Хуманост

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 4 март 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темава за да видам,но и за да се потсетиме малку на оние на кои им е потребна помош,барем да помислиме на нив.Ги има многу,на купче што се вели,кои што секојдневно можеби ви тропаат на вратата и бараат парче леб,ги сретнувате на улица,гледајки ги како просат,немаат каде да спијат,па спијат под отворено небо.Но и тие кои што се болни а им требаат пари за лекување,душава ме боли кога ке ги видам,едно си викам да сум богата,милионер да бидам,ке ги разададам парите за тие да имаат,да јадат,да се облечат,да имаат се што сакале или посакувале да имаат.Се одржувале концерти во врска со ова,се донираат пари,на интернет можат да се видат а и секаде огласи,апел,повик за помош.А ги мислам и тие и се она што се случува во светот сега,за кое што сите сме добро информирани.Но никогаш нема да заборавиме некого,Тоше Проески,ангелот,ке го наречам жив ангел.Но колку вие сте хумани,што мислите во врска со хуманоста?
     
  2. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    хуманоста е доблест....но за жал не ја поседуваат сите луѓе...секој може да биде хуман на некој начин
    кога се сака да се помогне ќе се најде начин...а ако некој несака тогаш бара изговори :?

    јас во границите на моите можности....донирам барем на оние броевине од мобилен што се на хуманитарните акции каде со 1 повик се донираат по 100 денари. :)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    Не располагам со големи средства за да можам некому да му помогнам , но 500 денари месечно можам без проблем да ги издвојам. Јас редовно донирам на оние броеви што се за донации, самата помисла дека некое детенце лежи дома или во болница и чека пари за да оздрави, ме ужаснува. 100 денари нема ни да ги осетам дека сум ги дала а некому многу му значат, а кога секој што има можност би донирал барем 100 денари , ќе се собере сума пари која за некого значи живот.

    Инаку на просјаци не давам пари бидеќи ми доаѓаат на врата и молат за пари, јас им нудам храна , а тие ми викаат дека пари им требаат за цигари да си купеле. Е па неможе така. Еднаш алишта им дадов, кога ги гледам седнале пред зграда и една циганка му го брише газот на циганчето со блузичката што им ја дадов и на крај така посрана ја остави во тревник, безобразлук.
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.810
    Пол:
    Женски
    Уф,верувајте оти кога ќе ми текне на Тоше,се прашувам само едно нешто_дали од два милиони само тој имаше пари и волја да помогне.Јас знам често пати да оставам по некој денар на луѓето што питаат по улица,или оние што одат од куќа на куќа,сум донирала и преку телефон,и сум се разочарала кога некоја од другарките ми речат„како не,веднаш ќе ги потроши на цигари“или пак од кај знаеш дали лаже :?
    И да лаже,на душа му,и да ги потртоши за цигари,и тоа на душа му,ама штом е парталав,седнал на бетон и со тажни очички те гледа,гревота е,ако сме сиромави за многу,за педесет -сто денари не сме.МОжеби нас не ни се толку битни,и онака ќе ги потрошам на чоколада,сок или смоки,но него можат многу да му се најдат.А за оние преку телефон,која логика ја има за лажење.На луѓето стварно пари им требаат.
    Мајка ми пак,акао во моментот прецени дека некоја циганка или било кој не е баш дојдена за 2-3 денари,тааа па ќе му даде лепче,сиренце,некое алиште ,било што и секогаш вика јас ним едно добро,мене господ нека ме награди со повеќе!
     
    На Pink.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.717
    Хуманоста е ретка птица која лета во рамките на напатеноста.

    Секогаш колку можам издвојувам, иако не е многу. Ќе свртам на броевите што се, со 100 денари донација, затоа што тие 100 денари мене ќе ме лишат само од една пијачка, а за некого живот значат. И на оние кои питаат по улици, ако имам - им давам некое денарче. Дури и на врата да ми дојдат (а кај мене во маалото ги има доста) ќе им дадам што било, смоки, чоколатче некое... и душички како се радуваат, како светот да сум им го подарила. И уште благослов ќе ти дадат.

    Слаба сум на такви души напатени. А за Тоше, бидејќи го спомнавте, и за неговото дело немам коментар. Сите многу добро знаеме зошто. ;(
     
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    i jas nemam golemi primanja za da doniram golemi sumi,ama cesto davam pari na prosjaci na ulica,ili na vrata koga ke mi dojdat na rabota ili doma,ke pruzam po 10 denara a takvi gi ima sekoj den pominuvaat,ama zal mi e si velam,tie 10 den,denes mene nema da me osiromasat ama na nekogo ke mu se najdat za lebce..kolegi na rabota so sum imala cesto mi vikale"ti si budala sto im davas ke gi naucis posle stalno ke ti idat"ama mene mi e zal..na prethodnoto mesto kaj so rabotev,imase edno cigance devojce malecko so mnogu mila faca,pominuvase i vide deka i davam i skoro sekoj den pominuvase,se salese kolegata so mene"ide ciganceto da mu dades zeparac" :) ama kako vikaat-daj pred sebe da si najdis zad sebe-..ama me nerviraat tie so idat so listovi demek za bolni sobiraat pari,gi ima eden kup,i od kaj da znaes koj stvarno sobira za operacija,a koj sobira za da se naloka u prvata kafana..zalosno e so e tolku rasprostaneta siromastijata kaj nas..
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.810
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека хуманоста не се искажува само со пари.Некогаш и топол збор помага многу,сум имало случај кога на луѓето навистина им требаа пари,и собраа,но на крај немаше кој да им помогне за успешно да ги искористат и да ги средат работите.Под хуманост подразбирам и ако некој хитно му треба помош на пример со возило,и комшија да ти е,ако навечер во два ти дојде пред врата,и ти бара да го одвезеш на доктор или слично и тоа е хуманост.Поддршката која навистина им е потребна на луѓето кога се во тешка ситуација,утешните зборови,и тоа е хуманост.Луѓе сем,и само со луѓе не бива,мораме да бидеме хумани,на ваков или онаков начин:
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.696
    И јас редовно донирам на линиите за донации, кутии за собирање средства, одам на хуманитарни концерти, други акции и слично.
    Не давам пари на просјаци.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    se slagam so ova sto si pisala kate :)
     
