Влегов во сала, прво ми ставија спинална и легнав. После тоа катетар и апарат за притисок. Ми ставија завеса и не гледав ништо. Си зборев со анестезиологот и сестрите. Го извадија бебуш, после шиење. Од сала ме однесоа на интензивна нега и после тоа на одделение.
И јас имав качено +13 ако добро се сеќавам. Се породив со царски и веќе на пуштање дома функционирав најнормално како да не сум била оперирана. Дома дојдов со +3/4 кг и стигнав до +2. Мешето уште малку не ми е вратено, мидер не носев. И денес си ги имам овие, ама мора да признаам си јадам, и благо прилично си внесувам. Туку само мене ли ми се чини дека нозете ми се пораснати. Се обидов да носам штикли од пред бременост и ми се чинеше дека ми се два броја помали. Едвај 1 час издржав. Или ова дека не сум носела штикли повеќе од година. бременоста ја поминав во патики и балетанки, а сега сум скоро цело време во патики. Или да си се помирам дека нема носење на старите штикли и да почнам да си купувам нови
Прашање за раната од царскиот рез. После колку време престанува чешањето, после колку време местото престанува да боли и после колку време местото се чувствува како свое т.е не е отрпнато? Кај бебето на устето има како плускавец што оди низ целата должина на целата долна усна. Дали е можно тоа да биде од некоја алергија или воопшто не е плускавец?
1. Раната речиси ич не ме чешаше, но чат пат до кај првиот месец ме зачешуваше. 2. Престана да боли уште во болница, ќе приболеше уште 2недели и толку. 3. 4м како сум породена уште не го чувствувам местото скрос убаво, уште како отрпнато ми е, уствари над го чувствувам, под не некои 2см. Сево ова е за мене, така да индивидуално е За прашањето за бебето, веднаш да се обратиш на педијатар!!! @Ano имаш уште задршка на течности, ти отекуваат нозете, затоа ти се мали чевлите Јас ги носам истите, скраја да е да ми омалат, толку од штикли, број 41 носам
Немам задршка. Воопшто не ни имав проблем, веднаш после пораѓај и тие малку отоци што ги имав спласнаа. Криво ми е за штиклите. Дел од нив нови ми се. Едни дури во бременост си ги купив и не се ни сефтисани Ке почнам малку да ги стегам нозете во балетанки и покомпактни чевли па ќе видам што ќе се случи.
Немав отоци, истиот број остана, ама дефинитивно сега морам да носам поудобни обувки. Толеранцијата за штикли ми е на нула или било што потесно. Да можам, на работа ќе одам по патиките за трчање
За мерак, по дома Инаку повеќе од 3год. сум породена и кога ќе ставам штикли одам скоро како ќерка ми кога ќе ги облече Нешто се десило и со мојот центар за рамнотежа
@Ano јас сепак викам дека имаш, плус доиш па верувам течности внесуваш доста, а и доста време не си била на високо, па ногата се ,,одучила,, Ќе почнеш, ќе фатите ред пак Едноставно не ми оди во памет да ти пораснала на +30години Јас високи чизми за прв пат облеков на 40дена по пораѓај, немав никаква мака, го шпартав Молот без проблем. Кондури тука скоро носев со штикла 15см ОК бев. Уствари јас и со високи чизми излегов од Клиника
Шмизла Искрено се надевам дека ќе се среди. Во меѓувреме може еден пар покомотни да купам. Инаку и моите сите се над 10 цм, најчесто 12.
Лелеее исто сум ги симнав тие 13кг.во бременост што ги качив но сега се осеќам ко нилски коњ мислам дека кога ќе добијам ќе спласнам ама и градиве ко балони ми се и тоа плус ми прави неубаво чувство но нека ручка синче И јас 10кг.качив во ова ивф со овие стимулации мислам дека највеќе ме поправија но ќе ослабиме сега ќе шетаме ќе затопли поинаку ќе е И јас имам ист проблем дури и чизмите од лани ги носам со хулахопка а си ги носев со чорапче пред бременостабашка што ме боцкаат нозете кога сум на штикла на мекици кај другар на мм едвај додржав па и мидер на мене пусти мерак фустан да облечам а ме стегаше ау ич не ми беше удобно со него... Ништо таман да си се подновиме со некои штикличиња од нова колекција
Јас како што знам воопшто не е чудно после бременост да носиш поголем број чевли, другарка веќе година си носи 1 број поголем, а послаба е од пред да остане трудна. https://www.medicalnewstoday.com/articles/257151.php
Поминаа скоро 3 месеци од кога се породив со царски рез. Проблеми со раната од типот чешање, болка при промена на времето немам, и ниту имав, но некако уште неможам доволно да се опуштам фармерки или панталони да облечам Кога почнавте вие да облекувате фармерки?
Би ти рекла дека е индивидуално јас со фармерки појдов конци да му ваѓаат од раната. Отприлика на 15-ина дена после царскиот.Мидер си носев и не ми сметаа плус над раната ми беа.
Да, и мидер купив, но денес утре, оваа недела не другиот месец, останав со хеланки од кои мие смачено! А депилација, страв мие само да помислам а не да се депилирам!
Имам читано од тежината дека стапалото се шири, да не речам малку се деформира кај некои жени.. на мене тоа ми се случи првата бременост, среќа не ми се случи и вторава и да требаше да носам 42 Цел живот 39,40 си носев, сега 40,41...
Јас се поправив 15кг за време на бременост, цела ја поминав во едни патики и едни чизми наменски купени поголеми ради отоците. После пораѓај се вратив на старите чевли, немам никаков проблем. А за кг имам уште 6 за симнување. Моментално сум на УН. Ќе видиме. Ама па јас ( сум пишала и другпат) беба во газ и во бутови ја носев, стомак ич немав, во 9 месец бев ко за 6 голема