Мене ми е страв од спинална дека во кичма директно, имам уплав некој дека може да си имам последици. Јас не смеам да одлучам каква ќе сакам? Ме прашува ли мене некој?
Мене во систина анестезиологот ме праша јас како сакам, ако е се во ред. Има случаи кога не можеш да бираш, пример висока хемостаза или итен царски мора со целосна. Но ми кажа дека они секогаш преферираат спинална бидејќи со општа се опива и бебето и покасно почнува да плаче и слично.
Оф,навистина ли е така Несакам нешто да им се случи. Јас ќе морам со царски бидејќи сум со близнаци. Ете ме замисли сега,незнам шо да правам.
Мене повеќе страв ми беше па од општа. Јас бев итен царски, бев со најјаки болки на 1,пола минута, едвај седев како што треба за да ме боцнат, плус со скулиоза сум. На рас два три ме боцкаа, ми рекоа кога ке заврши контракција да кажам и одма брзо боцкаа, но пак во тек на боцкање ме фати контракција, едвај сум издржала да не мрднам. Супер поминавме и немам никакви последици. Не се ли наместени убаво бебињата за природно? Јас имам пријателка прием во 3ч, во 6 веќе природно породена со близначиња, а и на форумов има искуства. А да можам да бирам, ке одберам пак спинална. Имам два пати примано целосна и спиналната каде каде е подобра, посвежа бев, полесно ми беше отпосле.
Не,не, рано е за местење, тек сум 16та недела, од утре 17та. Информативно прашував, бидејќи нели генерално близначка бременост идела со царски. Ако биде се како што треба па и природно не ми е исклучена опција , не е дека сум до толку коркач ( ај да не зборам пред време ) Фала ти на одговорот! Фала ти многу на одговорот!
Зависи. По дифолт се иде со спинална ама мене во Систина ми кажаа дека можам да изберам и целосна но ме предупредија дека ќе влијае на бебе и со неа ќе биде поспано подолго време. Јас поминав супер со спинална, воопошто не ги осетив двете боцкања и со многу течности немав воопшто главоболка. Така да не се плаши Воедно би сакал да ги прашам другите мајки по колку време дозволуваат да се крева бебе? Јас сум 4 дена после царски, се осеќам добро, подвижно, уште имам мали болки при станување и при легнување/вртење во кревет ама не е страшно. Ми кажаа да не ја кревам се уште, ама сакам да слушнам ваше искуство, после колку време ќе можам?
Можеш ли малку да ми раскажеш за самата операција бидејќи ме чека за кратко време исто во Систина? Дали е стресно, што осеќаш?
Ама мојава 4кг е Панчевски на отпуштање ми нагласи да не ја кревам. Сеа за една недела ќе идам на вадење конци па ќе го прашам кога ќе можам. Искрено, јас бев изненадувачки смирена и пред и по операција. Поминав одлично. Ме примија вечерта, сабајлето во 9 ме породија. За 20 мин од качување во сала до вадење бебе и уште 1 саат да ме завршат скроз. После уште саат ипол - два бев во соба за будење, те чекаат да пушти анестезијата односно дур не почнеш да ги виткаш колената. Првиот ден бев супер, вториот ден уште сабајле ме станаа и ми го извадија катетарот и кога сфатив дека ќе треба да станувам за мочање ми падна тешко. Вториот ден ми беше најтешко и физички и психички. Ама точно е како што викаат сите, секој ден е се полесно. Само првите два пати станав со помош после сама си станував. Сега сум дома, скоро се можам да направам, немам многу болки освен тоа што пишав погоре. Многу сум задоволна како поминав, со лесно и на тебе, се надевам ти помогнав
Моето бебче ако не се намести убаво до крај ми рекоа ќе мора царски, па ме интересира, се закажува за тој термин што ни е даден од почетокот или друг одредуваат?
Осеќав тегнење цело време, значи од анестезијата само не осеќаш болка, а допир и друго осеќаш. Чудно чувство ама не е страшно воопшто. Имаше сестра што цело време ми кажуваше што следи и ми каже дека ќе почувствувам тегнење кога ќе ја вадат и цело време го чекав тоа. А инаку ги слушав како си кажуваа вицеви @LoveHope Катетарот го ставаат во сала после анестезијата.
Моето 4300 се роди, откако ме преместија од интензивна кај бебињата одма ми го донесоа син ми и ми го оставија јас се да му правам, со мене беше цело време. Јас да прашам утре 1 месец правиме, 2-3 дена ме боли стомакот како за менструација ама слаби болки и како задебелено го осеќам местото кај раната ама внатрешно, дали е нормално или да одам на гинеколог, страв ми е многу. Исто имам многу болки во половината мислам дека е од спиналната и мене 2 пати ме боцкаа исто како Мариз бев со контракции во сала. Некоја сл искуство со болкава
Уживај опуштисе, јас би одбрала спинална доколку би била со царски само поради тоа да го видам одма бебето
Буден си, свесен. Со мене цела операција беше анестезиологот над глава и асистентот негов. Они ми зборуваа цело време. А докторите муабетеа дали биле во саботата на пазар.
Свесен си и се осеќа само тегнење кога го ваѓаат бебето, плацентата... Мене додуша и рацете ми се здрвија и неможев да дишам оти кога ме прашуваја дали осеќам топло ладно јас осеќав и изгледа повеќе ми пуштија анестезија и јас мн испаничив и неможев да дишам и ко ми го донесоа да го видам јас неможев глабвата да ја свртам и матно ми беше. И жени здравје Боже за второ бебе јас незнам како ќе се решам оти ќе мора со царски а многу лошо ми беше цело искуство ама си велам за 2-3 год ќе заборавам