Јас со докторот се договорив со спинална, ама гледам претежно што ги прават царски користат спинална. Нормално има и исклучоци. Мене страв ми е од целосна многу незнам зошто. А со спинална супер поминав, и боцкање и немав болки никакви. Ако пак би се пораѓала царски, пак спинална би одбрала.
Obavezno stavaat katetar za carski rez no stavaat koga ke te nosat vo sala i posle anestezija taka da nisto nema da osetis a za vadenje voopsto neboli. Jas imav dva carski reza i na dvata katetarot mi go stavija posle anestezija.
Јас се породив пред два месеци во ,,плодност`` во Битола исто така царски со спинална и воопшто не жалам, пред да влезисх во сала ти стават инфузија и ти прат цтг, после те носат во сала ти ставаат анестезија која болката е исто како инексија во колк да ти ставаат и одма ти се здрвуваат нозете и секако ко ке ти го местат катетарот ништо не сеќаваш и мене многу кратко и брзо ми се виде се се одвиваше брзо ги слушав како си зборуваат анестезиологот цело време те прашува како си дали си добро и најубавото- плачот на бебето ти го даваат да го бакниш да го видиш и не ми ставија целосна анестезија ме однесоа на интезивна и за отприлика два сати почнав да ги движам нозете ко ништо да не било не се плаши воопшто тоа е најубав момент кој ќе го паметиш цел живот и се извинувам за долгиот пост
Ве читам сите, и се помалку ми е страв од процедурата за царски рез. А какво е опоравувањето после? Кога почнавте да функционирате понормално?
Јас многу брзо се опоравив, да не речам побрзо од првиот природен пораѓај. Од старт сама ја бањав малата, без помош. Плус сама бев со двете дечиња дома. После 6,7 дена да речеме супер функционирав, дека 5 дена во болница бев. Дури дека немав високи гаќи, сите на рана ми фаќаа, бев да си купам со мм Со кола бевме секако, ама се движев без мака. Дома и скали имам, гајле немав. Колку повеќе ке движиш, се полесно ке биде, само не треба тешко да креваш. Многу е ниско раната, па кога се напрегаат мускулите не боли толку... Искрено имав операција на слепо црево на 17год, тогаш 7 дена во болница не мрднав, 7 дена дома лежев... ама повисока рана, повеќе ме болеше од царскиот рез. Не е воопшто страшно, иако и јас мислев дека ке биде многу пострашно и потешко.
А резот е секогаш хоризонтален? можда е смешно прашањево, ама сум видела на плажа некои жени со вертикален рез.
Прилично брзо. Само првото станување од интензивна ми беше болно,после ко ми го извадија катетерот станував многу често оти пиев премногу течности. По 5 дена на болница,дома сама бев со бебето,сами го капевме со мм,општо бев сама цело време за се. По точно недела од пораѓајот возев кола секој ден бидејќи одев до поликлиника да ми ги ставаат фраксипарините. По 10 дена,бев во градот кај што се породив,па наместо мм да оди и да ја пријави малата за извод,тој седеше со неа в кола а јас го вртев цел град пешки значи првите 1-2 денови можи ќе ти биди малку потешко,после станува се полесно,имаш сила покрај бебето
Па повеќе се прави со тој рез во денешно време... Мене ми е малку крива само, дали од брзање или незнам зашто Имам и скулиоза, па си викам може право си сечеле они, ама поради искривеноста што ја имам, кога си дојде стомакот на место, раната испадна крива, ама ниско е и немам гајле. Плус ептен избледи..
Претежно хоризонтално сечат сега и ниско. Мојот по 3 години не се познава, танка бела линија е и е многу под линијата на гаќите, се лудев како го извадија од таму.
Мене ми имаа 10 препишано,на болница ми ставија 3,после дома уште 7 допримив. Морав да издржам,мм е многу голем паничар и иако на толку движење низ Бт морав да издржам,атер за малото.
На резот од левата страна ми се вцрвени и малку го притиснав ми беше загноено.дали е нормално во понеделник треба на контрола да одам.
Не сум сигурна ама мислам дека конецот како навнатре да влезе можно ли еи затоа ми загнои.страв ме фати сега.