Да. Сеуште, скоро три месеци од пораѓај, се потам, но е намалено. На почетокот беше многу поинтензивно, посебно навечер кога спијам.
Потењето е нормално. Баш си се жалевме по темиве колку се потиме, па и смрткавме малку повеќе. Не се секирај ќе помине.
Сите потиме. Од породувањето натаму, едно три месеци се случува поинтензивно потење, високите нивоа на пролактин играат тука улога, што е важно за надоаѓањето на млекото и воспоставувањето на солидна лактација, а освен тоа, потењето помага бебето да те лоцира по мирисот, т.е на почетокот те препознава по мирис, додека не почне убаво и јасно да гледа. Ќе се стабилизираш. Се што ни се случува после породување си има биолошка улога.
Девојки јас откако си дојдов од болница со малото имам маки со кичмата. Таму на Детска клиника месец дена ништо, а дома скоро еден месец насабајле не можам ни да станам некогаш. Кога ќе станам и низ дома работење стоејќи, седејќи и со бебо не ме боли, а чим легнам или се наведнам пак почнуваат болки по долна половина, па и накај спојлериве знае да се шири. Зарем лошо ме боцнале со спиналната, па сега кога сменив кревет ми се активира? Или нормално со болкиве? Два пати претходно спинална сум примала па сум немала вака.
Уфф за кичма ептен ме болеше еден период едвај се исправував тоа после вториот царски исто спинална па препишав дека е од неа сега поретко. И јас не сум добила сеуште 10 месеци поминаа се ми е страв да да не останам пак трудна ама бев на гинеколог не сум,пред една недела болка во јајниците невидени и сега два дена имам исцедок може сум во овулација па да добијам за две недели.
Од спиналната е. И јас имам повремено болки или кога лежам на грб. Некогаш ги снемува, па пак се активираат.
Феминки, ве молам за совет: тазе породена сум со царски. Дали смеам да носам мидер? Некако чудна форма ми има стомакот. И дали смеам да спијам на стомак? Искуства?
Мене во болница уште ми дадоа мидер, ама ми пречеше па го тргнав. После 2-3 месеци се чуствував удобно со мего. На стомак почнав кога не ме болеше. После недела можеби.
Кога се повлекува стомакот после царски? Кај мене абер нема да се повлече, а веќе 1 месец помина од породувањето, како бремена сум
Кај мене после недела беше повлечен, не се познаваше дека сум родила, но претпосавувам индивидуелно е.
Индивидуално е. А мислам дека нема врска дали е царски или спонтано. Еден месец не е многу, не се секирај
1 месец а? 7 месеци поминаа ко слон сум стомак имам а никогаш сум немала ни кога сум била најдебела. Ми се плачи
Значи да бидам трпелива... Мене со 1 месец ми се плаче, а не па тебе. Внимаваш на храна? Вежбаш? Верувам, шеткате со бебето..тоа малку не помага?
Не сум се вагала за да знам за килажа ама како безвеза да сум проширена... Ко гломазна да сум Не дојам јадам еднаш дневно благо минимално, сок, грицки, леб не, па ќе видиме како ќе биде. Не вежбам иначе.