После три години останав трудна, ама со докторката што ме пораѓаше се договоривме ако сѐ биде во ред, да пробаме прво природно. Значи ќе имам почести контроли, цтг, ехо и според тоа ќе одлучиме какво ќе виде породувањето.
јас после неколку месеци два пати добив во еден месец. Бев на лекар да прашам не се сеќавам баш поради која причина ми се случи тоа. И на братучеда од маж ми исто тој период го имала истиот проблем
Моето породување со царски рез помина добро. Но, мајки, боли бе многу. Наредниот ден после породувањето беше најтежок....Се надевам ќе се вратам набрзо во нормала.
И кај мене некаде после месец и пол де појави оскудно крварење. Јас си го протолкував како циклус. Е после тоа чекав да ми дојде повторно, ама наредно дури после шест месеци после пораѓај добив. Сепак мислам дека хормоните се во прашање сеуште не се стабилизирани.
Во систина си така? Гледај да стануваш откако ќе те боцнат со инњкцијата за контрахирање на матката. Внатре има и лек против болка. Ќе ти олесни на почеток. И ќе станува само полесно, без гајле.
Да, во Систина. Приметив дека од таа инјекција ми е подобро и станував колку можев. Од денес нема боцкање. Веќе е подобро. Се движам, да. И си седам, ама сето тоа на третиот ден го правам без проблем, првите два дена беа тешки.
Мене во Ремедика сестрата ме сликаше со нејзиниот и му ги пративме на маж ми на вибер Мене ми рече после 6 мес смее. Секако не планирам, ама ете така рече
колку е царскиот рез во ремедика и систина? каде е подобро? дали сте задоволни ? со првото бев во државна и многу лошо поминав и сега сакам ставно се да биде на ниво и препорака за доктор
изгледа не е баш таа упатена околу здравјето. Потребни се 6 месеци да се зацели резот на матката целосно. А тоа што при следна бременост може да се отвори предвреме изгледа не знаела. Јас прв пат слушам доктор да дозволи следна бременост после 2 месеци. Сите досега ми советувале над 6 месеци до 2 години но не после 3 години.
Една од најдобрите е и Господ здравје да ѝ даде Тоа што ти првпат слушаш, не ја прави неа помалку стручна одошто е.
точно но тоа што сигурно е единствена што така мисли ја прави помалку стручна. И после нормално што се повеќе родилки умираат. Со последнава реченица не мислам на неа туку на нестручноста на многу доктори. Простете ако навредив некого и извинете на тие кои не се сложуваат со мене.
Дали е единствена што така мисли, ние не знаеме. А за стручноста, има кој да каже дали е и колку е стручна. За последното нема воопшто да коментирам, ич не му е тука местото.