Ќе ти биде околу раната намб со месеци, можеби и години. Јас еве година и 7 месеци после царскиот, уште немам осет на десната страна над раната. Сосема нормално. И тоа исто како оток што е над неа, како подуено, останува долго време, јас уште имам малку. За лепакот, пробај со медицински алкохол на стапче за уши или памук да поминеш, би требало брзо да се исчисти.
Леле, ова ни на крај памет немаше да ми падне. Значи тоа е тоа, да си знам. Фала Секси, многу работи ми разјаснуваш периодов.
и мене ме затегаа конците и ми правеа болка. Кога бев да ги извадам докторот ме премачка со јод и тогаш го осетив местото како да ми е здрвено. А тоа остатоците од лепенката со хидрохен можеш да ги отстраниш.
Јас над раната имам цела лентичка од стомакот каде што не осеќам ништо. Царскиот ми беше пред 4.5 години. Така да многу е нормално.
Женички што се породивте со царски колку време крваревте? Читав некаде до 40 тиот ден дури имаше што крвареле. Јас само 15 дена. Денеска ништо. Ќе почекам да видам деновиве. Со првото така,2 недели крварев една недела не после уште 7 дена пак. На контрола матичниот ми рече дека после 3 недели 4тата веќе бил циклусот.
Околу 2 месеци. Ама крварев па неколку дена ништо, па пак... и мене ми викаа дека е циклус (не гиниколог, рандом луѓе) ама не беше.
од што сум слушала до годината некои не добивале. Е сега некој вика демек додека доиш нема да ти дојде циклусот. Што знам не е нешто многу логички тоа.
Недела крварев, уште недела жолтеникаво...на 40 дена ми дојде и редовно ми иде од тогаш. Нема врска доењето и периодот.
Доењето (заради пролактинот) може да влијае на циклусот и да се одложи овулацијата а со тоа и целиот циклус, но не е правило. Кај некои жени влијае, кај некои не. Индивидуално е. И не е додека доиш. Јас доев 29 месеци а добив после 9.5 месеци од породување. Нормално било и за време на доење и покрај тоа што веќе имаш добиено да ти касни или да имаш некој одреден дисбаланс. Еве Дани добила после 40 дена. Сѐ е нормално и очекувано, ама ништо не треба да се сфати како правило. Особено не се ослонувајте на недобивањето заради доење како успешен метод за контрацепција! Затоа што не е!
Лепакот се чисти со медицински бензин, го има во аптека. Со него ептен лесно се чисти и не треба многу трљање. Се става на памукче за отстранување на шминка и се брише.
После колку дена станавте ? Мене ме кренаа на трети ден навечер- дали пошто фати викенд па немаше кој....или таков е протоколот не дознав. Како е најправилно?
Се породив во 14.30 а следното утро накај 5 сабајле ме станаа да се измијам и да се раздвижам.. и после тоа ми извадија катетер за да морам да станувам почесто.
Чисто информативно ако имате искуство или инфо дали постои шанса жената да роди 3 пати и сите да бидат царски? Или претпоставувам се зависи од состојбата на жената,меѓутоа ако се сите 3 бремености нормални претпоставувам дека може, а ме интересира дали би можело да е така и со патолошки случаеви..
Eve me i mene so carski rez pred tri godini rodiv kjerkicka i eve ranata uste ja custvuvam kako zdrvena da e.. Razmisluvam za vtoro dete baramm razmisluvanje od poiskusnute dali i vtoriot porajgaj ke bide carski ?!
Мила отиди на државно и ќе имаш природен пороѓај со сите салтанати.Извини на искреноста и лошиот збор.