Јас сум со првото царски, сега и со второто исто царски ќе сум по препорака од докторот што ќе ме пораѓа и од гинекологот што ми ја води бременоста. Ми препорача 10 дена пред термин да закажам. Со лесно.
Ми закажаја 10 дена пред термин со царски, уште малку па ке си ја видам мојата втора принцеза . Ама мн се плашам да не тргне нешто наопаку уф, кажете ми како е подобро со целосна анестезија или спинална?
Спинална, таман и одма ке си го видиш бебчето Јас целосна имам примено поради друга операција и освестувањето е многу потешко, бар мене ми беше...
Јас со првото бев со целосна, сега по препорака од гинеколог и доктор шо ќе ме пораѓа спинална. Подобро било со спинална. Со лесно и без страв, Господ е голем.
Фала мајки, и јас сум со првото со целосна немав некој проблем убаво поминав ама овој пат сакаат со спинална... Докторката ми кажа дека со целосната исто анестезија идело и во бебето а со спинална не. Па сега со Господ напред се да биде во ред. Колку од прилика временски трае операцијата?
30-45min Ништо страшно не е . Мене ми е убаво искуство. Ќе ти муабетат анестезиологот и докторот, нема да сетиш кога поминало времето.
Нема ништо да сетиш. Максимум толку. Мене некаде 8 ме боцкаа, до кај 8:10 почна да делува , во 8:40 бев во соба.
Зависи. Ако се е ко што треба за пола час е готово. Бебето за 5 мин го вадат потоа ти лета времето зашто ќе го видиш
Пак јас со лузната од царскиот Се познава И сакам да обледе малку...да мачкам некоја маст за лузни или доцна е скоро 8 месеци после операција? Мислам дека првите денови помалку се познаваше од сега...
Пробај мајка,освен пари нема што да изгубиш. Земи цикатрикс од зегин, ја фалеа луѓето кога работев таму. Над 1000 ден е.
Здраво мајки Имам едно прашање бидејќи сум малце преплашена. Поминати ми се неколку дена од термин..бев пред 2 дена на контрола ми кажа докторот отворена си 2цм. Денес бев,вика само пола сантим плус си отворена Синко веќе 4кг и 200гр стигнал,не јадам многу но докторот вика џабе што не јадеш,он зема од тебе... Без болки сум а се движам многу,многу споро се отварам,со царски не сакам,знам дека треба време за опоравување...плус и останува стомакот (а и јас многу се поправив ....) Сепак,ми кажа да почекаме до понеделник,па ќе видиме после...Совет??? Како да се отворам побрзо,што да правам... Ве молам за искуство до царски,Како се опоравивте после царски,како се ослободивте од вишок килограми и кожа... Фала ви многу
@Angela M. T јас лично многу брзо се опоравив, додека ме испуштија од болница како нова бев. Критичен ми беше само денот после царскиот, ме болеше многу, ама добивав терапија за болката. Предноста со царски е што долу си читава, така да се изразам, немаш проблем за седнување и одење во тоалет и така. Мада не значи дека природно потешко ќе се опоравиш, многу фактори се во игра (дали ќе имаш епизиотомија, дали и колку ќе испукаш и сл). Има и добри и лоши искуства со царски, еве прочитај низ темата, ама како и да биде, не треба да се плашиш, се поминува брзо
Недела дена после доаѓање дома бев на стара килажа, а сега после два месеци сум послаба од пред бременоста Највеќе е генетика, плус зависи колку кг имаш качено, јас имав +9. Стомакот ми спласна уште во болница, кај мене се во стомак беше само Знам не е кај сите така лесно, ама јас воопшто немав проблем. Олеснително беше и што после царски си само на течности три дена @Angela M. T
A sto ima vrska ostanuvanjeto na stomakot so carskiot? Vo bremenosta nakciv okolu 16 kg kade site se cudea,od bolnica izlegov bez stomak. Posle nekolku meseci si se vrativ na kilazata od pred bremenosta ama teloto ne e isto. So carskli sum porodena. I se izvinuvam za latinicata.
И јас баш истото сакав да го прашам. Со царски бев породена, за една недела имав рамен стомак. Ни мидер носев, ни ништо. Мислам нема врска начинот на породување, колку што е генетика во прашање.