Зависи каде ќе се пораѓаш. Мене не ми ставија клизма, а катетар ми ставија во сала, после спиналната.
Јас се породив со закажан царски во 36 недела на ГАК, сабајлето ми дадоа чепче за да испразнам црева, а катетерот во сала ми го ставија откако почна да делува спиналната.
Јас се породив во Чаир царски претходно договорен но за точен ден не .Ми ставија клизма по 30мин.ми ставија катетар и на количка правец во сала па следеше спиналната и породувањето...
Да споделам за болката да не се плашиш ќе те боли како и досега. Не осетив разлика јас во болката. Ама околу раната е језивко Среди го хемороидчето и правец на улепшавање кикирка
Јас утре ќе одам, 39ти ден Само ќе видиме дали воопшто ќе се депилирам, де ми завршува крварењето па од ништо никаде ќе се појави и се така во круг. А пред некој ден имав и болки како за пред добивање па цела сум збунки. На контрола дури за 10 дена.
Кога бевте на контрола после царскиот? После 40 дена? Јас бев само за конецот после 10 дена од пораѓај, и заборавив да прашам кога на контрола. Битно за депилација не заборавив
Мајкички дали некои од вас после царски рез имаше проблем со високи Д-димери? Јас во бременоста немав проблем со Д-димери, после операција примив терапија клексан 7 дена па направивме контрола и вредностите се 9000 (максимум мислам дека се 500 дозволлени) и сега уште 10 дена клексан... има ли некој искуство што друго можам да преземам освен да чекам да се среди со клексан? Опасна ли ми е ситацијата или да не паничам многу ?