За колку време станавте после царски? требало да мрднам во кревет, да ми е полесно станувањето... Ама се мислам за не сецнам нешто Лежам веќе 8, 9 саата...
Добро најверојатно ист е начинот на станување после 24 часа.ајде како ќе ти кажат така биди ми стрплива.те гушкам најсилно
Честитки!! Нека се живи и здрави, а тебе брзо опоравување Инаку јас бев породена во 9 сабајлето, а ме станаа наредното сабајле, но бидејки многу лесно станав, ми извадија катетар и сама станував по првото станување. За мрдање не ми кажуваа првиот ден, ама си се спуштав/кревав со креветот
После 24ч, многу тешко ми беше мене станувањето, најголема болка во животов Да ти се живи и здрави бебенцата
Наредниот ден ме стана сестра,тогаш и катетар ми извадија,денес лежиш цел ден со трчности и инфузии. Од когс ќе станеш прв пат па секој нареден ќе ти биде полесен на 4 ден барем јас станував,кревав бебе како да не сум оперирана,само полека не очекувај дека ќе можеш првите 2-3 дена да одиш брзо или од wc шоља да станеш од прва. Само смирено и полека да правиш чекори.
Кај се брзаш сега? Лагано само, твое се убавиците и те чекаат Знам колку си нестрплива ама не се форсирај, ти треба одмор. Ќе ти кажат сестрите секако првото станување ќе ти е со нивна помош, после ќе се пробуваш сама. Само на течности и можеш нешто лесно како двопек до првото празнење на цревата, тоа е доста битно после царски рез. Ајде брзо опоравување и гушкање со среќичките
Мене ми го ставија вејќе под анестезија кога бев,а вадењето воопшто не ме болеше,секунда непријатност само.
Најпрво нека е здраво и живо бебето. За да не те боли малку ќе почекаш, царскиот не е безболен. Со лесно
Mene mi stavaa i inekcija vo butot i plus analhin infuzija za da mi se namalat bolkite, kade si porodena?