Извини малку касно ти одговарам Гинекологот вика дека може да се проба спонтано ако има потреба од царски докторите ке реагираат тогаш. Немам уште ни болница одбрано ниту разговарано со докторитите но од др недела ке одам да прашам па ке видам што ке ми речат.Фала
Моето искуство е дека до крај инсистираат на природно и се додека постои можност за истото не се одлучуваат за царски. Кај мене притискаа на стомакот, ме стегаа со ќебе на половината, бавно отварање и покрај провокација...но беа упорни со природниот. Се надевам ќе успеете да се договорите.
Три месеци од царскиот рез, рана перфект зарасната уште во болница. Станувам сега гледам крв на гаќи и пижами, една точка како со игла боцнато е не се гледа ништо друго, ама еве ми тече крв од раната. Од што може да е, што да правам, да мачкам, може ли да се искомплицира?
На лекар да те ѕирнат. После второто породување, поточно на 40 дена ми се отвори едно мало дупче на раната од десна страна, и течеше нешто како бледорозе накај жолто. Прскав Октенисепт, ставав прашок банеоцин (по препорака од докторката што ме пораѓаше) и за неколку дена престана.
Влезена во 9ти бебето е свртено нагоре Генекологот ми рече дека ќе биде царски Моето прашање е во оваа ситуација дали ќе имам породилно болки?дали ќе треба да си закажам царски рез? Кажете некое искуство?
НИшто си бираш доктор , одлучувате дали ќе е закажан или ќе чекате до последно и тоа е тоа. Ако одиш на закажан ништо не осеќаш од болка. Бираш анестезија за 5-7 мин бебето е надвор за пол час и ти си готова, 2 часа на интензивна и потоа во соба. Ако чекате да прсне водењак, прска одиш и истата процедура.
На Гак пробуваат природно, знам два случаеви што се природно породени, а бебето карлично. Во Чаир незнам како е за карлично поставено бебе.. а во приватни не ризикуваат, одма царски. Чим си влегла 9ти веќе треба да одиш на преглед во болницата кај што ке раѓаш.. па ке ти кажат.
Мене докторот ми рече дека не треба да ме фатат родилни болки бидејќи ќе почне бебето да слегува во родилниот канал. Ме породи во 39+0
Јас бев со пукнат водењак и 5 прста отворена кога ме внесоа во сала. Малку се брзаа, ама немаше никаков проблем. Како и да е ако не не изненадеше синко планот беше една недела пред термин да закажеме.
Мајки имала ли некоја проблем со нагмечени ребра после царски? Десната страна ми е ко гнила, воздух едвај земам. Раната не боли толку како ова на станување. Се сеќавам дека ги гмечеа за да се спушти матката долу.
Дафи ребра не се стискаат за матката, таа сама се спушта а матката ја стискаат доле да излезе крвта и да прпверат дали е собрана. Е сега ти со царски не гледам пак причина зошто би ти дтискале ребра. Дај види со некој доктор што е работа
И јас имав слична болка ама на левата страна,при првото станување не ме болеше толку раната колку тоа од лево. Одма црни сценарија,ми заборавиле нешто внатре,сега ми скапува,трула сум. Ете ќе ми скапе,сепса ќе фатам... Што ми правеле незз,ни видов ни сетив бев со целосна анестезија. Болката ја имав и дома кога си дојдов претежно беше при станување. Со тек на време помина. Еве после 3 год исто знае да ме здоболи ама ретко. Уште ми се вртка дека нешто ми пореметиле па ми скапува внатре За гмечење ме гмечеа на стомак ама тоа откако се освестив.Ќе ме стиснат одоздола тече чешма,а болка