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Денес во школо имавме акција на дарување крв.За прв пат во животот дадов крв и се чувствувам многу убаво.Тоа ме исполни и мило ми е што знам дека мојата крв можеби некому ќе спаси живот.
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Mnogu dobro kazano ...Cesto ja iskazuvam mojata humanos i sakam da pomognam da se sovlada necija maka .
    No sakam da znaam dali mojata pomos stignala vo pravi race i ne e iskoristena vo drugi celi ..toa mi e pouka od moeto posledno delo na humanost
    [mod-kirilica:3c2jekqc][/mod-kirilica:3c2jekqc]
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Значи ја сум член на црвен крст ;) и секогаш кога можам помагам
    Има многу мали дечиња на кој им е потребно помош :) така да ќе ве советувам и вие кога ќе можете ,кога ќе ја имате таа шанса Помогнете !
    Хуманоста , како и да е произлегува од Срцето :)
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Хуманоста е една доблест на добриот човек, за жал секој не ја поседува.
     
  14. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    12
    rakata sto dava nikogas ne se susi!
    [mod-kirilica:3joou8hw][/mod-kirilica:3joou8hw]
     
  15. tejcence

    tejcence Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    da se bide human e ubavo, no denes retko koj e human,denes poveke sme bez rabota a i bez leb doma dojde takvo vreme da sme podeleni vo dve klasi bogati i siromasi,pa kako covek da bide human kazete realno dali ima eve nekoj ba barem i na femina da e siromav i kolku toj moze da pomogne nekomu pa eve ke trgnam od sebesi mozam da kazam deka sum mnogu siromasna i so nekoj ke mi pomogne da najdam rabota ili nesto dr. ne ako kazes kako prvo ke ti se smeat kolku pati se slucilo da me odbijat za rabota samo zosto ne sum oblecena ubavo i doterana.Moze malku zabegav od temata i navistina treba da se pomogne no nema sekogas da pomognes ako na nekoj bezdomec mu dades 100 denari treba da se organizirame i da se izborime da imame nekakvi ednakvi prava so ovie ke gi narecam bogati linguri vo drzavava nasa,denes ako imas pari imas se a ako nemas ma koj te gleda snajdi se kako znaes i vie mi otvarate kako nekoja si tema humanost koga denes vo drzavava nema veke human covek.Toj sto nema ke te razbere i ke ti pomogne a toj sto ima nikogas,zaete kako rekle starite sitiot gladniot ne go razbira ili kaj bogat odi nagledajse a kaj siromav najadi se!Se iznervirav da vi kazam ne mi se lutete no znam kako molev da mi se pomogne a nikoj ne mi ponudi pomos se sto zborite ovde e naprazno
    [mod-kirilica:3fszhlgg][/mod-kirilica:3fszhlgg]
     
  16. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Се додека можам да си дозволам ќе донирам.
     
  17. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    433
    исто и јас .. колку што можам ќе донирам, а и кога на некој му затребува помош тука сум .. тоа одсекогаш .. затоа сега сум ваков роб :D
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    939
    И јас сум Црвен Крсташ со години. Имам изнагледано сиромаштија, деца без родители, деца со пречки во развој, болни.. :( И затоа ми е памет секогаш да давам и да помагам. Ми се има случено и сите пари да ги донирам на децава што се борат со болести и не ми е криво никогаш што сум ги потрошила.
    А инаку за народов наш. верувајте ми донираат луѓе. Кога сме собирале со Црвен Крст пари сум се уверила дека сите даваат. Кој колку има, ама на крај се собираат и се прават убави пакети за сиромашни.
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.853
    Пред да ја најдам темава, се инспирирав да отворам тема, со назив Хумана Фемина, во која ке зборуваме за хуманоста, а воедно и директно ке можеме да придонесеме за здравје и живот на оние на кои им е најпотребно.

    Ако е во склоп и со вашите мислења, предлагам да оставаме тука и предлози за донирање на парични средства, крв, облека, на оние кои им е неопходно.

    Пред малце прочитав на Фејсбук статус кој изгледаше вака:

    FB prijateli,
    Ve molam site koi ste vo mozhnost da donirate 118 den. za lekuvanje na Sanja Kuhar zavrtete na brojot 070 143-181 i site zaedno da i pomogneme da se razbudi od koma vo koja e povekje od 2 godini.
    Blagodaram!


    Веднаш си помислив, зошто да не помогнеме и ние, зошто да не го проширам повикот за помош и тука?
    Да учествуваме сите заедно колку што можеме, да донираме самите, да ја прошириме информацијата со цел да доживее поголем замав.
     
    На Angelche и Hipica им се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.693
    Една од најубавите особини што човек може да ја поседува е хуманоста, но денес ретко кој е таков. Сум донирала неколку пати и после тоа се чувствував многу убаво. Знам дека секогаш кога ќе имам можност ќе го правам тоа. На многу луѓе им е потребна нашата помош. :)