@Ѕвездички Не боли кога го вадат, ама мене ми беше езиво чувството. Инаку после него се сеќавам ме пецкаше кога мокрев што е и нормално. Во приватна клиника 5 дена/вечери држат , барем мене лани толку ме држеа во Ремедика.
и јас планирам во приватна клиника да се породам, тоа ми е план сега за сега. Но има се уште време... ќе видам, сега за сега само собирам искуства - за да си го смалам стравот А дали некоја правела алерго тест на анестезија? Сакам и тоа да направам, бидејќи по последната анестезија за пункција, раката каде што бев боцната меногу ме болеше, ми беше подуена, ко укочена, и од тогаш наваму, веќе не може да ми извадат крв од таа вена, ко да се оштети вената, шо знам како да кажам.
На приватно 5 дена држат за царски, катетарот го ставаат после анестезијата, не боли вадењето ама јас го осеќав, како притисок доле, како да ми се моча а не можам да се измочам , такво чувство. Од дома се средив доле, или барем мислев дека сум средена, таму сестрата ме досреди до брич, верувај ми со пораѓајот ти го “оперираат” и срамот, после пораѓај веќе ништо не може да ме засрами. А алерго- тест не ти е потребен, тоа што ти се случило со раката всушност е пукање на вената, за 5 дена во болница мене барем 4-5 пати ми пукна, едноставно такви ни се вените. Ќе си најдат они друга вена, не се секирај, само што непријатно е што инфузијата истекува во раката и отекува, ама па и бргу се апсорбира. Со среќа, со лесно и помалку размислувај.
kolku vreme trae otprilika cel carski od koga ke vlezes vo sala do kraj.mnogu mi e strav od cela procedura
pa ne bilo zanci mnogu vreme,belki ke se izdrzi nekako,jas od strav sakam celosna anestezija ama dr vika deka spinalna ke bilo podobro.mislam deka ke mi bide bas stresno da sledam i slusam se sto se pravi vo sala
Спинална додека да те породат и да ди го видиш бебето, после со целосна те средуваат, за неколку часа се будиш во шок соба. Мене во шок соба или интензивна( зависи како го викаат) ми го донесоа бебуш да го видам затоа што не го видов во сала.Мојот царски траел два часа затоа што сум имала многу вода во абдомен, па ме чистеле, инаку др ми рече требало да трае околу половина час.
Кај мене траеше 2ч (но итен царски беше, со многу мекониум во плодовата), бебе го извадија за некои 5-7м. Од сала, на интензивна бев само некои 10мин дека нозете ми пуштија уште во сала и после право во соба. Во паники бев пред да ја извадат, после тоа на 7мо небо бев
Зошто со целосна после спиналната? Јас бев со спинална и се комплет така ме завршија. И потоа на интензивна.
Ми беше чудно бидејќи кога е се во ред, нема потреба од друга анестезија. А колку трае спиналната ич не се сеќавам.
Пиша членката дека имала многу вода во абдомен, па може не знаеле колку ќе трае чистењето. Инаку мене веќе по 1 саат почна да ми пушта анестезијата. Ама верувам кај секој е различно.
Ништо повеќе од пола саат. Синко одма го извадија и после додека да те средат. Ама на интензивна остануваш некој саат два да поспиеш малку, знам ме извадија од сала да се видам со сопругот и после тоа на интензивна не памтам, ми дале нешто за спиење. Инаку јас не бев со целосна додека да ме средат после царскиот, изгледа кај секој различно.
Кај мене два часа, се извадив од памет кога приметив дека нозете можам да ги мрдам, па им реков, ама рекоа готово завршено е, затворено е се скроз. Не прашав колку траело, ама 9:17мин породена бев, а во соба бев накај 12ч, баш кога и се јавив на блиските. А на интензивна толку, 10мин макс, само што ме донесоа и реков кога ке си одам во соба? Рече сестрата нозете да ти пуштат прво, ама викам пуштени ми се скроз и ги свиткав до горе, па рече супер одма ке те префрлиме во соба, само навака натака додека дојде некој да ме земе, 10мин понинаа.
Јас се породив во 11:40, а во 12 бев на интензивна. Таму седев до 5 или 6 не памтам точно и после јас барав да ме симнат на одделение. Нозете ми беа пуштени ама ич не памтам кога точно ме пуштија.
Различно е изгледа во секоја болница... Ваму мислам нема многу место на интензивна, па ги префрлуваат брзо во соба, а во државниве сум чула така по повеќе саати дека седат. Бидејќи како што приметив еден ходник е, не се само породени жени, туку има и други пациенти. Бар колку што слушнав и видов до нас имаше мајка со 4,5год детенце... ова за Ремедика.
Мене како што првично ми објасни докторот и како што сватив, целосна анестезија се става каде што постои ризик од прекумерно крварење и варијации во притисокот на мајката. Веројатно и други состојби се индикација за целосна анестезија. ако можам да бирам би избрала целосна анестезија се уште не знам
Мене па не ми кажаа да бирам... ме однесоа и таква ми ставија. А имам примано пред тоа два пати целосна анестезија и мислев дека со таква ке биде, ама немаше компликации и со спиналнава, имам дури и скулиоза, успеаа да ме боцнат, со контракции и јаки болки на 30сек, седи мирна ми викаа, а цркав од болки. Јас да можам да бирам сега, спинална би одбрала, од целосните многу тешко ми беше отпосле..