистина е тешко човек да не се расплаче кога ги гледа снимките и сликите од таму. Само се надевам дека сите оние кои останаа без својот дом, ќе пронајдат сила и верба да застанат повторно на свои нозе.
VAŽNO UPOZORENJE!!! Na svaku ambalažu i to preko BAR CODA, napišite markerom slovo "H" po mogućnosti vodootpornim markerom. Slovo "H" je znak za humanitarno i tako jedino možemo sprečiti preprodaju stvari i vraćanje na police, i ne dozvoliti sitnim dušama da se bogate na tudjoj nesreći. ŠALJITE DALJE OBAVEST!
Организираа и во нашето училиште, но ќе даваме пари и после ќе се купува. До четврток ќе се собираат пари од секое одделение и ќе се купува по одделенија, на пр. 8 одд. ќе купат пакети вода, 7 одд. пакети памперси... Искрено чудно ми е зошто да не донираме со работи, но така сметале наставничките дека ќе се собирале непотребни работи. Како и да е сепак е убаво што им текна да организираат. Инаку Happygirl убаво е што напиша дека се собираат во спортската сала, еве јас незнаев дека е таму, деновиве ќе однесам и таму нешто да донирам.
Сакам да кажам... За тие девет часа донација преку оператор со сума околу 22.000 евра, државата си лапна 7.000 евра данок. Не приметивте? На ќарот ортак , ц ц ц