jas kaj sto bev na 4d pregled sega dr mi rece deka bebceto mi bilo 2 pati zapleteno i deka podobro e carski ,a maticniot mi veli nema vrska bebceto si e super i dobro e postaveno. istiot doktor i na moja prijatelka i rece deka bebeto bilo prepleteno i da ide carski pa potoa nejziniot maticen i rekol nema vrska bebeto ne e zamoteno i taa si se porodi prirodno bez problem ... jas znam deka poragajot dali carski dali priroden ne se naplaka naprotiv za carski zimale poveke pari od drzavata
јас и претходно имам пишано мн лесно поминав со царскиот , бев со целосна анестезија,не осетив ништо, се разбудив по 1саат некаде. јас станав одма наредниот ден, и цело време се движев, е сега тоа зависи и од тебе, искрено на почеток боли, но се издржува, повеке мака ке имаш за станување. јас немав ни главоболка ни ништо и цело време бев на нозе, раната не ме болеше долго време, некој ден само. мој совет тие само да се движиш колку можиш поке да не залежуваш. ете по два месеци имам само мала линија, и никаква болка п.с јас откако поминав огромни болки и не успеав да се породам природно,мој совет е само царски пораѓај, болките после царски се премали во однос на оние за природен пораѓај...
Едно прашање само до мајките кои веќе се породиле со царски рез... катетар? Дали ви ставија и колку време мораше да го носите? Од самата помисла на катетар ми се повраќа...
мила катетарот на царски рез е обавезен, а јас многу го сакав, оти после операција е тешко станувањето движењето, клекнувањето и мокрењето исто така на операцијата дава некои болни движења, јас 3 дена не им дадов да ми го извадат катетарот оти ми беше страв како ке седнам на шољата, не боли да носиш катетар, ставањето нема да го осетиш, а вадењето е една секунда што не е болно туку е малку непријатно, тие што се пораѓаат царски катетарот им е олеснителна околност, оти на тие системи, буцања, и по 4 литри течности што те тераат во болница да испиеш без катетар ке треба цело време да се шеташ до веце а тогаш тоа ке ти биде најтешкиот дел. јас бев царски, природно ми беше страв, ако пак останам трудна некогаш пак ке барам царски, природно пак нема да можам, ама нема да сакам да е во Скопје во државна туку овде кај нас. За природно не знам ама јас со царски за една недела веке бев како нова, зборам за делот каде што сум сечена, ништо не ме болеше толку беше сето чудо 5 дена, е сега јас имав проблем од анастезијата оти бев со спинална, и никој не ми кажа дека 5 саати не требало да ја мрдам главата, јасја мрдав и анастезијата ми заминала нагоре и 2 недели имав главоболка, само тоа ми беше маката, друго ништо, за тоа сметам дека полесно е царски да се породам отколку природно, ама секое тело е различно на некој може прирдоно да му е полесно, се зависи од степенот на болка кој можиш да го издржиш. Јас тргнувајќи од мене дека никогаш ни глава ме немаше заболено ни ништо, степенот на болка ми беше ептен висок и мислев дека нема да можам да поднесам природен пораѓај.
Jaс поминав многу тешко со царскиот па можеби затоа ке кажам дека е подобро прирдно,иако незнам како е природно зошто имам едно детенце,ама се надевам дека за второто ке се породам природно
јас катетерот го носев 12 часа само а после тоа ми го извадија и може подобро беше така , барем почнав да се движам , а ако го носев ке одтанев да лежам цело време во кревет... а мој совет до сите царски да се пораѓате, може има некоја шо се пораѓа лесно природно ама тоа е 1 на 1000 жени, ама и лесно да се пораѓа болките се огромни
Имам уште многу време ама размислувам за царски. Е сега дали ако е се во ред ќе дозволат такво нешто. Како помина ти кај нас во Битола. Имаше договор однапред со докторот или како?
