Сакам да кажам... Мислам дека ќе се донира,барем така како да слушнав на училиште денес,нешто спомнаа за тоа.
До 12 часот на пладне, биле собрани 144 000 евра од граѓаните на отворените линии. Исто така, Ставрески изјави дека Владата донела одлука да не задржи ништо од данокот, туку и тие 26 000 евра од ДДВ ќе ги донира за настраданите. Одлучиле и да дадат по 100 000 евра за Србија и Босна како помош од Македонија, значи башка парите од донациите на граѓаните.
Денеска во нашето училиште се организираше акција,и секако дека донирав.Бев стрикно насочена кој хигиенските сретсва,па бидејќи сметав и дека се помалку тие што донираа улошки,јас и тоа донирав.Сите што можат нека донираат колку толку потребно е на тие луѓе.Во многу лоша состојба се,греота
Мислам дека така на отворено нема повторно да се одржи акција, но знам за ова известување каде што можат постојано да се носат средства: "Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8.00 до 18.00 како и Домот на хуманитарните организации Даре Џамбаз од 8.00 до 17.00 ."
Имаше една идеја од Исидора Бјелица на фб ја прочитав сабајлево и сакав да ја споделам со вас,идејата е секоја жена која е во можност да донира еден пакет наменет за друга жена.Пакет кој ке ги соджи сите средства за лична хигиена што и се потребни на една жена(влошки,чешел,крема за лице,шампон,дезодоранс,четка за заби итн) и на пакетот да пишува ОД ЖЕНА за ЖЕНА. Едно голем БРАВО за идејава! Се надевам и кај нас ке има ваква помош.
Доколку некој сака да донира, поставен е штанд во Сити Мол пред Керфур може да се донира вода, храна, средства за лична хигиена и тн. Не знам дали има вакво нешто во другите трговски или во поголемите маркети.
Rodila se nova ideja: ŽENA ŽENI!. Jednostavno je, uzmete kutiju za obuću i napunite je sitnicama koje mi žene koristimo, šta god vam padne na pamet: higijenski ulošci, vlažne maramice, krema za ruke, za lice, šampon,kupka,češalj,peškir, dezodorans, šnale,gumice,vikleri,farba za kosu, veš ,pidžama (koje sve imamo za "ne daj Bože"). Na kutiji napišite ŽENA ŽENI da se zna za koga je i nemojte zaboraviti jedno pisamce sa rečima podrške. Donesite na bilo koji punkt koji pomoć prosleđuje dalje. Idemo, pripadnice lepšeg i nežnijeg pola od nas sitnica za druge će značiti itekako puno!!!
Можете да донирате во црвен крст го има во секој град,ајде бидете хумани тоа што не вие потребно дадетего не да го фрлате по канти некому ке донеси голема среќа
Jас пак сум убедена дека од хуманитарнава помош што наголемо се испраќа,не стигнува во вистински раце..може нешто колку да заситат желудник,ама чисто сумљам ,а пак да не правам муабет за паричната помош што се донираше...све тоа ќе биде папала маца...све ме јаде јанза дека злоупотребено е ...дај боже да грешам ....само можам да кажам гревота за јадниот народот.
Не само што не сме сигурни дали стигнува паричната помош, туку слушнав муабети дека и онаа материјалната (храна, облека) се препродава на градските пазари и некој добро си заработува. Се манипулира и со бројот на жртви, никој не сака да изнесе точна бројка на телевизија а на некои места во Србија помошта изостанала. Како и да е, докажуваме дека иако сме мала нација имаме големо срце. До сега се собрани околу 20 тони храна, 60.000 литри вода, еден тон храна за бебиња, 10 тона облека и 120.000 евра од броевите за помош и хуманитарниот концерт одржан вчера. За оние што планираат и понатаму да донираат во Црвен крст: последно што побарале од Србија е да се пратат средства за хигиена - лична и општа (со оглед на тоа дека постои голема опасност од заразни болести), baby-пакети (цуцли, млеко во прав, итн.), а од останатите работи имаат доволно, па дури и вишок. И за крај песната што го обиколи Балканот, не е возможно да не се наежиш. ''Da ne bude više rata'' Šapnula je Drina Savi jednu priču o poplavi. – Riješila sam, Savo, sestro, da se vrati sve na mjesto. Izliću se iz korita, potopiću polja žita. Puteve ću potopiti i krovove sve prekriti. Da podsjetim srca mnoga, šta je bratstvo, šta je sloga. I granice izbrisaću, da izmirim srpsku braću. Jer tek onda kad izgubi, brat će s bratom da se ljubi. Brat će brata da pomaže, brat će s bratom da se slaže. I saznaće srca mnoga za jednoga oca – Boga. Da se njemu oni mole i Hrvata, brata vole. Da poteku sa usana molitve za Muslimana. I da vole braću borce, Makedonce, Crnogorce. U molitvi svak' pomene braću našu, sve Slovene. Da se brat sa bratom druži, prijateljsku pomoć pruži. U nevolji da se sjete jedan drugom da dolete. To su, Savo, želje moje, da se vrati sve na svoje – Drina reče, pa poteče. Pričekaj me, Drino, vodo, poći ću i ja sa tobom. Potecimo mi zajedno, neka budu svi k'o jedno. Nek' nauče da se vole, Bogu ocu da se mole. Nek' se sjeti brat svog brata, da ne bude više rata.
Гледав слики каде од Црвен Крст се сликале во разни пози со донираните работи (качени над нив, до нив), некако непристојни слики, кога се работи за помош и за средства за кои некој дал пари. Со некои постапки кои се слушаат и гледаат, човек нема верба ни да донира.
Мојот клас донираше пари во соработка со професорка по иновации и со собраните пари купивме храна и средства за хигиена и пелени за бебенцата што им се потребни за настраданите во Босна,Србија и Хрватска кои ќе бидат однесени во Црвениот Крст во Битола А исто така во Битола се организира настан на ракометното игралиште каде ќе има стенд-ап комеди,некои бендови ќе настапуваат и така...за цена на карта-нема,кој колку сака и може си плаќа за картата... Јас два пати донирав со пари Заедно сме посилни Издржете