Добив 5ипол месеци после пораѓај и се уште доев. Ќе помине. Нека те измасираат. Нека ти биде топло на грбот. Движи се повеќе. И шијат и ласерски. Зависи кого како ама не знам од што зависи. Мене ми рекоа дека раната ми е лепена. Е сега не знам дали тоа е ласерски. На цимерката и беше шиена и и кажаа кога да дојде за да и ги вадат конците. А цимерката за мојата рече била шиена со потенок конец кој паѓал сам. Не се заинтересирав да прашам доктор што како.
Јас дека имам проблем со очите ќе морам да одам царски , а да им речам да ме лепат може ќе се сожалат инаку и не зависи тоа дали ќе одам царски ако ми пукне водењак и ако сум отворена доволно нели?
Јас бев дека бев повеќе од 12 часа со пукнат водењак, а се имав отворено 4 или 6 прста не се сеќавам. Не знам од што зависи тоа со шиењето и лепењето, можеби докторот одлучува според нешто дали шиена или лепена. Можеби заради обликот на стомакот, салото да мора шиена... Само тоа ми иде на ум.
Не бе душо не се познава ништо една ептен тенка линија само право сум шиена 2ва месеца откако се породив ама ништо не се познава раната.и скрос доле те сечат нее кај стомакот горе.
Ја само чекам некој да ме измасира Маж ми кога ме масира грбот одма ми поминува Еве сега не е е тука ме боли никако не можам да се наместам
Мене ме боли и јас мислам дека од спиналната ми е, плус 2 пати ме боцкаа... Мене ми беше лепена со лепенка а на краевите имам кончиња кои уште не се паднати.
Мене ми покажаа рана добро пред 16 години беше раната ама стомакот беше од конецот како поделен не знам како да објаснам
А каква разлика има ако е спинална анестезија? каква треба да биде? те прашуваат таму или ? кажете ми да знам Не сакам така ептен е грдо , а може ли да си побараш ласерски да бидеш?
Тоа е вертикална рана. Сега е хоризонтален рез , под ластикот за гаќите. Се познава само минимална црта.
Спинална е во рбетот, не го секаваш долниот дел од телото, а си свесен и се пулиш, а целосна е општа на цел организам, значи те заспиваат и потоа те будат. Мене не ме прашаа каква сакам, ме боцнаа спинално.
Јас заборавив да напишам дека 4 пати се обидуваа да ме боцкаат па дури докторот кажа ако не успее и овој пат ќе одиме со целосна да не ме мачи повеќе а јас плачев на глас од болка толку ме болеше што во момент само на господ се молев да ме фати спиналната и да не чуствувам ништо повеќе кога ќе се сетам на ова на цело тело морници ми се крева.
А кај ќе се пораѓаш Овие приватниве прават така ги прават ласерски за другите незнам јас сум породена во систина па за таму зборам.
Ааа сакам да гледам ама па после кога ќе помине дејството господ ќе го видам нели? мислам после тоа боли така?
Врска немам се мислам пошто сум во друг град мажена, а се мислам и во Скопје на државна не знам каде, а даваат ли тел да носиш мислам додека лежиш и имаш ли посета? Некои ми викаат од прозор треба да ги гледаш твоите