Ако прашуваш од религиозен аспект не знам а ако прашуваш од медицински аспект матката е во пуерпериј 40 дена.
Isto i mene, a porodena sum pred 5 meseci. Mi rekoa deka treba podolgo vreme za da se vrati vo normala
Фала многу. Јас сум пред месец породена, ама наредна недела сум на преглед, мислев ако е нешто сериозно да одам на дежурен.
Мами точно една недела од царскиот беше вчера и ми престана крварењето. Нели требаше да трае подолго?
kostarika ti si skoro porodena za kolku vreme ti pominaa bolkite od ranata? boli li anestezijata? katetarot boli li? mene kako mi se nablizuva vremeto panika me faka i strav pred operacija i pustija li nesto za da se smiris
И јас толку крварев. Околу недела крварење, околу недела жолтеникаво, на 40 дена добив редовна менструација.
Па еве од 6 ти ден од операцијата веќе си излегов да го шетам кучето,анестезијата ме болеше како кога боцкаат за крв да ти земат, катетерот го ставаат откако ќе ја стават анестезијата и веќе нема да осеќаш ништо, за болки ми ставаа инекции три дена и веќе четвртиот ми ги прекинаа и навистина немаше потреба повеќе. Страшното ми беше станувањето ,вртењето во кревет ама посекако веќе вториот ден немав потреба од болничарка ни да ми стои во близина за да одам до веце. Да еве сега истече некој партал а вчера цел ден немав . Фала ти сепак.
Цицаат и дохрана после, јадат спијат , добри се ,патронажната така рече таа има искуство за разлика од мене, па ќе и веруваме а во понеделник сме на контрола едвај чекам да видам дали сме качиле килажа фала ти што не мислиш
Се породив пред 4 дена царски со спинална анестезија. Вчера и денес имам ужасна болка во вратот и главата, сеуште не сме излезени пд болница а од овде докторите велат да пијам само што повеќе течности. Но тоа кај мене не помага. Болката е најинтензивна кога стојаѓ или одам, кога лежам не. Ве молам споделете имал ли некој слично искуство, очајна сум ќе не пуштат од болница нема да можам детето да си го гледам
Исто како јас да сум пишувала. За жал околу болките нема да можеш да сториш ништо се додека сами од себе не поминат. Мене ми поминаа за две недели. Пиев кафе кокакола, течности по 4 литри на ден по 2 аналгини на 4 часа. Помала болка имав само еден час по испиените апчиња после пак хорор. Со лесно мајка и нека е здраво и живо бебенцето