Уште првиот ден се туширав,преку лепенка само првиот ден,потоа без неа. И со сапун. Имаа прашувано за цена на царски во ремедика пред 4 месеци 115.000ден царски рез + 3000 испитувања за бебе (ортопедски прегледи,скрининг за слух)
Лани 95000 царски (плус испитувања за бебето и тоа што маж ми беше со нас и плус уште една вечер што останавме). Сега колку што знам 115000 е царскиот, ќе видам за брзо
Ќе видиш за брзо дека пак ќе се пораѓаш или? Тогаш година дена имаш поминато од царскиот или грешка сум?
Браво,со лесно. Јас немам прашано доктор вака кога за второ после царски,даки имаш некои потешкотии,болки или сосема нормална бременост. ?
Немав никакви посебни компликации во бременоста поврзани со претходниот царски. Сега ми е важно породувањето и постпородолно како ќе поминам. Ќе ви пишам обавезно
јас па со вториов царски полесно поминав. Со првиот имав болки рана не осеќав ама матката внатре.... Изгор болка сега немам болки освен давете конци кои ме затегаат повремено
65 ден ми е мене а знае некогаш некоја капка да имам кафеаво или црвено не декој ден по некој ден и така на бришење исто ... чудно ми е
1 месец крварев, после имав само кафеав исцедок па нешто како бело прање. Бев на гинеколог немаше ништо (се сомневав не дај Боже заборавиле нешто) чисто беше на ехо и ми кажа од прилика за 10тина дена би требало да престане и да си добијам менструација. Така и бидна и од тогаш си добивам нормално секој месец
Месец дена додека скроз не престане и тоа кафеавкото. А добив одма брзо, вториот месец, не ме поштеди ич
Девојки, како ја чувствувате раната? 9ти ден денеска од царскиот, немам болки освен затегање на конците, ама околу раната не го чувствувам местото.. како намб ми е на допир.. А да, и од лепенките на газата што ми стоеја на стомак, уште ми лепи не можам да ги исчистам убаво, некоја идеја како да ги исчистам лепливите остатоци од околу раната?