Бидете среќни и со тоа. Мене ништо не ми дозволија два дена. Тек третиот. И тоа пак за врапци. Супа, двопек, јогурт. Бејкролсот дури сладок ми се виде. Ми носеа моите од дома.
нели првиот ден они кажуват што ќе јадеш ради цревата и храна за стимул на млеко. . леле прв пат у живот да ми оди пире и ориз да јадам во исто време па тие кроасаните со путер мх мх мх. жими се ќе раѓам пак само за ова
лошо. Имам чуено дека во систина е така. ваму првиот ден супа даваат само. вториот супа пире компир за ручек а доручек лиснато со путер и јогурт. вечера не памтам. наредните денови сами бираме од мени.
Тука од прв ден месо ми дадоа . Па столицата сосема нормална, немав мака. Не ќе да е нити стимул ниту ради црева. Шпараат може, па изговор си имаат
Шо вика дафи бидете среќни вие. И јас ко неа само сок од јаболко пиев друго не ми дозволија ни двопек ни бисквити големо ништо. Викаа дур не се прочистиш дома одење нема. А што да прочостам луѓе божји цревата не виделе ништо со денови. Ноќта пред да ме пуштат и реков на мајками (со плачење) да ми донесе супа од петел и веднаш после тоа се прочистив и така излегов од болница. Ако не ми текнеше сама којзнае колку ќе седев таму за џабе
Ваму дури и послужавникот како овој што си го сликала. Ако имаш нарачано пекарски компир за ручек со месо рачунај салата бираш каква сакаш со исто толкав тањир плус супа каква сакаш плус пекарско лебче (кое нема шанси да го допреш зошто нема да стигне на ред од се друго што има многу) плус благо. Сокови и води носат цело време.Не ми е јасно Мариз колкав апетит има чим не и стигало зошто јас прилично сум ждерач.
2 ми ставија мила. Ништо додека не ја изедов супата џабе беше (се породив во петок супа јадов недела вечерта)
Баш бев зачудена и јас зошто знаев од зборење дека била убава храната а јас ич не сум џимтија но тоа не се дава ни на кутре или маче Понеделник во 12ч.се породив-Гладна Вторник цел ден гладна Среда во 17ч.супата само и за вечера 2 кришки леб со парче кристал маргарин и две лажици големи мармалад од шипки и чај на хлор мирисаше. Четвртокот млечна кифла од фурна Диме и чаша пластична чај и не пуштија во 12ч.на пладне... Е тоа беше моето мени во Чаир...
Бирав 3ти ден мислам, или 4ти веќе? Знам дека последните денови бирав, првите 2 или 3 јадев што ми носеа мм имал слушнато дека од Дојрана било јадењето, ама не сум сигурна oooo сега ја прочитав @LiliBoz ... биле од Дојрана значи, но не се веќе
Абе во Систина нутриционист нели одредува мени по крвна слика Ај мене барем ми донесоа, кога-тогаш, а цимерката со двопекот ја испратија, умре женчето за јадење Убаво за Ремедика, ваму е катастрофа јадењето, штета што не го сликав уствари еве еден доручек, во поклопеното има 2ленти кашкавалче, парче сиренце, 2 маргаринчиња , 3 маслинки, 2 мали резанки краставица, 2 резанки патлиџанче.. @pile30 а па ваму една супа што имаше иста ко твојата само не мирисаше на хлор и количина не повеќе од 100мл