Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    cliona и мене ме интересира како помина во ремедика, имав прашање за тебе и во врска со првите контроли и цтг-то (во соодветната тема) па ако може да споделиш искутво... tnx :)
     
  2. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    107 000 ако добро се сеќавам, останавме уште еден ден плус поради жолтицата и тоа не чинеше 3 200, за бебушот околу 5 000 и останатото за лекови, никаде не видов дека ми се направени испитувања за димери :^) Инаку се на се сум задоволна, ако не го земам во обзир моментот со цената |( , за услугата немам зборови, чисто што мене ми беше мноооогу битно, бебуш со мене кога и да посакав, персонал во една смена и тоа за викенд повеќе отколку сите вработени во ГАК, во секое време по 4 или 5 гинеколози на смена, педијатри, еден куп сестри, едноставно нема споредба. Единствена замерка имам на цената... Што е многу, многу е, ама ајде, ќе си рече човек за такви убави работи, нека. Сеуште не сум била на контрола, ми рекоа после породувањето кога ќе поминат 40 дена, па за некои две недели ќе одам. Што ви треба прашувајте девојки, колку можам ќе ви помогнам. :*
     
  3. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    Дали за царски рез се чека да пукне водењакот или дека е на закажано таму на лице место ти го пукаат??
     
  4. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Ако е закажан царскиот рез тогаш ти го пукаат во сала.
     
    На cherry-pie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. amanta22

    amanta22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    jas sum porodena so carski rez iso celosna anestezija samo so jas se razbudiv na sred operacija i osetiv kako mi go puknaa vodenjakot i kako mi potece voda po nozete. znaci ti go pukat vodenjakot otkako ke te uspijat.
     
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Mene mi pukna vodenjakot,pa potoa me pravea carski.Inaku carskiot ne bese zakazan.Denes bevme na kontrola,pravev krvna slika i vaginalen pregled.Ranata odlicno zarasnuva,konceto mi padna pred 3-4 dena...
     
  7. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    И мене прво ми го пукнаа водењакот бидејќи се спремав за природно и многу ме болеше незнам за вас :(
     
  8. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    Фала ви на одговорите, јас ке одам во државна на царски па со господ напред (не е по избор туку морам така да се породам) имате ли некој совети да ми дадете да си знам?
     
  9. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Совет од мене за после царскиот, многу течности. Не ги слушај сите што викаат не пиј вода поради стомакот(ќе ти останел ист бла бла), пиј многу течности(леден чај и вода) за да немаш силни главоболки од анестезијата.

    Ако имаш можност барај да бидеш со спинална, не со целосна анестезија.

    Биди спремна дека е тешко после царскиот, особено првото станување после 24ч од царскиот.
     
    На Cliona, ana.tinkerbell и cherry-pie им се допаѓа ова.
  10. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    девојки какви ви се раните од царскиот? дали се познава многу? како ги шијат сега? сакам со царски ако раѓам по втор пат :rofl: да си се информирам навреме :rofl:
     
  11. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Мила мене скоро и да не ми се познава раната, не сум шиена, туку лепена е раната и ми рекоа дека или воопшто нема да се познава или пак тенка линија како конче.
     
  12. tufica

    tufica Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    да го кажам моето искуство со царскиот... и можам да кажам дека уште 100 деца ќе родам со царски, богами си поминав царски, се породив во 9 часот утрото, а вечерта во 8 станав на моја иницијатива, иако не ми даваа, мм беше со мене, навистина беше тешко првото станување, почна да ми се врти, па легнав, ианку бев со целосна анестезија... после тоа станав пак во 10 часот и веќе беше подруго... утрото веќе почнав да одам по wc сама, сега после 25 дена јас сум супер, како нова, а за недела дена, јас бев старата, освен што ме болеше кога се смеев, раната веќе скоро и ја сменува, бела е станата, ама се мачкам и со една маст... инаку бев шиена.. и како врв на се на царскиот што сум премногу среќна изгубив 10 кила, во болница, а до сега уште 7 кила, уште малце и килажата ќе ми биде иста како порано :)
     
    На Cliona, Beautiful-Princess и cherry-pie им се допаѓа ова.
  13. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Ајде еве и моето искуство. Се породив со спинална на ГАК со близнаци.

