Јас од првиот ден кога се вратив од болница со не извадени конци почнав да спијам на стомак, повеќе градите ми правеа проблем од стомакот.
Ах како сакам на меше да си легнам еве 7м сум породена ама страшно градите ми сметаа и си се враќам пак на грб или на страна Дека сеуште дојам и тешко ми иде...а за раната ми беше неудобно до 2м после тоа се најнормално но сеуште ми тркни некој дел од стомакот
Јас денес бев на преглед мојто бебче е свртено карлично матичнио кажа дека можеби ќе треба царски ама уште не се знае 32 недела сум. Па ме интересира да ми кажете ако сакате за сите детали како што од кога ќе отидеш нели за тоа па додека го извадат бебчето и после како што се случува кога ќе си таму. Ваши искуства со царскиот така малку повеќе со детали секакви
32ра карлично, 36та веќе убаво со глава завртена, ама пак ме зафркна и ја извадија царски Баш имам и пријателка пред пораѓај исто 31-33 карлично и беше, а еве сега е веќе 40 и завртено и е
јас сум породена два пати со царски, поголемиот беше свртен карлично и до самиот крај си остана карлично, во твојот случај може да се сврти, имаш уште време. Второто исто беше карлично, 35 недела беше свртено, но сепак се породив царски поради претходниот пат. Нема што да се плашиш оди со позитивни мисли, дека ќе го гушнеш најубавото нешто. Раната секако ќе те боли, колку побрзо станеш толку подобро, колку повеќе ќе се движиш толку побрзо ќе помине, мене ме болеше околу 2 недели, поготово кога се смеев Инаку бев со целосна, не сакав спинална, ми беше страв со неа, не сакав да слушам се што зборуваат. Се што те интересира може да ме прашаш.
devojki kako go nadminavte stravot pred poragaj panicni napadi dobivam koga ke mi tekne cela se prepotuvam 34 nedela sum uste se nemam odluceno kaj koj doktor vo sisina da odam preporacajte nekoj pozitiven doktor nasmejan komunikativen i strucen
Митко Ивановски. Не размислувај за тоа. Гледај да си ги пренасочиш мислите за тоа како ќе си го видиш и гушкаш бебуш за брзо
Огромно позитивно влијание ќе имаш и ќе ти го намали стравот самиот доктор . Јас сум пре задоволна од др.Елизабета Матевска од Систина (не беше за царски беа други 3 гинеколошки проблеми меѓу кои и конизација) . А јас сум емотивец и плачка не видена. Ама Матевска беше крајно професионална и трпелива, ќе те информира за се ,воедно без да ти создава дополнителна паника. Нејзиниот оптимизам,самоувереноста и ведрина ми даваше насмевка на лицето. На секоја моја загриженост знаеше да одговори соодветно и да ме смири. Ми беше на располагање на тел во било кое време . Лично од моето искуство Матевска за мене пред се е ведра позитивна жена , добар психолог знае да слуша и да те смири, и нормално голем професионалец во својата професија.
Уште еднаш од некој да слушнам дека царски било лесно и не болело забите ќе му искршам Вода по колку пиевте првите денови? И како станувањето да си го олеснам? Пошо ни во кревет не можам да се свртам, камо ли да станам. Ме седнаа сабајлево 10мин и не можев да станам а се трудев, боли бе До после сакам, и да се истуширам и катетаров да го фрлам...
не може никој да ти каже дали ќе те боли или не. Се зависи од праг на толеранција на болка. еве мене не ме болеше. можам само да ти кажам дека ако почесто стануваш сигурно нема да те боли како кога лежиш. п.с. вода колку можеш повеќе ама откако ќе помине 24 ч од рез
Мене не ми ограничија вода, напротив, требаше повеќе да да пијам, но повеќе течности значеше повеќе станување и одење до веце . Катетар ми извадија после неколку часа а прв пат за до веце ме станаа после 12 часа. Сама одев уствари, медицинската сестра беше до мене, за секој случај. Некаде после 36 часа, на крајот од вториот ден шеткав слободно низ ходници и бифе. Првиот ден болеше и се виткав од болки... Станување беше лека полека, се препелкав де лево де десно додека мрднам некој цм.
Баш сега докторов ми рече да се форсирам и повеќе течности да пијам, а јас за 3 саати 3л вода имам испиено. Катетаров уште стои, поминати се 15саати од операција.Сеа ќе ме станат и ајде, мечка страв мене не страв Мора да се потрудам
Супер, пиј. Јас немав апсолутно никакви главоболки или контраиндикации од анестезијата. Можеби ме спасија течностите. Како пто кажав, лошото кога немаш катетар е само станувањето за до веце на толку многу течности, ама стварно секое наредно станување помалку боли.
Ќе боли, ти кажав. Ама ќе станува само полесно, потешко нема Јас вода пиев уште на интензивна нега. Во соба ко бунар без дно бев
Боли, боли, и тоа многу. Операција е. Денес ќе боли, утре помалку и задутре сама ќе стануваш. И мене ми рекоа уште прв ден да се истуширам, втор да шетам во ходник, ама лесно е совет да се даде. Реалноста беше друга. Туширање дури третиот ден кога не ми се вртеше и бев сигурна во себе, а дури нареден ден бев во ходник. Трпеливо и со лесно!
Па искрено јас за нијанса полесно поминав царскиот, него природниот пораѓај. Освен болката од раната, друго се одлично беше, па се трпеше. А по природниот пораѓај црнила пред мене, се онесвестував, страшно крварев и доле многу ме болеше испукана и сечена рана, па искрено царскиот ми беше може боље пораѓај Инаку секое станување е се полесно, јас нареден ден сама станав и ми извадија катетар, но многу често стани, легни правев и се шетав до кај бебе. Дома 7ми ден од пораѓај веќе се сама правев, бебе освен јас никој друг не ми го избањал. Брзо опоравување мајче и честитки за бебе, нека е живо и здраво