Во 2015 година имав царски во гинекологија Охрид здравје Боже и во јуни исто.бев со спинална анестезија и супер си поминав.најпрво дојде анестезиологот и ми ги објасна неколкуте видови на анестезија.бидејќи претходно немав никаква операција не знаев воопшто која анестезија каква е па со негова консултација се одлучив за спинална каде што бев свесна за време на породувањето.ме однесоа во операционата сала и ми кажаа што понатака дека ќе ја примам анестезијата во грбот.најбитно да го слушаш анестезиолог што и како да постапиш за време на примањето на анестезијата.после породувањето ми кажаа дека не смееам наеднаш да ја подигнувам главата и само да пијам вода и бистар сок.еден ден бев во шок соба а потоа ме префрлија во обична.ден денес јас немам никакви проблеми ни со половината ни со главоболки.сепак тоа е индивидуално кај секоја е различно.ова е моето искуство
Со Господ напред се ќе биде најубо Емче моја ќе видиш.јас вицеви им кажував на докторите кога се пораѓав хахха само за да ми помине стравот кој го имав
болки кога ќе помине анестезијата ќе осеќаш бо стомакот ама не јаки не силни. нормално третирано место сечено не може безболно да помине. повеќе имаш чуство како местото да ти е здрвено како камен да носиш тежи... чудно ми беше кога станував не можев да се исправам целосно.
Фала ти! Хахаха мислиш ја поарна ќе сум, гарант ќе трескам зелени, ќе превртуваат со очи тие околу мене
Се породив во 9:30 ме станаа наредно сабајле во 6. Прво болеше многу ама после 2-3 станувања со помош, уште истиот ден станував сама. Ме болеше можеби недела две, ама не беше неподносливо. Само додека излезеш од болница се најголемите болки ама даваат лекови. Јас немав никакви последици од спиналната, не ни осетив кога ме боцнаа ниту имав главоболки. Анестезиологот ми кажа да пијам многу течности и истиот ден испив може 4-5л вода и сок. Не знам колку има врска тоа ама не ме заболе глава ич. Јас сум многу задоволна како пројдов. Ме породи Панчевски.
Ме интересира искуство со Др. Димчев од Систина за царски, тој ми ја води бременоста и се мислам да ме породи... но знам за природно тека бил топ за царски не сум слушнала.. (пак изгледа претходно пишав во друга тема, ај нема врска )
И јас сум кај него, здравје и мене ке ме порага за 2 месеци . 2 мои другарки ги породи лани царски и беа презадоволни.
Мене царскиот ми беше закажан во 7 наутро. Не смеев да јадам од 20ч претходната вечер, само бистри сокови да пијам смеев
Претходниот ден лесна храна и бистри сокови, вечерта само вода и ноќта до царскиот (ако е сабајле) ни вода.
И јас немав многу влакна кралица ама сестрата што ме подготвуваше за во операционата сала ме помина еднаш со брич пред да одиме во сала и на тоа место кај што ми е раната ме ми растат сега влакна повеќе.ти како сакаш ако сакаш издепилирај се да си спремна ако не таму ќе те средат и готово
Ако немаш многу влакна немаш потреба ќе те видат таму секако после тоа нема да ти растат влакна тука и немаш потреба сега да се депилираш или бричиш