Природен пораѓај имав, ама и мене ме стискаа со лакт и гмечеа седнати врз мене. Највеќе мака имав когабѕребаше дете да зедам/спуштам од креветче, како со нож ме бодеше. Исто и при длабоко дишење.Со месеци си ја влечев болката, помина сама од себе.
Секое напукнато/скршено/изгмечено ребро многу боли. Како и да дошло до тоа. И исто така само од себе поминува. Ќе пројде @duffi , не се секирај.
Мене па раната ми прокапа. Лимфа кажаа, уште у болница па ме пуштија така ништо сериозно Ставам вит ц и спреј, бев два пати на преглед супер е Инаку кога се враќа мешко у првобитно стање? Кожата ја осеќам помекичка и помлитавка? Нормално ли е? Мидер да се носи ли? Помага?
Не знам мама . Се сеќавам дека анестазиологот ме предупреди дека ќе ме притиснат погоре каде нема анестезија за да излезе бебето, да не се уплашам дека ќе ме боли. Да баш така ко гнило го осеќам местото. Ако се фатам за квака ко нож да боде. Ме чукна и патронажната реврото е. Освен да чекам да помине нема друго.
Јас мидер ставив од прв ден дома и само преку ден носам. Би рекла дека помага, ако го заборавев да го носам некој ден одма како растресена се осеќав во мевот сега веќе не. Поминаа 3+ месеци уште не ми е скрос вратен, ама бајаги е собран, мидерот веќе не ме стега, немам помал број, а не сум ни нашла помал од овој што го имам. Но зависи па и колкаво меше си имала и колку се растегнала кожата, јас во 8ми нараснав така бајаги, 9ти само влегов и се породив.. За кожата кај мевот да помека, млитава и чудна, збрчкана Туку јас уште не го осеќам местото над резот, некои 2-3см, под го осеќам И како што е по должина раната на неколку места ептен е избледен резот А и да се пофалам килажата ја вратив од пред бременост, ама да се пожалам, сепак изгледам некако подебело а од алишта, барем тоа што сум пробала се ме собира @duffi јас стварно не се сеќавам дека ме притискале до толку да ребро ми скршат ниту пак ми рекле дека ќе притискаат, само ми напоменаа дека кога ќе излегува бебе како влечење, тегнење може да чувствувам да не се исплашам (јас труп ништо не почувствував ). Да си појдеш да те ѕирнат и јас со мојата мака димери провери
@emkaemka да ќе проверам димерите деновиве. Да и за влечењето , тоа пред него ми го напоменаа. Таму ме боцкаа клексани. Ама само 3 после царскиот.
Имам така појака болка во долниот дел од стомакот. Породена со итен царски пред 10 месеци. Денес толку ме боли што не можам да си го кренам бебето. Утре ќе одам на гинеколог. Што може да биде? Само да не е нешто сериозно. Искуства?
Од вреѓево е не се секирај. И јас имав болки сношти,досега неколку пати ги имам почувствувано особено кога времево се менува.А породена сум скоро 18 месеци. Сепак појди на гинеколог да ти помини мислата и пиши што си направила.
од времето. Сепак ѕирни на гинеколог. Ова општо за сите ќе го пишам. Не се плашете од резот надворешен. Тој апсолутно не е страшен кожа е. И лимфа да има и да загнои не е страшно. Внатрешниот рез на матката е сосема друг и нема врска со надворешниот.
@ludoto19 индивидуално е. Јас неуспеав да ги симнам 4те кг вишок пред бременост и сеуште имам меше ( поголемо од пред бременост). Некој се враќа одма во форма. @gjoker4e на ваква промена на време ме штрека и мене. Сепак се работи за нешто не многу забележително. Ако имаш појака болка консултација со гинеколог
Аааа штом е така убаво, така треба, пуне руке посла шо би се рекло. Ни газот ни стомакот се нормализора, дури не се испотам изгледа така ќе си стојат
Мислам дека сите после царски примаат клексани.. примав и јас, 3 или 4 дена не сум сигурна. А за стискањето и мене ме стискаа, ама па не ме заболе.. баш и ме предупредија дека ке осетам појак притисок (тоа е веќе моментот кога го вадат бебето), па ми рекоа дури и дека може да ми се повраќа во моментот и малку да ме гуши, ми се повраќаше ама немаше што Отпосле никаква болка нагоре немав, нормално само матката и раната ме болеше... може кај тебе беблак бил погоре, па затоа така.. А по раѓањето не ме стискаа за стомак.. не ме ни допреа..
Да да @mariz . Рутина е после операции. Бев денес да испитам , не работи машината. Утре ќе одам на приватно. Немав прееска толку време излаз .
@eli25 @lilife @24.07 Денес бев на гинеколог. Од времето било. И други се жалеле на таква болка деновиве. И пак ќе ме болело на промена на време. Колку време знае ли некој или цел живот? Со вагинално ехо ме гледаше се беше ок. Синоќа ептен ме болеше не можев бебето да си го кренам, сабајле ништо, дека заврна ваљда.
И јас имам некоја болка во долниот дел од стомакот, наликува на болка како за голема нужда или како за пролив болка . Не знам ни да опишам. Слично е кај тебе? Се загрижив и јас.
Па така некако. Мислев ќе ми помине кога ќе одам во вц но не. Чувствував како некое топче да сака да пукне. Па си помислив на циста. Па си велам бремена сум. Но од времето било се.
@emkaemka покачени се д -димерите 2800. Пак се враќаме на старата љубов , клексаните. Докторката на трансфузиологија ме убедуваше дека немам потреба да ги проверувам .