Ама пак сум во нивни раце. Еве сега пак ми протече раната и утре ќе одам таму. Да имам избор друго е.
И мене ми се инфицира раната. Ми велеа да не ја натопувам, да ја чувам со лепенката, и така една недела. Сега пијам антибиотици, ми земаа брис па во петок резултати
Мене па цело време ми викаа да ја туширам. Немав лепенка од ко ми ја извадија таа во болница. Само 1 газичка.
Кај се породи ти? И јас немав лепенка и се туширав најнормално, никој ништо не ми рече дека треба посебна нега.
нема потреба од посебна нега ако се поминало ок. јас директ со туш си се бањав и бес посебни препарати ни за под туш ни за мачкање потоа.
Па прво не беше добро затворена, течеше крв (најверојатно) и ми ставаа песок. А сестра ме истушира уште наредниот ден. Рече само гледај да е сува отпосле и толку. Јас ептен сериозно ја сфатив па скроз заборавав на раната
Девојки имала ли некоја температура после царски? Еден час стои 38.5. Пиев парацетамол и не ја спушти. Десети ден од царски. Раната е сува не тече и нема гној. Ноќва ме тресеше, грозница имав. Ладно ми беше. И сега не знам од што ми е. Помагајте полудев
Полни се со млеко,но бебе редовно цица. Едната ја испразни во 12 ч, од другата цицаше во 15 и еве сега ја чекам оваа од 12 да ја празниме. Инфекции сепси смртови на се помислувам
И кај мене не течеше нишш. 4 дена бев така само кај мене се спушташе малку со парацетамол. 4 ден забележав благ оток, за другиот ден да биде мн поголем и местото црвено. Види си ја убаво раната. А може да е и грип, настинка или мастит.
Ќе пратиш до утре ситуација. Сега баш може сѐ да е. Ако имаш време, направи една кс, може да е и вирус.
Тоа ти е од градите ако ти е раната добра. Јас недела ипол бев со тт и со грозници од млекото што идеше.
Јас оток прво немав, а тт дигнав, само полни гради имав кој ми жежеа. Најверојатно е запушено каналче, нежно масирај, види на јутуб како треба, а сабајле трк до матичен. Јас испаничена отидов мислев вирус е, матичната ми рече одма прво соблакај прслукот, ми кружеше со масажа низ гради и одма најде каде е потврдо и каде највеќе жежи.