Имаме време ние две лепотица до пороѓај макар што да ти кажам право паника и страв имам од првиот момент кога дознав дека сум бремена.ќе речеш ајде тебе втора бременост ти е е па затоа дека знам што е како е паника ме фаќа
Немора да значи дека истото ќе те чека дарлинг, може овојпат скрос друго ќе е , нема ни да го сетиш! Само без паничење, да си ги обавуваме сите контроли и да сме барем потковани до тој момент дека се е во ред со нас и бебињата, а после во рацете на докторите и Господ еден!
Дали доиш? Јас еве 10 недели уште немам. Петокот бев на гинеколог ми рече овој месец нема шанси. Јајниците уште си спијат. Искрено се надевам дека додека дојам нема ни да добивам.
Мислам дека нема правило, исто како и да си спонтано породена. Јас после првиот царски добив три месеци после пораѓај, другарка ми по година, исто царски породена.
Нема некое правило кое важи за сите, се е индивидуално.По правило додека доиш пролактинот е качен и не би требало да настапи циклус.Мене матична ми објасни дека јајниците тогаш се како во менопауза т,е спијат. Јас добив кога синот имаше 8 месеци и можам да кажам дека од тогаш имлекото количински ми се поднамали.
Јас и по првиот пораѓај (природен), добив одма, не ме поштеди ич, некаде по 40 дена. Исто и по вториот царски, по 40+ дена одма си добив. Нема врска царски, природно.
Дали некоја почнала да вежба 6 месеци после царскиот, пилатес, аеробик или сл.? Очајно ми треба физичка активност, а видеата што ги најдов на јутјуб некако не ми се доволно активни за мене.
Веќе 2ва месеци откако помина царскиот рбетот боли ужас кога спијам а посебно сабајле кога станувам од спиење неможам да се исправам и да станам од кревет сигурно од спиналната ако се пораѓам уште еднаш нема шанси да прифатам не се трпи болката секој ден повеќе боли
Јас исто прашував за тоа, ми рекоа феминки да се консултираме со лекар... Може да се вежба, само благи вежби да не е екстремно нешто
Да прашам кога те прават царски дали те шијат или ласерски оди тоа? некои така ми викаат па да прашам
Секако ќе се консултирам, морам прво на контрола. Ама ми се вежба нешто поекстремно Ако дадат дозвола, може да го активирам орбитрекот за почеток
А има ли рана некоја после тоа ? како кога те шијат ми имаат покажано рана шиена од царски и стомакот ти е како на половина