Девојќи, не знам веќе што да мислам...Нит сум прва, нит последна што ќе раѓа, но јас сум веќе во паника. Вчера закажав самоиницијативно царски рез во Ремедика. Јас имам премногу страв од доктори и од се што се случува. Значи само што ќе помислам на лекар веднаш добивам тахикардии. Еднаш пулсот 160ми го измерија...Првите брисеви не ги направив, а имам некој исцедок, знам дека е некоја инфекција, тоа ми беше причина плус за царски. Но, сега читам многу работи кои ме одвраќаат. Не знам стварно...Се си има свој ризик. И природното знае да биде опасно и царскиот, само ќе кажам Господ нека биде со сите нас. Во Ремедика не прават никаков проблем, само ми кажа докторот без грижи, дека ме виде целата преплашена...Што би ме советувале вие? Сега добив страв од анестезија, а ова дете мора да излезе некако...Како се ближи времето, јас паѓам во депресија, дали изборот ми е правилен....
Прво смири се, не си прва што ќе раѓа, ни природно ни царски. За инфекцијата можат и сега брисеви да ти земат, а може и немаш инфекција зошто во последното тромесечје се зголемува вагиналниот исцедок. Штом веќе си закажала, разговарај со докторот, кажи му ги твоите стравови, ќе видиш ќе ти објасни се и ќе те смири. За тоа дека се може да се случи сите го мислиме истото ама повеќе се фокусираме дека наскоро ќе се гушкаме со бебе и дека се ќе помине како што треба. Мисли позитивно, ете во породилни приказни има многу искуства и од сите приказни едно е заедничко што се е спремна мајка да издржи и што се издржува за да се гушка со бебуш и од таа прегратка се заборава се.
Не мисли на операцијата мисли на бебето. Јас многу се уплашив кога ми рекоја мора царски и од бокс в сала дури одев нозете ми се сечеа, не очекував дека ќе завршам со царски, но ете и тоа помина. Најбитно е позитивно да мислиш, дека се ќе биди во ред, дека ќе си го гушкаш бебчето, др се ќе помини. Со лесно.
Провери дали имаш вагинална инфекција и пробај природно доколку нема никаква индикација за царски. Сега си во паника, но понатака кога се смират страстите можеби ќе се каеш за самоиницијативниот царски. Разговарај со матичниот гинеколог отворено. Сега си дома и мислиш како што мислиш, кога ќе почнат породилните болки нема на ништо да мислиш. Природно си е природно. Размисли пак, разговарај со сопругот, со матичниот гинеколог. А можело ли така да се закаже царски? Не сум слушнала до сега. Ако се закаже на 24ти, а детето сакало на 25ти да излезе? Според што се одредува денот за царски? Мислам да има потреба ок јасно ми е. Ама вака ме интересира доколку некој
Акушерките во болницата каде што се пораѓав не учеа како ако не сме се намачеле на пораѓај не ќе сме знаеле што е да си мајка. Шлакната работа Пак уште кога ќе дојдеа во собата во која лежевме само породени со царски коментираа како не сме сакале да станеме да си ги земеме бебињата, а ние во кома, оперирани пред помалку од 24ч
Чув дека има на државно само за посебни случаеви. Како и се во државата, мора да си посебен нели за на државно нешто добро да ти се деси
На државно ако директорот на болницата ти е вујко може и ќе добиеш. Иначе шанса нема. Тврдам одговорно. @mamaJana сешто ќе слушнеш
Само ако ми речи некој дека со царски сум родила не сум сетила и не ќе сум знаела што е мајка има да јади еден бокс 100 пати е поболно со царски после тоа еве 2 недели поминаа уште боли при станување и уште не е салам зарасната раната. И плус природно пробав и се отворив до кај 7-8 прсти можи и повеќе оти 4 часа дури чекав анестезиолог за царски не ме проверија пак да видат до кај е. Значи мој совет до сите што сакаат царски без индикација НЕМОЈТЕ одете природно.
Се е индивидуално и секој со среќата, сеедно природно/царски. Природно може сто пати да е поболно закрепнуавњето од царски и обратно.
Колешка од работа на државно кажа се породила со епидурална во државна во Скопје и дека така десет деца би родила. Со првото нормално со второто со епидурална. Од таму знаев дека сепак има, јас во Чаир се пораѓав ама за таму викаа немало епидурална... Нешто кажуваше дали со врски или со пари ама тогаш уште не бев трудна па не ме интересираше да слушам и запомнам.
Се слагам 100%. Треба да си бела мечка за да дојде анестезиолог за епидурал при спонтан порагај на ГАК. Од лично искуство
Бев денес кај матичниот и му кажав за првите брисеви, рече дека сега нема врска, дека тие влијаат во првото тромесечие, сега е важна само стрептококата. Му реков дека се изначитав глупости за кламидијата и ми рече ако толку сакаш сега ќе земеме брис, ама инфекциите не се апсолутно никаква индикација за царски. Земавме брис, со спекулум во 9ти месец , му велам ау ова боли малку и ми вика, ааа ти вака не раѓаш природно хахаха... Така да, решив да пробам природно, царски не ми бега ако не бива, па со Господ напред