Фала за сите споделени искуства мајки, сабајле некако ме фати паника кога добив вртоглавица. Немам никакви главоболки, делот за многу течности сериозно си го сфатив па цело време сум вода/сок/чај па делува. Инаку, пладнево станував буквално на секој час, па веќе полека шетам и низ ходници, дете вадам/ставам од креветче, ранам, пресоблекувам... Стварно вториот ден е полесно, само упорност и веднаш, што побрзо станување од кревет. Инаку и мене ме кренаа/превртеа кога ме префрлаа на кревет. Една жена ги стави нозете кај нејзе на рамења, друга ме фати под мишки и ме превртеа од едниот на другиот кревет. Не бев гола, спаваќата беше крената нагоре. Едит: Примам антибиотик, ми рекоа анализите на крвта покажале индикација за некој процес, дека било често после царски. Има друг такво искуство? Клексани само во болница ми рекоа, дома не морало.
@danichap и овде на приватно даваат антибиотик после царски, нешто како стандардна процедура додека си во болница, не ми текнува колку дена. Ветојатно дека операција па да те покријат со антибиотик да не дојде до инфекција. Тука даваат и диазепамче пред спиење, мене ме фати сестрата дека не ги пијам па почна во инфузијата да ми го става И мнооогу течности, дневно ми носеа по литро сок и не знам колку вода, плус чаеви.... Ќе пројде, сега ти е шок, мислам психички е потешко затоа што се ти е непознато ама верувај уште некој ден и после ќе ти биде многу подобро. Да ти е живо и здраво детенцето и немој многу да ги креваш девојките кога ќе си дојдеш дома да не направиш беља.
Јас не примав антибиотик по пораѓајот?! Хмммм Инаку и во Систина сама се преместив од креветот на интензивна на оној со кој ме однесоа во соба, па во соба пак сама на креветот. Едино во сала ме кренаа. Кој, појма немам
Ни јас по пораѓајот не примав антибиотик, а пред порагајот примив. Дискутиравме за станувањето во сала, другаркиве погоре пишаа дека во сала сами станувале
@danichap да и јас примав антибиотик 3дена, па направивме анализи и уште 5дена дома Панцеф, истото ми го кажа докторката.. Јас единствена ли сум што едвај чекаше да стане 10пати прашав и молев дента по царскиот да ми дадат да станам, не дадоа кукав дека грбот, газот не ги осеќам што ми се здрвени, ми ветија утрето во 6ч ќе дојдат. Имаше болка, но ништо неиздржливо, станував често, само се полевав со вода и ми се одеше во вц, до пладнето и шпартав по ходници, вечерта се истуширав Дома на 5тиот ден веќе бев фит.. Мајка ми ми викаше, де бре сечена си, поглуми барем малку дека ти е тешко ,,Најболен,, момент мене ми беше што ме изгладнеа до смрт кога ми дадоа, веќе немав никаков апетит, па пак ништо не јадев..
@emkaemka кај мене, денес, за ручек во болницава. Буритос бре, па и гравчиња, мевце... со сите салтанати
И јас не примав антибиотик по царскиот. Сама се преместив од еден кревет на друг на интензивна и од тој транспортниот на обичниот кревет во соба. Односно сама се свлеков од кревет на кревет. Ме станаа после 18 саати од царскиот. Првите неколку пати се ме болеше ама станував и се движев. Првото туширање беше со сестра со мене. Уствари таа ме тушираше јас и помагав. Потоа сама се туширав. Еднаш ми се сврте зашто нагло станав ама се вратив на кревет одма и ми помина. Првиот ден ме чуваа на леб и јогурт. Од вториот ден натаму си бирав јадење од мени. @danichap на здравје. Баш вкусно изгледа.
Иииииииии (тука иде човече со лиги до под) И кога дадоа, ни приближно не беше вака богато, за да ми отворат апетит
Од маса во сала на кревет ме префрлија они бидејќи со спинална нема шанси да мрднеш нели. а после интензивна во кревет во соба исто они но со моја мала асистенција. И така ништо не осеќав сеуште на стомак.. не ми беше проблем. Инаку за гола или не... гајле ми беше што бев гола целосно. Мене не ми е срам толку градите што ми се гледале колку дека другарка ми ми е на изволте стаена тоа малце незгодно ама само првите пет мин потоа ич не ми беше гајле.
Izgleda mnogu gladna si bila. Mene prvite dva dena prevkusno mi bese ama deka pregladneta, posle mi otide apetitot i veke ne mi bese ama blackoto ne go ostavav
И јас примав антибиотик. Лендацин ако не се лажам. Баш мајка Ми ја гледаше терапијата. На државно ова( а што е битно не знам). Сигурно доктор проценува кој што треба да зема, без разлика државно /приватно. Ме префрлија болничарите кои ме качија горе во соба. И маж ми беше таму, па мислам помогна. Нешто вака ми се врти. Иначе на државно поминав супер. За тоа во соодветната тема.
Јас во 6 дена во болница дури 3 ден ми рекоа можеш да јадеш,супа,млеко,јогурт и течни работи. Кога ќе поминеа на сабајле ааа вие царски сте нема јадење. Така да мм и свекрва ми ми носеа кога идеа на посета,супа,јогурт,чај,ѓеврек А цимерката се утепа од бисквити попара од дома и донесоја дури тањир и лажица.
Првите две станувања ми беа со лошење, и исто, ако останев подолго во кревет следното станување беше . На се оба сестрите ми кажаа дека е нормално. Инаку од ден на ден се подобро ќе ти биде.
@danichap и јас примав антибиотик 4 дена и клексан 4 дена и дома си дојдовме и клексан продолжив уште 3 цели недели...но и цела бременост си ги примав верни си бевме со "другар ми Клексанчо" Ах убавини наздравје да ти е Во Чаир да ти ја сликав супата што ми ја дадоа ќе плачевме сите тука Вода со зејтин локви пливаа горе и ко една шпагета да искршиле во тој тањит и морковче тук-там и мирисаше на хлор....ама пусто мртва гладна 3 дена морав да ја каснам
Бреј.. шо кувар вработиле јас пред 3 години таму кога раѓав, храната беше вкусна.. убаво домашно богато зготвена... или исто може сум била многу гладна, па ми била вкусна А сега овој пат во Ремедика дека првиот ден нема јадење, вториот ден како за врапци, третиот ден ми се собра желудникот и после сите денови јадев како врапче дома едвај си го вратив апетитот со б комплекс
Ваљда така мора по царски.. природно породените кркаа од старт мени кое го бираат сами, а ние царски тек 3ти ден сами си биравме јадење..