На ова прашање секој ќе ти каже различен одговор, во зависност од тоа како поминал. Јас за себе ќе зборувам и тоа со две деца по дома и трето на пат. Природно си е природно. Можеби болките во моментот се големи, но траат кратко и не е ништо страшно. Опоравувавњето е побрзо, во смисла после 3-4 саати од породувањето можеш да станеш од кревет, додека со царски тоа оди поспоро (со мене во болница лежеше мајка породена со царски и едвај после ден ипол стана).
да можиш да си се договориш, јас бев на преглед кај николина и требаше таа да ме породи царски на 14, ама бебушко реши да излези порано, а за баксуз таа небеше во бт тогаш и ме породи др доктор. инаку со мене шо беше цимерката беше и таа на договорен царски кај докторот, си дојде и ја породија одма
јас на оваа тема ке кажам само мое мислење ,пошто природно се породив немам искуство со царски рез а редовно читам или слушам за болките од самиот рез и опоравување после него ама кога ке се сетам дека 2 недели имав болки од епизотемијата не можев ниту да седнам ниту да лежам плус на незгодно место за извршување нужда не знам повеке сега сум за царски само што и моево бебче е поставено главично и не знам дали може да договориш царски на Гак а бебето не е карлично нели или се е во ред ?
pepita кај нас може да договориш со докторот и обично прават царски 10 дена пред термин за да се избегнат болките, а сега за други градови незнам стварно да не те лажам, јас од самиот почеток сакав царски некако по не ми е ризично а вака природно се плашам. поздрав
и мојата цуцка цело време беше карлично поставена и сега последниов месец се сврте а јас сакам царски...
ќе се пораѓам во државна ама сакам царски зошто имам огромен страв од природно... Знам дека и после царскиот ќе има болка но некако повеќе можам да се помирам со таа опција одколку природно и затоа деновиве планирам да си се договорам со мојот лекар за царски да ми биде помирна душава
јас ја поминав најстрашната комнинација- ем се отворав со сааааати ем се отворив 9 прста ем дојдов до бокс ем почнав да раѓам ем пак завршив со царски. ем си ги истрпев болките пред ем се дотепав со болките после породувањето. ( хаххаха колку пати сум напишала ЕМ- бог да чува, ама ме мрзи да го преправам постов ) Постпородилно раната ми зина некој сантим и голготата уште трае. ( почнав да крварам пред 5 дена до тој степен што влошка не ми помага носам пеленка од бебушко за да задржи) али за тоа ќе си пишам и прашам во некоја друга тема што ли ќе да е... Всушност сакав да кажам, во моментот кога ми ја ставија анестезијата- мислам дека се препородив. Безболно раѓање ужасно болно опоравување и обратно, болно раѓање и пофлексибилно опоравување... Е ајде де што е сега подобро кој да одбере??? Како и да е со лесно нека ви е мамички.позз
Јас се породив со царски рез со епидурална(спинална)анастезија и најискрено поминав преубо,Следен пат кога ќе планирам за 2ро пак ќе одам на истиот начин. После породување немав некои страшни болки односно болките беа издржливи,само што имав голема главоболка од дејството на самиот анастетик.Раната е мн.малечка,на купаќи воопшто не се познава и Си затвори во најбрзо време.
Јас веќе вториот ден по операцијата почнав да се движам.Денот кога се породив не смеев да станам заради вртоглавици од анастетикот,а другиот ден со помош од страна на болничарка станав од креветот и почнав сама да се движам,немав никаков проблем.Многу лесно поминва со царски рез ама за второ(господ здравје) планирам да пробам на природно,пошто мн.сум љубопитна и сакакм да го испробам и тоа
Lele pravnicka kako sebe da se citam I jas bev so carski,lesno pominav I so vtorovo sakav prirodno da probam( a taka I ke bide) ama kako pominuva vreme strav mi e pa bi odela pak na carski ama zelbi nema kako bog saka taka ke bide