За царски нарочито требаат такви улошки, пошто обилно крвариш ден два. Ги има во секоја аптека. Гаки не верувам дека ке ти дадат тие денови.
Кај вас можда може, кај нас не даваат. И на маж ми му нарачале такви баш да земе иако носев. А со обична тешко тоа крварење првиот ден два.
@fana @Happyinlove @Someday @Viki tonci Фала мами. Ќе ги прашам и персоналот за секој случај. Ама да треба ете знам каде да најдам.
Здраво девојки...може ли некоја да сподели искуство, за царски рез ...ме интересира како иде постапката, од почеток до крај .. дали за царски пречка би било ако си отворена и имаш скратено грло, или ако ти е пукнат водењакот, болки ако имаш и сл... дали ставаат клизми, катетар, дали се болни тие, ... за анестезија кој одлучува каква ќе е др или ние и во која фаза уште во бременоста или? ... ме интересира болката по царски, колку е тоа јака ако евентуално може да се спореди со нешто дали терапијата по царски ги смалува болките и сл податоци...немам искуство па би ми била корисна секоја информација и совети за породувањето и после тоа за побрзо закрепнување... фала однапред
Ќе пробам да ти го доловам царскиот рез околу болките, водењак и слично не можам да кажам бидејќи не знам, кај мене ситуацијата беше друга.. немав болки, ниту се отварав после 2 провокации, а со 10 дена поминат термин. Најпрвин те спремаат со тоа што доаѓа анестезиолог да земе твои податоци, историја, алергии и слично и се потпишуваш за царски рез. Анестезиологот прави преглед на рбетот, бидејќи сега најчесто се изведува со спинална анестезија. Пред царскиот рез вечерта се прави цтг, не смееш да јадеш по 20ч, а течности до 24ч се дозволени. Сабајлето се добива клизма, која не боли,но е незгодна откако ќе се среди тоа, те пренесуваат во салата каде се чека пред операција. Таму си повторно на Цтг приклучена, во меѓувреме се става некаква инфузија, катетар (моментално заболува, повеќе би рекла неудобно чувство). Откако ќе заврши тоа, со количка те земаат за во операциона сала. Тука започнува "филмот" те соблекуваат гола, ти ставаат капа, па те ставаат на некаква маса, анестезиологот ја става иглата во кичма и треба да си многууу многуу смирена, не смееш да мрднеш во тој момент. Започнува дејството на анестезијата, пред тебе се става нешто како завеса за да не гледаш, но слушаш се.. Во мојот случај анестезиологот дрдореше, кажуваше смешки со цел да те дефокусира не си свесна, како во некој полусон или како да си пијана е чувството, се осеќа самото вадење на бебето, како да влечат нешто од тебе, се осеќа и шиењето, но не како болка, туку како стисок. Откако ќе го извадат бебето, го слушаш најубавиот звук , кажуваат негови мерки и ти го даваат да го бакнеш и видиш Откако ќе заврши овој филм те пренесуваат во шок соба.. искрено мене тие два часа додека пушти анестезијата ми беше многу лошо, чудно, како да немаш контрола врз себе.. целата се тресев од студ, покриена со ќебиња.. веднаш ќе треба да пиеш течности, вода, леден чај, бистар сок.. за да се исчисти анестезијата. Откако ќе пушти анестезијата почнува маката.. боли, навистина боли, даваат инфузија и лек против болки, но не помага многу. Боли. Најдобро е станеш што поскоро после операцијата бидејќи ќе мораш да се грижиш за бебчето. По операцијата ме станаа 2 пати со болничарка правев неколку чекори.. не можеш да се исправиш, крвариш обилно. Не би можела да споредам со друга болка бидејќи не сум доживеала, боли навистина, но се издржува во секој случај... таму ни ги донесоа бебињата да ги видиме другиот ден се префрлив во обична соба каде немаш помош за станување, миење, затоа е најдобро што поскоро да станеш по операција. Откако ќе те сместат таму ти ги носат работите и бебето во креветче до тебе. Нема јадење уште 2 дена минимум, само течности, колку можеш повеќе, вода, сок од јаболко, леден чај... Болките се издржливи, тогаш сфатив колку е храбра една жена, мајка која издржува се за своето бебе Добиваш терапија за болки и клексани против згрутчување на крвта. Крварењето е обилно и имај си доволно влошки. Се надевам ти доловив како би изгледало се... со лесно
Лелеее , јака ти душа , алал да ти е тебе и другите што сте поминале кроз сите тие болки Не бе, какви деца, какво раѓање, не доаѓа у обзир, поарно на заболекар ќе си одам со песна отколку да трпам такви породилни болки и крварења. Аууу ми се одмили скроз.
