Да и мене во Чаир сабајлето кажаа дека ќе си одиме дома и пред да ме пуштат ми направија ехо.Нека те ѕирне.Ќе биде се добро
Mi gi trgna koncite vcera mu kazav deka me boli vika kontrahira matkata .Ne me pogledna na eho se nadevam ne e nisto. Koga pocna da si se dvizis najnormalno?
Ме утешивте со ехото на испуштање. Докторот не ми направи ехо на 40 дена, ама во болница, пред да ме пуштат, ме видоа. Иако немам мака, тогаш само чудно ми беше што не ме виде на ехо. Кукле 2 недели подргбавена,свиткана, ли беше?
Рано е. Мислам дека често во таа фаза мајката сеуште не е фит. Дај си барм уште недела време, после можеш да се консултираш со гинекологот.
Мајки, кога се оди на договорен царски, докторот претходно прави вагинален преглед? Дали треба некако да се подготвам, што да понесам со мене? Кое време од денот го закажуваат? Дали неколку дена пред царскиот рез се прекинуваат клексаните?
Јас ќе закажам царски на 18 или на 19 во зависност од тоа кога е на работа докторот што ќе ме пораѓа, вагинално мислам дека не те гледаат нема потреба. За подготовка: алишта за бебе и работи за тебе( чешел, паста за заби, четка, влошки). Таму ќе ти земат крв и ќе те спремаат за царски. За време и тоа зависи од докторот. Мене ми кажа или петок навечер или сабота сабајле. За клексани незнам, некоја друга членка нека ти каже. Со лесно, и без страв.
Мене вагинално не ме прегледа. Кога одиш ќе си ја земиш торбицата (со влошки влажни....) Мене ми го закажа рано сабајле. Не треба да се подготвиш никако посебно одиш таму облекуваш спавача,правиш цтг, примаш антибиотик. Те носат во сала се слекуваш гола скроз и настапува анедтезиологот. И така За клексани нека те упатат други мамички, јас немам ислуство.
Прв пат ќе раѓаш? Зошто со царски? Инаку, јас имав три царски од кои два закажани. 36та недела одиш на преглед и цтг во болницата каде ќе се пораѓаш кај докторот кој ќе те пораѓа. Со него договарате датум. На самиот ден, одиш во болница гладна, ти прават цтг, ти прават клизма, ти ставаат инфузија, катетер, те прегледуваат вагинално со рака за секој случај. Во сала ти аплицираат анестезија, ако си со спинална, за 5-6 минути ќе чуеш плачење и ќе бакнеш бебуш, ако си со целосна за саат време те будат, и ти даваат бебуш да го видиш. За клаксани не знам Со лес
@Mimmi39 да, клексаните се прекинуваат барем два дена пред царскиот, а после него ќе примаш пак додека си во болница, а по потреба и откако ќе те пуштат дома. Мене мојата докторка ми ги прекина некаде 10 дена пред термин, мада јас не бев со закажан царски. Сепак, за таа работа обавезно консултација со твојот гинеколог, секој случај е индивидуален
Во 39+ ми го закажаа иако докторот кој ме водеше инсистираше порано да ме породат. Па докторот кој ме породи ме смири дека сум покриена со терапија и не гледа ништо сомнително и ми даде фора до недела ако не се отворам природно. Ама ништо од тоа. Во четврток ми ги прекинаа Клексаните недела ме породија. Ми рекоа можам и до сам крај да примам ако почне природно процесот. Не е страшно.
Извини Бубале која недела се породи со царски на закажано, и кој доктори ти беа во сала? Од исти град сме затоа прашувам. Јас сега ќе сум со спинална, првиот царски со целосна анестезија ми беше.
@Пчела @fana @orhidea242 @♡BuBaLe♡ (не знам дали те тагирав, не ги најдов срценцата ) @Sexybaby86 @duffi ви благодарам на сите за одговорите. Сеуште сум опуштена, без многу страв и сакам така да останам. Јас примам клексани и имам закажан термин за контрола на димери, но докторот го планира царскиот баш тие ден-два и сака да проверам димери една недела порано. Затоа помислив дека сака да ми ги прекине порано. Инаку, прво породување и со индикации за царски: бебето е цело време карлично (не се сврте воопшто), претходно хистероскопија, еден абортус, ивф. Плодовата вода беше малку намалена, ама сега ми вика дека е ок. Ова баш и не ми е јасно....Како се врати водата во нормала? Мислам дека не сака да ризикува и рече дека ќе ми закаже царски 2 недели пред термин.