Женски после колку дена од царскиот ви дојде млеко?? Трет ден ни е денеска, убаво си влечи а млеко немаше до сега, само проѕирна леплива течност А многу сакам да си цица како убаво со сласт си влечи уште да си го полнеше мешето
На 3от ден и кај мене,но напи се хипп чај за лактација една шоља за побрзо да надојде. Мене во болница ми даваа
@fana @Happyinlove се нервирам докторите сега ми велат не сум го оставала да цица затоа немало млеко, а само ноќеска 4 пати цицаше по 2 пати од секоја града
Чај за доилки, бистар сок од јаболко и бебе на гради. Нема шанси да не дојде. Слушај паталец не гаталец. Со лесно.
Трет ден. Лепливото е колострум и е многу важно! Честитки и ќе биде. Треба време да се средат хормоните!
Дојде млекото Туку сега нов проблем кажете лек за страшна главоболка од спиналната Што се не се напив и не поминува почнува и неиздржливо да е
За жал нема. Мора да чекаш само да помине. Неиздржливо е знам 10 дена ме болеше на самоубиство ме тераше мислам. Со кетонал се издржуваше некако. Безбеден е за доење.
И јас имам проблем со главата од спиналната,ненормална главоболка вчера со инекција кетонал помина ама само 8ч,потоа повторно се врати главоболката.Не се издржува пијам и мн течности ама еве џабе.
Ме боцнаа.Помина ама мислам дејството кога ќе помине пак ќе се јави главоболката.Иначе сум породена природно ама накрај примив спинал лајт на бокс
@fana @srekice ме боцнаа кетонал и бруфен пиев џабе никако не пушти, па се напив 2 аналгини наеднаш и пушти, баш сестрата ми рече дека смеам и дека кај секој различен лек делува. @t-sweet и кока кола ми рекоа да пијам многу ради кофеинот.. ајде ке помини за брзо се надевам
Не ,за раѓањето бидејќи неможев веќе да издржам подолго време имав болки а потешко се отварав затоа,а за шиењето локална имав плус.
Мамички подобро е царски со спинал или целосна???? Со целосна после будење знам дека имаш болки долу кај резот ама си без главоболки. Мислење ?? Доколу зависи од мене анестезија да си има во предвид, бидејќи анестезиологот одлучува колку што знам.
Подобро спинална,полесно се чисти организмот него ли од тотална. Нема врска болките со каква анестезија ќе бидеш. Индивидуално е јас ни главоболка немав,ни болки во кичма. А и одма си го гледаш бебенцето
Па не дека ме праша,него ми обајсни зошто е подобро спинална. Не преферираат тотална освен ако не ти фати спиналната