Ангела јас дум породена пред месец дена и веќе сум на старата килажа. А и мешко скоро да го нема. Си се повлекува на место. Тоа треба најмалку да те загрижува. А опоравувањето е индивидуално. Некој побрзо, некој поспоро. Мене ми беа потребни недела ипол две да се вратам на старото.
Колку време што треба за да порасне мешето и да се истегне кожата, толку време и треба за да се врати, кај некои многу побрзо се собира, а кај некои поспоро и не зависи од природен и царски пораѓај. Со првото сум природно породена, големко ти кажав 4.4кг и стомак имав до 5,6 месеци од пораѓај, по пораѓајот неможев да се гледам цел растресен, огромен... Нормално дека повеќе се поправив, повеќе време требаше да се оправам, ама успеав скроз да ослабнам и стомак да ми се израмни до првиот роденден на синчето. Ич да не се секираш за тоа, ако нешто се сака, се се може и ке си ослабнеш, ке се стегнеш не се грижи Со второто помалку се поправив, девојче, 3800гр се роди, царски.. очекував по царски дека стомакот поспоро ке се врати во нормала, а за ептен брзо време се врати рамен, па дури и по пораѓајот не беше голем, ни растресен Еве ме 4м од раѓање, со скроз рамен стомак и само 4кг вишак на мене. Бидете вие живи и здрави, за другото само желба и ке биде. И за уште ова да ти кажам за пораѓањето, што и да правиш е џабе, гледај психички да се опуштиш... Чим си се подотворила малку ке биде за брзо. Со првото неотворена ме задржаа, за рок од 12 часа од задржување во болница јас си се породив
Прва бременост ми е,неискусна и млада,па мислам на се ...Башка и дека многу се имам поправено па се плашам како ли ќе се вратам и затоа многу прашувам .. Повеќето што ги познавам ми имаат кажано со царски е потешко да се вратиш во поранешната форма,подолго време треба за да се вратиш на нормални активности и многу други работи... А тежината на бебето игра улога како ќе се одвива пораѓајот? Дали ќе биде природно или царски? Не јадам многу,а докторот ми вика синко твој за 2 дена 200грама накачил,зема од твоето тело џабе што не јадеш многу.. Фала ти многу
Jas se zdebeliv 25kg.vo bremenost 3 dena odnporoduvanjeto imav 15 kg pomalce ... stomakot go snema Pomina mesec dena i sum na stara kilaza Bolki posle carski ima normalno ama malce i barem se na edno mesto a od spontano poroduvanje mislam deka boli poveke i sekade ...
Значи само јас се немам вратено на старата килажа Јас царски бев ама само следниот ден ми беше тежок после тоа се движев најнормално и одев во тоалет нормално и можев да седнам и да станам без проблем. Се капев како и обично. Крварев многу кратко. Носев повисоки гаќи над раната и толку. Со лесно
Прва бременост почнав со 70, на пораѓај бев со над 100кг имав и отоци многу, ама сепак многу се поправив, но за 1год се вратив на 76кг. Втора бременост со 71 почнав, 87 на пораѓај, сега 4м по пораѓај имам 74кг. Не е потешко по царски да се вратиш во форма, потешко е да вратиш во форма ако повеќе си се поправила, без разлика како ке биде пораѓајот. Но ти викам со желба, мотив, напор ке си ослабнеш колку што си сакаш. Инаку ти пишав, карлица мерат со една железна направа (бар во Чаир така), па одлучуваат дали може да се породиш природно Немој да се плашиш, не е битно како ке биде, битно е да сте добро двајцата. Со лесно, денови те делат за средба со бебето, мисли само на тоа
е баш врска нема дали е царски или е природно. Ако пазиш што јадеш како и да е ќе си дојдеш на себе ич не му ја мисли.
@didisi мерат, и мене ми ја мереа карлицата во Систина со еден голем метален инструмент. Ништо страшно, и јас првпат видов такво нешто и дознав дека постои
Јас дека многу се поправив и едвај ми ги допреа карличните коски, ми идеше тоа железното да го земам и од глава да им го треснам, викнав дури кога ми мереа, ми го заби во колкови
Во бременост се поправив 12кг, дома кога дојдов имав +7кг, за 1недела +4кг, за 2месеци ги симнав и тие. Сега по 4м сум -1кг и можам да кажам дека полека се враќам на старо, во изглед се мисли, бидејќи џабе вагата што кажуваше јас како морж се осеќав ама и откако добив понеделников мислам пола спласнав За мешето, јас си дојдов дома со меше, баш гледам на сликите ми е огромно, а реално не ми беше толкаво, ама како кифла сум стоела на сите слики сепак го имаше.. Мидер ставив веднаш, носев само денски, за спиење вадев, веќе немам ич меше Сега уште да пукне пролет и да шпартам со количката, па да се затегнеме колку толку. Додека дојам јас не би вежбала, а имам и дома справи, па ќе биде и тоа еден ден Туку во годиниве со инф имам накачено +10кг реално висока сум и претходно бев скелет, ама со +10кг не се сакам, така да уште 4ри да симнам од сега и ќе бидам манИкенка
Прво ко ќе те примат на болница ти прават цтг и примаш антибиотик инфузија. После ти ставаат катетер па анестезија (во некои болници прво ставаат анестезија па катетер ама и да не е така мене ставањето катетер не ме болеше). Потоа скалпел па го вадат бебето те шијат и те носат на интензивна. Катетерот другиот ден ќе ти го извадат и ќе ти го донесат бебето. Сумарно и не е така страшно ко шо изгледа. Со лесно
Мене не ме мереа Јас уште 10 да симнам треба. Ко прасе сум. Нозе-солунски диреци. Газ-2×кардашијан!! Раце - свадбарки
Толку многу се поправи или накачи по пораѓај?? Бидејќи се сеќавам на хроно беше пред да забремениш и се фалеше дека си тип топ, освен нели затегнување што фали