И јас си добив абдоменално ехо. Плус после имав некои глупи крварења секоја недела бев на гин ме гледаа све на абдоменално ехо. На првиот преглед баш на раната со ехото ме гледаше и коментираше дека раната била супер зарасната и надворешно и внатрешно од внатре не се познавало ни дека има рез
На секоја жена која е царски породена тоа и се препорачува, а веќе сите знаат за тоа... На Дани и потенцирале (па и претерал долторот) да пази дека е со 3 дечиња, мала разлика и последното раѓање царски. Мене никој не ми кажа тоа по раѓањето, ама веќе од форумов запознаена бев со тоа
Не е дека не смее ни под разно, туку не се препорачува, сѐ со цел да има време матката да зарасне пред да треба да се шири за нова бременост. Имаме дискутирано веќе, а и имало неколку жени тука кои останале бремени пред истекот на 2 години. Значи зависи и од тоа како ти зараснала раната, како ти е изработена, ... многу фактори се во игра. Но, генералната препорака е таа... 2 години како некоја превенција од несакани случувања. Иако, пак, да не ве плашам, но имало несакани случувања и после изминати две години. Лично, јас би си внимавала со следната бременост после царски, колку време и да е поминато. @danichap значи сериозно едно ехо не ти направија? Колку што знам ехото не е дел од здравственото, и сам си го плаќаш. Мислам... би си платила само да ме прегледаат. Оти ова повеќе личи на врачови отколку на доктори. Не знам.. секогаш кога ќе прочитам ваков муабет, цревата ми се превртуваат.
Буквално само со рака, никакво ехо. Неспремна ме фати во моментот, не ми ни текна да побарам за сама да си платам . Го сфаќам што се фокусираше на делот за контрацепција, за две години три пати забременив и за помалку од три три пораѓаи. Многу е. Ама еднаш доволно ќе беше да ми каже .
Kolku vreme posle poragaj primivte kleksan?? Zosto Mene vo izvestaj Ne mi napisale Da se bockam, a znam Deka se Prima podolgo vreme, a me bockaa dodeka bev tamu t. e do sabajle
Душо, ти се породи? Знам дека требаше да одмараш, но не прочитав ништо деновиве од тебе, до каде си, како се одвиваа работите?
Да Подравка се породи и има ќерка здрава и жива да и е. Мене клексани ме боцкаа само таму и толку, после тоа не продолжив дома.
Da Mila se porodiv, se e vo najdobar red Fala mu na Bog.. I Mene ne mi rekoa a site okolu Mene i ovde sto citam podolgo primale.
Јас здравје боже сега сум за пораѓај со второ наредниот месец, па ќе видиме. Пак со царски бидејќи првото ми е царски.
Мислам треба да си направиш контрола на крвта , резултатот да го види трансфузиолог и он да каже. После првиот царски во болница ми земаа крв и ја пратија на трансфузија т.е резултатот. Ме боцкаа во болница, за дома ми пишаа не треба. По вториот царски ми рекоа да си одам на трансфузија да ми проверат (ги мрзеше или немав добри врски овој пат ) не отидов, останав на тие неколку боцкања дур бев во болница.
4 дена ме боцкаа во болница и ме испуштија за 5дена од тој ден да направам контрола па примав уштр 15дена
Сега прочитав, па и јас да споделам. Мене со рака и со ехо, абдоминално. И на ехо ми најде некој остаток, па требаше по извесен период пак да појдам на контрола, доколку се уште стои да одам на киретажа, или доколку кренам температура или имам обилно крварење..веднаш да одам, среќа немаше ништо. Но претпоставувам си немала некои симптоми па затоа не те провериле. На болница, мислам и таму правеа ехо после царскиот, доколку памтам добро... @podravka и мене ме боцкаа само додека бев таму. Инаку мене раната од царскиот мн ми се познава, не ми текна да мачкам некоја маст за лузни порано...мислејќи ќе избледи. Би имало ли сега ефект да мачкам нешто такво? Има некоја мајка искуство?
Ниеднаш! Сега дури паника ме фаќа кога читам дека морало да се примаат е малку каснам де, три години поминаа, бог ме чувал се да е во ред. Нит на болница ме боцкаа, нит анализи на крв ми направија, ни упат за трансфузиологија спомнаа... Не примав во бременост, но логично е после операција да се примаат
@podravka барај ја Елена. Ќе се боцнеш и на база на тоа ќе ти даде терапија. Јас и пишав на вибер и се договоривме. Одма завршив работа!
Вака кога читам изгледа само мене не ме боцкале ниту во болница, ниту после тоа. Крв два пати ми зимаа, да ли проверувале или не појма немам. Ама се тешам дека цимерката ја боцкаа, дека мене не ме заборавиле туку едноставно немало потреба.
Јас бев без закажано. Немаше ни амбуланта тој ден. Ќе те спроведе низ систем. Пиши и на вибер. Јас исто немав ни упат ни ништо.