Битола државна, од персоналот сум задоволна, не е како што кажуваат лошо, туку јас лично не бев спремна за царски сакав природно и цел ден пробувавме природно и мораше царски и така лошо го прифатив и поднесов и многу ме болеше раната, половината уште ме боли многу мислам дека е од спиналната и така.
Леле ај доста не ме плаши сега те молам Thanks , сеа ми е полесно...барем за разбирање! Фала миличка!
Има многу позитивни искуства во темава не се плаши, што е за нас ќе си го поминеме, се поминува, се се заборава битно да е се во ред со двајцата, јас не бев психички спремна затоа така го поминав... со лесно и со позитивна мисла само
Бебе кревање од одма, син ми се роди 4 кг и кусур, лаком газ сите губеа килажа во болница, он со 200 гр плус искочи. Кога дојдов дома после царски, махинално и ќерка ми ја кренав а беше скоро 13 кила ака да ич не се плашете да ги кревате бебињата.
@Emma2 абе ти реков јас ке си земеш слушалици ,ке пуштиш некој добар транс да ешти и на очи краставички . Не боли боцкање,мене електрофореза ми правеа кога лежев мененгитис и боцкаат неколку пати и тоа незнаеш со колкави игли па издржав мушки а не па ти .
Тоа не ми е јасно некои викаат саат и пол некои за 20-30 мин се готови. Каде се породи ти толку експресно?
Има и музика во сала. Кај мене имаше. Баш е опуштено. Барем јас го доживеав вака. Плус ќе ти стават во инфизијата и лекче за опуштање. А боцкањето е дел од секунда, треба да си само мирна и ништо нема да сетиш. Јас сум со напредна сколиоза и на прва ме боцнаа. Не се плаши , ич не мисли на тоа. Кога ќе ти ги дадат да ги бубнеш на 7мо небо си.
Фала тииии, баш ме изрелаксира, дај Боже стварно така да ми биде! Се најубаво мила! Не е породена, и таа е коркач ко мене Од искуство од сестра и збори
Како и да е добра ти е утехата дека за 20 мин сме готови. За некој ден ќе ви раскажам од прва рака како е, држете ми среќа.
Женски на крајот од раната кај што имав инфекција сега кога се средував за на утре за на гинеколок приметив дека имам како прелапнато мефце, како топченце. Т.е. не ми е рамно како на другата страна и мн е цврсто. Многу се плашам да не фатив и кил уште. Како ќе издржам сега до утре дур не ме види др. Аман веќе
Секако дека ти си одлуваш лепотица за која анестезија сакаш.анестезиологот ти ги набројува анестезиите и те прашува која ја сакаш ти барем така беше во мојот случај