Јас немав воопшто. Бев со спинална. Е сега не знам дали дека пиев многу течности па ич не ме заболи или едноставно немав главоболки,не знам до што беше работата.
Јас искрено само со градите имав мака не ми испукаа ама дека ми надојде многу млеко наеднаш,умирав од болки кога ми ги стегаа сестрите и докторките. Искрено,сега за второво ми е страв од градите,не од царскиот. Ама ајде се се издржува и се поминува за многу краток период,болките се минливи а љубовта за малите е цел живот не знам ни до кај си ама сепак со лесно да ти е,најубавиот период од животот ти започнува уште малку не се секирај само
Па пологично е високите секогаш да имаат голема карлица, но немора да значи, ретко.. но има и високи со тесна карлица. Еве @LadyC @elena.mak се високи, но мислам беа со тесни карлици. А има па и ниски со широки карлици, знам и повеќе што родиле бебиња над 3800, а да се доста ниски.
Па јас сум околу 150цм висока па со оглед на висината не би можела да имам којзнае колку широка карлица.3 доктори ме видоа пред да ме породат и тоа само така на изглед и одма рекоа дека мора царски да биде.Сега сум бремена со второ ама во Германија сум,па ке видиме до крај колкаво ке биде ова бебе и како ке се пораѓам.
Јас сум поприлично висока, над 176 сум. Тесна карлица, се мачев на бокс и џабе беше. Висината со широчината на карлицата нема врска, секако завршив на царски со двајцата. Се отворив 10 прста, одлични напони и контракции ама се заглавуваа во канал. Син ми имаше мала фрактура на клучна коска од што го буткав силно и изместено рамо, немаше шанси почна да губи тонови. Право на царски. Пола Чаир се собра на бокс тогаш, и сите рекоа дека над 2500 бебе нема шанси да ми пројде низ карлица.
Кај мене главниот проблем за царски не беше карлицата, туку снемав плодова вода. И има врска висина, золва ми пред 5 дена ја породија царски зашто плодот бил голем а она е ситна мала, исто и една снаа моја поради истата причина.
Мене па ми викаа дека обемот на главчето може да биде индикација за царски, не големината на бебето. Во смисол прво испаѓа главчето, тоа е најтешкиот дел, остатокот од телото се лизга.
Главоболката е од анестезијата затоа и после тоа ти викаат да испиеш 3л течности за 24часа за да ја исфрлиш преку мокрача.Мене сестрата во шок соба ме тераше да пијам зошто гледаше во катетарот нема многу мокрача.
Ама имале и мала карлица + ваљда. Свекрва ми 150/160 е, па 4200 бебе родила полесно од 2900 бебе (толку е золва ми). И да пологично е поради обемот на главата @danichap зашто колку па знам им викале, големо бебе, големо бебе и бебето под 3500 или толку макс било, тоа е просечно бебе, не големо. Големо бебе е над 4кг. @LadyC а опција провокација прво во тој случај не е?
Па не сум доктор, сепак они одлучуваат што е правилно, а што не. (Спомна докторката и дека сумња на тесна карлица,ама додека не останав без плодова викаше дека сака да пробаме прво природно, но мислам царски бев дека е на сам почеток на 9ти месец) Инаку јас немав воопшто главоболка, ама се дупнав од пиење сок од јаболко. Ем млеко ми надојде убаво на трет ден, ем главоболки немав.
Здраво, сакам да прашам некоја која се породила царски во систина како помина, колку дена задржуваат и сл.? Фала однапред
јас ја немав, се породив пред два месеци.со оглед на тоа дека два дена не смееш нишо да јадеш пиј многу течности мин. 3л на,ден