Џабе имав кога највише требаа ги снема,само ми кажа лежи и стрписе до сабајле ќе дојдам и одма царски а нит да пренесе на колегите за ако ме фатат болки одма царски да ме прават но мене ме пробуваа 12 саати природно. И тука завршија моите врски. Еве има и други тазе породени царски @Nina 2014 и @Viki tonci нека кажат и они.
Во поглед на третманот во ГАК и јас го потврдувам впечатокот на @monik55. Внимание,позитивни луѓе,подобра хигиена се е во Дефинитивно се согласувам со @monik55 , и јас имам позитивно мислење за Гак, за вработените и нивниот однос, за хигиена и за подршката за нас и нашите малечки. Поминав во три различни оддели и секаде имаа човечки однос и разбирање за нашите стравови
Во охрид од предродилна до сала со возење ги носат за царски и таму само си се префрлаш од креветот на масата за операција и после со истиот кревет во шок соба 2 дена,а за станвењето е индивидуална работа јас се породив во 17:30 и станав сабајлето во 8..катетерот ми го извадоја тек ко ме префрлија на одделение..
Во државна Битола, ме станаа после 24ч, но само дури бев на интензивна ми дадоја лек за болка, а тоа ерготилот за збирање на матката многу боли бе, дури истечи цела инфузија уф уф иначе Битола се креветите нови со далинко. Ги прашав за да ми дадат пак за болка не давале се лачел во млекото, па ми дадоја само аналгин во колк еднаш и толку. Е па сега откако исчитав уште 2 страни ми стана повеќе јасно зошто некој повеќе го боли некој помалку. Значи работата била во лековите за болка, а не прагот на толеранција на болка. Не ми даваа ништо против болка само еднаш аналгин како што пишав погоре. За следен пат здравје ќе барам целосна анестезија оти од спиналната ме изгоре половината.
Не е до болниците Мене вториот царски ми беше многу полесен, а во иста болница се пораѓав. После вториот пораѓај, станав сама, иако сестрата беше до мене. Одма го извадија катетерот и веќе почнав да се движам без проблем. Можеби дека бев спремна и знаев што ме очекува. Ама и парацетамолите што ми ги оставаа, не ги пиев. За трет царски, може од операциона до интензивна пешки ќе одам Ма директ дома
А тоа катетерот боли ли дур го имаш на тебе, како го ставаат како го вадат? Мене многу језиво ми е тоа..
Мене ми го ставија во операциона сала, веќе под анестезија. Не боли после кога е на тебе, но незгодно го осеќаш, баш се осеќа тоа цревцето дека ти е во дупчето од кај што мокриш Јас имав чувство како постојано да ми се моча.. После само незгодно е кога го вадат, не боли, некоја секудна нелагодност е само, го повлекуваат само.
Откако дпјдовме дома имам многу силна болка во едната плешка дури воздух не можам да земам. Може да е нешто реакција од спиналната. Што да правам, некое искуство?
Боли додека го ставаат малце, ништо страшно. Заб повеќе ме болел. Мене ми го ставија будна, ама кога станав чекав само да го извадам. Повеќе е незгодно и пецка него што боли.
Здраво женски...влегов во 8 месец...и поради мојата медицинска историја ќе треба бременоста да се заврши со царски...па почнувам полека да размислувам. Дали имате искуство со целосна анестезија наспроти спонална...затоа што сум тежок паничар и мислам дека нема да можам да издржам будна во операциона сала...некако полагодно ми се чини со целосна...легни заспи - разбудисе и завршена работа....има ли некој информации за штетноста на целосната анестезија?!
Јас имав царски рез со целосна анестезија пред 26 дена, добро ја поднесов. И јас мислам дека ако бев со спинална ќе бев повеќе во паника. Немам никакви последици по здравјето досега. Станав веднаш следниот ден, пиев многу течности за побрзо да се исчисти организмот од анестезијата и сѐ помина во најдобар ред. За следен пат пак би одбрала со целосна анестезија (макар што овој пат не бирав јас, завршив на итен царски)
Најискрено, најтежок момент од целата операција и пресрој во болница ми беше што бев со спинална. Никогаш не би одбрала спинална пак. Се чувствуваш само болка не. И свесен си дека лежиш со отворен стомак. На многу жени не им е језиво слушав многу мислења дека е лесно подносливо ама ете мене не ми беше.
Јас демек на приватно па и мене одма ме станаа. Се породив во 5 вечерта а сабајлето во 7 ме станаа заедно со другата во соба која беше породена од сабајле. Не замија малку и до 9 часот бев преместена во соба. Ни 20 ч не бев на интензивна.
Не знам како е кај другите. Ама јас дека со целосна знам дека кога ме разбудија ми рекоа да станам да се прфрлам на другиот кревет за да ме однесат на интензивна првиот момент бев целосно изгубена нормално од наркозата и реакцијата ми беше ама се ме боли. Дури после се сетив дека се породив па прашав за бебе. Не памтам ни како сум прелегнала ни дали сум станала. Наредно се сеќавам во шок соба кога бев. Имам дупка во помнењето како стигнав до тука. Кога се разбудив прв го видов анестезиологот со кој се искарав пред царскиот. Се помуабетивме. Ме праша дали сум имала киселини во бременост. Нз зш е тоа важно. Сигурно за да знаат дали да очекуваат да повраќам од анестезијата или само да се најде во муабет. Јас сега се зафркавам дека оти бебе има многу коса па сакал да види дали се точни бабините деветини. Хахах Како и да е јас со царскиот ќе поминев мн полесно ако не се чепатев 2 часа на бокс. Дури и грлото и градите после ме болеа од напинање. Со грбот немав мн мака. Дали дека не ме фати спиналот. Макар кога разговарав со анестезиологот за еподурал ми рече дека нема шанси од тоа подоцна да ме боли грбот. Дека од самата бременост болел. Јас со сколиоза живи стравови бев и не го оставив да ме пребоцка па не се ни осмели човекот. Јас и првиот пат очите ќе му ги извадев.
Jas bev so spinal, anestezija fati ama jas imav bolki poradi prethodni operacii na stomak i mi bese uzasno. Bev mnogu isplasena i iskreno nikako posebno ne doziveav ni prv plac ni sredba so bebe vo sala. Za vtor pat bi idela so celosna. Mi dadoa da biram so kakva sakam i mi objasni anesteziolog deka koga si so spinal anestezijata ne pominuva niz bebe, celosna ima protok i niz bebeto ama nisto posebno strasno. Za spinal definitivno treba da imas pojaka psiha i da bides trezvena.