    Како прво не боли воопшто кога ти ја ставаат анестезијата (или може тогаш не пука адреналин па не се чуствува болка), самата постапка е језива малце. Операциона сала ладна, зелени чаршави, маски ... Во текот на цела операција анестезиологот е до вас и ја следи ситуацијата. Мене ми се гледаше како траеше секунда. Ме боцна, ме легнаа, веднаш ми се здрви од половина надоле и ништо не чуствував, ме покрија со чаршавот и ОП за секунда ми рекоа- Нека ти е живо и здраво мајка првиот близнак, по секунда второто близначе ги легнаа, ги избришаа, ги допрев за секунда и ги однесоа. Мене ме сошија и ме однесоа во соседната соба. Прво едно добри половина час се тресев иако бев покриена со 5 ќебиња. Одма го пуштија мм(пошто бев со врски :$ ) добив коктел инекции против болка, ми го ставија песокот на стомак и лежев. Дури после неколку часа заспав. Болничарката ми рече многу течности и така беше. Може испив 10литри леден чај и вода и немав гајле, за разлика од цимерките кои се жалеа на ужасни главоболки.
    Е сега после 24ч кога треба да се стане е болно (бар за мене). Јас на првото станување колабирав. Па потоа повторен обид и некако одвај станував. Болничарка во акушерија на одделение за жива глава немаше, нема кој да ти помогне. Па влечи се на лакти,па за една врвка абе ужас. А мора да стануваш немаш веќе катетар, рацете избоцкани со сто канели боли а ти се влечеш, ама па се се заборава кога ќе си го земеш бебето(во мојов случај дупла среќа) во прегратка...
     
    На JustBlack, ana.tinkerbell, cherry-pie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Twinja se super si objasni :D
    Za zal takvi ni se uslovite vo bolnicive...
    Roza jas vtoriov carski tesko go podnesov I psihicki I fizicki,a prviot bese pesna
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Раната после 8месеци кај мене е сеуште розевка, линија, намалена, и искрена да бидам воопшто нема да ми пречи и да остане ваква, дури горада сум на неа, за раслика од сите други белези :lol:
    Сега гледам пишувате течности за после пораѓајот, поради главоболки. Јас бев со целосна анастезија но, немав никакви главоболки кога се разбудив, ни потоа, а течност многу малку пиев, едвај дали испив едно литро. Баш знам ме прашуваа дали пијам течности зошто катетарот скоро празен да ми беше.
    Здравје Боже и второ би раѓала со царски,но со спинална, незнам како но, би собрала храброст додека да ја стават :wasntme:
     
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    MeU ne boli spinalnata
    Prviot pat od adrenalin,vozbuda,strav ne ni osetiv deka mi ja stavija,a ovoj pat bas se fokusirav na toj del I ne boli,trae kratko,osekas nesto tapo nema bodez,nema bolka
     
  17. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    а дефинитивно ако раѓам по втор пат ќе биде со царски :lol: ме убедивте :rofl: уште мажот ми да го убедам за второ дете :rofl: Twinja и со врски така те третираа на оделение? :o кој ти беше врска,сестра или доктор? како може да не ти помогне никој и да колабираш? јас да не се жалам тогаш....без врски ама си поминав релативно убаво на оделение,само со породувањето мака и со раната од сечењето :( уф како болеше.... :(
     
  18. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    И мене еве после 4 месеци лузната едвај ми се познава, а лепена сум, само на краевите со по 2 кончиња. Бледо розева е скоро бела.

    Кога колабирав имаше сестра и болничарка со мене по протокол, ама после тоа тешко се наоѓаа болничарките. Врски имав бааѓи(не дека нешто глумев лудило, туку имав комплицирани последни 2 месеци и лежев на ГАК па откако видов како е што е, се ангажирав и си најдов врски) доктори и 2 сестри, ама на ГАК деф. боље е да си имаш врска болничарка :|
     
  19. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    :clap: twinja :clap: ова му доаѓа како цела ГАК да била твоја. Од кај најде толку врски? :lol: Докторско дете може си? :lol: за болничаркиве се сложувам и јас
     
  20. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Twinja, а не ти ставија локална анастезија на местото пред да ти ја стават спиналната?