Мила бравоо, секоја чест. И убо го опиша плус. Јас ќе бидам со целосна анестезија. И после таква анестезија имаш болки така?? Мислам дури и подолго време. То е што е. Битно ми е во ред да е се, па ќе се издржи. Уште еднаш браво за тебе мамичке
Уфф исто и јас си викав така, бев исплашена многу до последен момент, но вреди... може е клише муабет, но навистина така било.. во секој случај се во свое време кога ќе си посакаш
И јас сум утре на консултација дали ќе идеме царски ,веќе ја трошиме 38ма недела јас општо се плашам од самата помисла на породување.Рана е рана дали доле дали стомак,сечено шиено болка е во секој случај.Но се издржува и поминува
Не знам како е со целосна, претпоставувам будењето трае подолго.. болките се тие исти... некои се жалат на главоболки,но јас немав.. само малку грлото ме гребеше, а не можеш да се накашлаш од болките... со лесно
фалааа ти многу мила на деталното објаснување и одвоеното време, ќе ми користи секоја информација за припрема психичка, а и совет ... за болкиве баш не ми било јасно колку тоа боли, кога ми кажувале другарки дека плачеле од болки, офкале и сл, се чудам колкава е таа јачина...обично сум мн осетлива на болки и не баш трпам но се надевам сега сила ќе добијам фала ти уште еднаш
Болката од заб е појака од болката после цезареа. И генерално, болките од заби се појаки и од породилните болки. Знаеш какво е чувството кога ќе се превежбаш стомачни вежби и неколку дена после тоа болат мускулите кога ќе стануваш? Е па таква е болката после царски, првиот ден едно трипати појака, после постепено намалува. Колку повеќе се движиш после станувањето, толку побрзо ќе заздрави местото и болката се намалува.
Стварно ? Ја очекував да е ко да те колат на живо другарки така ми имаат опишувано дека офкале, плачеле , си реков ова е нешто навистина премногу болно обично сите викале природно мн боли вака така, е сега во последно време се само слушам царскиот колку бил премногу болен и тежок по операцијата, како ќе ми е тешко да држам бебиња во раце и сл... а и ова со игла во кичма, не ми е јасно што ако мрднеш нели сепак тоа ти е инстинкт нешто што не можеш да го контролираш, како се издржува да не се мрдне дури боцкаат ? Инаку фала ти за информациите
А да ве прашам тие што сте биле со царски.. После колку време се опоравивте?? Првата недела или две ви помагаше некој? Мислам мм нормално, ам плус некој. Бидејќи рана е, а треба повеќе работи Да се напрат, плус и да спиеш колку толку.. Како се справувате првите недели? После колку влеговте во нормала??
Релативно брзо се вратив во нормала, после 10тина дена мислам..отприлика. Немав помош многу околу бебе, од сегашна гледна точка и мило ми е, повеќе помошта беше околу домашни работи, готов ручек и слично.. сама со мм бањање од прв ден, повивање, перење, пеглање...доколку имаш шанси за помош супер..се зависи каква ви е ситуацијата.