Не се плаши мајка навистина не е ништо неиздржливо. За болење боли да ама ќе видиш дека ќе сакаш да направиш се само побрзо да бидеш способна за да уживаш со бебињата (знам дека носиш близначиња). Кога ќе ти го извадат катетерот ќе стануваш и за во вц и ќе видиш дека ќе можеш. Полека полека никој не те брза, не ќе си на трки. Ќе ни пишеш тука дека не било страшно како што си мислелаСо лесно мајка
Ми се искача надвор ,ми се шета . Скиснав дома . Жива среќна сум сега на цтг ме носат секој ден иначе и по пет ден не излагав.
Знам, но и не припушташ моментално ништо со госпожа Силвана (или силвија како да се викаше невремево ) Уште само малку остана ќе издржиш па ќе уживате во летни прошетки со јуначињата
Договорен царски рез, во кој период од денот го закажваат или нема врска, зависи од докторот и анестезиологот ? и дали сечат на истото место од првиот или права друг рез? и дали боли помалце од првиот царски хихи
Зависи од докторот, ќе се договорите. Мене пример ми беше закажан во 08 часот а ме породија во 11. Мислам дека сечат на исто место, ама и тоа зависи од докторот.
Мајки породени во Систина, дали контролата (после вадење на конците) кај гинекологот кој ве породуваше, се наплаќа или е дел од пакетот за породување?
Мене ме пораѓаше М. Ивановски и не ми наплатија ништо. Плус дополнително идев секоја недела на контрола заради еден проблем и ништо не платив. Па и после 40 дена на контрола пак не ми наплатија.
мами не успеав да станам затоа што ми се стемни и не ми поминуваше додека седев а стануваше полошо и ќе Пробаме пак покасно сега се нервирам што не станувам , не можам да се средам .
Мајка ти се породи? Сум пропуштила, извини. Да ти се живи и здрави бебињата, и ти исто така! Не се нервирај. Полека, не се форсирај, ќе станеш.
Фала не ми се лежи веќе . Со епидурална бев и пробав пак станав два чекори и пак темница и вечер пак. Опа опа може и сиртаки ќе биде вечер . Да не бевме поактивни навечер немаше да бидеме тука
Ете така!! Користи по боцкање да стануваш. Полесно ќе ти биде дефинитивно и ќе добиваш сила! Слушај ме ти мене