Одиш примаш инфузии неколку ти ставаат катетер па спинална чекаат да делува (а делува баш брзо) скалпел и еве го бебе
Влегуваш во сала, ти ставаат спинална/целосна зависи. Потоа ти ставаат катетар, апарат за притисок. Легнуваш , те премачкуваат, ти ставаат завеса ако си со спинална да не гледаш. Го вадат бебуш, после шиење и на интензивна
@kostarika ќе ти пишам тука оти темата е соодветна. Веројатно ќе одиш на закажан царски. Јас се договорив со докторот клизма да ставам дома, па во болница немаше потреба од тоа. Утрово пред операцијата прво поминав анестазиолог. Со него ќе разговарате за твојата здраствена состојба и ќе одлучите со каква анестезија одите. Во меѓувреме ти прават крвна слика и примиш две инфузии. Со втората ме однесоа на операција . Самата операција не трае повеќе од еден час. Со тебе е анестазиологот и ти зборува нон стоп. Те боцкаат во рбет доколку си со спинална и почнувате. За некое време чувствуваш влечење и ќе ги извадат бебките. Мене цело време анестезиолог ми зборуваше што прават докторите. Ќе го чуеш најубавиот плач и ќе ти ги донесат да ги бубнеш. После тебе те шијат те средуваат и те носат на интензивна иили во соба. Мене дирек во соба.
Тоа е индивидуално. Јас станав лесно не беше нешто страшно. Ме кренаа после помалку од 24часа.Не одев свиткана. Ама болки си имав секако 10тина дена. Беа издржливи ама јас се осеќав неспособно. После се си дојде на место.
Јас бев 5-6 часа на интензивна и после барав да ме симнат на одделение. Се породив сабота, прво станување во понеделник. Болно беше ама ништо страшно издржливо е. Се истуширав и после секое станување беше полесно. Во средата бев дома. Уште од одма кога станав си ја носев бебушка во раце.
моето искуство беше многу лесно. денес ме оперираат другиот ден станав. дур да излезам од болница скроз бев ок.
Па ги заборавивме (Станувањето многу боли ама ќе издржиш бидејќи од тој момент натаму ќе си со бебе цело време. По 2 недели бев скроз ок)
Јас станав следниот ден сабајлето со помош на болничарка. Потоа, цел ден станував со помош на болничарка затоа што болеше (и тоа многу). Вториот ден пак ми требаше помош, но само да биде до мене за секој случај, да не ми се слоши. Третиот ден се сама правев, и станување и тоалет и прошетка по ходник. За 10 ден бев опоравена . Реално, боли, и тоа многу. И не се заборава. Но, за среќа поминува брзо, за ден/два (индивидуално е).
Фала мами За анестезија дали целосна или другата ќе ја стават да не знаете од што зависи и разлики после нив?
Vo koja Ned od bremenosta najcesto poragat so dogovoren carski rez prasuvam oti jas sekako ke moram da se poragam so carski rez zaradi mojata istorija
Целосна обично ако не е успешна спиналната, не дај Боже. Или ако е ептен желба на пациентката. Ама најчесто ставаат спинална. Јас ги имам и двете анестезии примано, целосна за друга операција, и разликата кај мене беше што после целосната бев гроги, нормално, цела бев успана. А со спиналната си будна, само од стомак надолу не осеќаш. И не гледај видеа како се става спинална, верувај ми
И двата пати во 39, односно три пред да влезам во 40. @Mimmi39 скоро година уште имам стомак а килажа помалку него пред да останам трудна. гардероба не ми се купува зошто продавачките ме прашуваат кој месец сум. Ама тоа е данокот на да последователни царски.
Само стомак сум и јас... иако разликата меѓу царските ми е 5 и пол години, стомакот си остана... работам на случајот да го снема, ама тешко иде...
Леле остај, немам мерак за дотерување. Мене до годината ми беше забрането од гинекологот стомачни да правам. И одев на вежвање некој период, без стомачни, џабе. Во прилики каде трева да се дотерам носам мидер, ама не го можам ич. Работава да се убиеш кога продавачка ке ти рече немаме пантолони со ластик. Јас во прашалници цела и викам не со ластик, обични сакам. А она мене, а кој месец си и тогаш ми стана јасно што мисли.
Epa Taman znaci jas I bebeto zaedno ke slavime rodenden prviot termin mi bese 12 dekemvri sega 8 dekemvri mi kazaa I ako e dve ned ponapred Taman ke e za mojot 34 rodenden