Uste ne sum bila na kontrola. A bolkite ne se mnogu jaki kako nekoe peckanje. I najmnogu boli koga ke se nakaslam
До кога имавте болки после царскиот? Еве три недели и еден ден, а јас уште не сум способна баш за работа по дома. Не можам да се свиткам уште, а ако клекнам станување тешко. Левата страна ми е проблем, бев и на лекар имам внатрешно хематом па затоа болело. Ставам облоги ама пак џабе. Си боли. Раната надворешно ми е одлична, само тенка линиичка како изгребано, ама ткивата околу уште ме болат. И тоа што е потврдо околу ќе се врати некогаш на старо? Осетот ќе се врати?
Се ќе се врати. Не се плаши. Многу си пресно породена. Треба време за да се врати телото во нормала бидејќи цели 9 месеци било во "друга" состојба, не е само резот во прашање. За болката и мене ме болеше некое време ама тоа беше болка онака колку да се рече. Нормално е да боли,но не неиздржливо. Се ќе биде во ред
Здраво, ме интересира дали знаете дали има некоја од вас која скоро се породила во Систина или Ремедика царски со целосна анестезија... Дали е можно да се избере целосна анестезија во овие две болници? Ме интересира колку долго потоа се лежи на интензивна (или во шок соба не знам која е разлика и дали има) прашувам само за овие две болници, дали е дозволено телефон на интензивна... Колку време пред тоа не смееш да јаде и посебно да пиеш течности? Колку време по будењето не даваат вода? Ако ми текне уште некое прашање ќе допрашам... фала
Во разговор со анестезиолог сигурно може да се договорите за типот на анестезија. Мене ми објаснија зашто препорачуваат спинална и се согласив. Ова за во Ремедика. Во шок соба си додека да ти пушти анестезијата и да се префрлиш на друг кревет со кој ќе те однесат, а тоа е кратко, саат, два. Кај мене биднаа и четири ама имав проблем со раната, ми беше пододлепена па затоа. На царскиот (со спинална) го носев телефонот и во сала, не сликаа и ми го оставија па го имав во шок соба, зборував, пишував... Со целосна имам правено лапароскопија и хистероскопија ама немав потреба од телефон па незнам дали би дозволиле. Ама секако нема да ти треба, саат време да си дојдеш при себе и те носат во соба. Претходниот ден јадеш лесна храна а од вечерта несмееш ни течности. Вода добиваш кога ќе те однесат во соба.
Потребно ми е, има причини, ме интересира за целосна ако има некој што поминал и прочитал да пише, фала
Мајки ако може искуство за царски рез во систина? најверојатно ке ме порага Димчев или Костадинов. После колку време станавте, колку време после порагај боли раната? знам дека е индивидуално мегутоа ме интересираат искуства. Со што се мачка раната после тоа, дали има болки во кичмата од спиналната? Фала многу
Во систина првпат те стануваат за 24 часа. Прилично е болно и тешко ама првите неколку станувања се така после се навикнуваш. За болење, боли првите денови, операција е, не може да не боли. Јас цела недела пиев кетонали после веќе немав потреба. Со ништо не се мачка со конци ќе си отидеш дома, дури после медец дена од операција смееш да мачкаш нешто. За нуспојави од спиналната е индивидуално, кај секој различно јас имав неколку недели главоболки гинекологот ми потврди дека се од спиналната. Поминаа и тие и сега после 3 месеци веќе се заборавив како и да е имајте предвид дека царскиот рез е операција, иако навистина брзо се заздравува.
Кога влегов во 36 недела на разговор кај Анестезиологот ме праша каква бирам јас анестезија и таа ја запиша. Он ми препорача спинална и прифатив. Сега да можам да бирам би одбрала целосна. Така да кога ќе дојде моментот анестезиологот ќе ти објасни се.
Јас бев кај Мимоза, презадоволна сум од неа, ептен човечна и пристапна. После царски бев три дена во шок па уште два во соба. Со лесно.
и јас со целосна се породив. Од една страна искрено не е потребна целосна за царски ам од друга страна со оглед на тоа што ќе се има маки со стомакот за станување уште и болки назад ни треба. Со целосна легнуваш секунда треба за да делува и стануваш како 5мин да си спиела. Само исто така треба да се има предвид дека целосната анестезија не де применува кај лица кои имаат низок притисок
Se ke se vrati na svoe mesto.. stomakot boli so meseci, a osetot mi se vrati posle dve godini.. sega me ceka uste ednas se odnovo..