Вода пиев многу уште на интензивна, така ме советуваа така правев. Знам дека боли станувањето ама секое наредно ќе биде се полесно. Со бебе до тебе ништо нема да ти е важно. Побарај во инфузијата нела ти стават нешто за болка. Ќе помине
Претпоставувам се сврте во последен момент, не ги слушнав докторката и сестрата промркаа набрзина “џабе ќе ја мачиме само”. А и не допрашав, сакав само болките да ги снема и да си го видам бебето. Сама се изјуначив, се извлечкав и седнав на кревет, да не им се лигавам на сестрите на секои саат време да ми помагаат до вц. Ќе си пробувам,чекор напред-назад два, и ќе биде
@Chanell* колку и да боли за 10 дена ќе бидеш како нова. Ова нека те води. Пиј многу течности. Колку повеќе толку подобро. Над 3л обавезно. Патем честитки! Гушкајте се и запознавајте се!
јас еве како најтазе бидејќи вчера се породив Откако решија докторите за царски, прво ти ставаат катетар и те бричат на стомак, една линија. мене ми ставија спинална во чаир, без да прашаат, чувствуваш допир но не и болки. дур трае анестезијата си супер, после со лесно на прво стснување јас толку имам од мене, кско што кажав од вчера сум и ќе.видиме како ќе биде деновиве. Болки имаш ама се издржливи. Мене 10'саати ме мачеа со провокации за да биде природно, така да болката е тотално неспоредлива. Јас само не знам колку време се седи и дали може да се баањаме пошо одвратно се чувствувам
Зависи како ти зарастува раната, јас немав конци туку со хефталица бев затворена ради тоа што ми беше втор царски, од 7 до 10 дена нај касно би требало да ти ги извадат. Незнам како е во Мкд тука кај мене докторот прво ми ја прегледа раната а сестра ми ги вадеше.
Сакам да прашам искуство со царски рез во Ремедика некоја да каже како поминала и како било опоравување? Утре сум прва на список кај доктор Василевски. Нервозна до небо.
Супер ќе биде Со првото бев царски. Во сала сите ќе те анимираат, една сестра ќе те гушка дури ти ја ставаат спиналната, муабети и ќе ти летне како секунда времето. После тоа ќе бидеш некој саат на интензивна, па после во соба ќе те однесат. За тоа време дури си на интензивна, ќе го средуваат бебето, па кога ќе те однесат во соба набрзо треба да го видиш. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
Да, и синоќа малата ми беше во скут а јас се истегнав да изгасам ламба и ми се подизвади еден конец, денес цел ден пецка и наболува, а вадење тек среда .. Немој некоја беља да направив, докторката вика само бетадин мачкање ама шо знам..
Опуштено само, јас само ради персоналот посакав пак да раѓам, и покрај мачната бременост. Може и ќе се видиме таму деновиве
Ајде со лесно. Василевски е топ доктор. Како што ти кажа Нарцис во сала е песна. земи си и тел да ве сликаат со бебе. бебето е надвор за максимум 10 мин така да дур се освестиш ќе ти биде на рака и ништо друго нема да мислиш
Јас до утре 40+4 веќе. Фала ти многу. Знам, во докторов не се ни сомневам. Ова дека сепак операција малку ме исплаши ама ќе се средам со емоциите. Телефон обавезно, даваат да носам в сала така? Ти благодарам драга и тебе.