Два месеци еј, па ти за тие 2 месеци не можеш циклус нормален да добиеш, а не па бремена да останеш. Се уште матката не е вратена во првобитна положба, или нема тоа врска. И зошто не после 3 години, те молам прашај ја докторката ако не ти кажала, пошто на сестра ми докторот што ја пораѓаше и рече да чека најмалку 3 год, нешто не ни штима во муабетот од твојата докторка. Таа може е стручна не навлегувам ама да те советува дека може после 2 месеци трудна да останеш пак треба да си вон себе или да незнаеш што зборуваш.
Јас после миомектомија со рез како за царски ми рекоа 6 месеци минимум да внимавам да не се случи бременост. Јас после година дена точно останав трудна и се породив со закажан царски на клиника што поради намалена плодова вода но пред се поради миомектомијата од претходно. Бидејќи матката била сечена на докторот му беше страв да не почне да пука од контракции кај лузните од сечењето. А толку сакав природен пороѓај ама ете...Сега имам рез врз рез и ако се решам на трето нема шанса никој природно да ме породи. Ова и во Систина ми го кажаа и мојот матичен и др на Клиника
Јас ќе ти одговорам за после два месеци, пошто тоа мене ми го кажаа, а другата членка нека ти одговори зошто не после 3 год., тоа е нејзина информација од некаде. Прва контрола ми беше после два месеци, и кога ја прашав дали треба да чекаме 2год. за второ, ми рече не, според тоа што гледа на ехо мојата матка е во добра состојба и дека со новите техники кои ги употребуваат за царски, заздравувањето на матката е многу побрзо . И мене тоа ми е ок. Не може за сите да важи еден временски период од едно до друго дете, без разлика дали е царски или спонтано. Пристапот треба да биде индивидуален за секој пациент, затоа што компликација може да настане и по подолг временски период, а може да биде сѐ во ред и после бремености во пократок временски рок. Татко ми и тетка ми се година дена разлика, биле големи бебиња од 4кг и нешто, баба ми ситна, а двајцата ги родила со вертикален царски рез без компликации. Ова е сулудо според мене, ама ете жената за среќа имала издржлива матка, па поминала без компликации. А тогаш ни ехо немало. Јас би зела предвид и како е извршен зафатот, со какви материјали е работено (лепак, конци итн.), па понатаму како е заздравувањето и сл. Ако тоа е сѐ во ред и се гледа општата здравствена состојба на пациентката, зошто да не. Се разбира, со многу внимателност, чести контроли и набљудување.
втората бременост да не е после 3 години. Демек тогаш резот е зацелен и останува лузна која подоцна е потешко да сечеш пак на неа. се сложувам.
Нека кажат другите со два царски, ама мислам дека не се сече врз истиот рез. Еден под друг се резовите.
95 мислам беше ама нешто слушнав 97 направиле да е. Докторите се сите екстра. Се лежи 5 ноќи 6 дена сестрите на дугме ги викаш храната е по твој избор од мени и е преубава.
Една членка напиша дека е 105 000ден. сега. Во мое време беше 95 000ден. За храната, потврдувам дека е највкусна
охоо баеги качиле. На кој основ ова жити се? нема споредба со систина ако збориме за собите . Мада и второ пак во ремедика ќе раѓам ама не ми е јасна ценава..
Абе после природен пораѓај не е препорачливо после два месеци пак бременост, а не па после царски. Шок и за организам е тоа...
Пишав баш во друга тема.. 95.000 царскиот со се аванс. И некои трошкови за мене плус и за бебе имаше. За мене плус за ден лежење пред да родам 3500, тсх и црп некое 1000че мислам фати и за бебе 2000+нешто ситно на посебна сметка. Се на се 102.000 некаде.
Не знам ни јас. Денес ќе прашам. Имаат поскапувања од март, ама ова ептен многу. Јас сепак решив таму да се пораѓам.
Во ремедика сечат некој мм подоле или погоре. Според мене е побезбедно така. Малку платив првиот пат, 106.000ден. Да не зборам и за други трошоци таму.
На истиот рез надворешно сечат, а на матката не. Иначе јас останав трудна после скоро пет години од првото породување со царски рез, па пробавме првин природно да се породам со второво, оти ми рекоа дека матката ми е зацелена како да не сум раѓала. Ама не се отворив и пак морав царски. Според контролното ехо, не сум двапати на исто место сечена, матката има две лузни.